Прва работилница за родители од проектот „Крени глас против врсничко насилство“

Свои искуства ќе споделат и членови на стручните служби од основните училишта во Општина Центар.

Во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ денеска ќе се одржи прва работилница за родители против врсничко насилство, организирана во рамки на кампањата „Крени глас“ на компанијата „Макпетрол“.

Свои искуства ќе споделат и членови на стручните служби од основните училишта во Општина Центар.

-Родителите ќе можат подетално да се запознаат со проблемот со булингот и да дознаат како е најдобро да се справат доколку се соочат со ваква ситуација. Вакви работилници „Макпетрол“ ќе организира во сите општини што се приклучија на „Крени глас против врсничко насилство“. Овие едукативни средби ќе ги предводи популарниот актер Сашко Коцев, а за стручниот аспект ќе биде задолжен психологот Деспина Стојановска, која изминатава година на оваа тема работеше со учениците низ цела Македонија, соопшти организаторот.

Ученици во повеќе од 150 училишта изминатава година ги посетиле работилниците овозможени од „Макпетрол“. Како што наведуваат од компанијата, според неофицијалните проценки помеѓу 35 000 и 45 000 деца учествувале во овие едукативни средби. На кампањата се приклучиле 26 општини кои дале поддршка за вредностите и промените што компанијата се обидува да ги поттикне во нашето општество.

-Уште самиот почеток, вебсајтот kreniglas.mk е централен елемент на кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“. Платформата изобилува со информации коишто пренесуваат најразлични знаења за булингот. Тие можат да придонесат во изнаоѓањето пристапи и решенија на проблемот со врсничкото насилство од кое најмногу се засегнати децата, а во целиот процес особено важна улога играат и родителите и наставниците. Секој што се соочил со овој проблем на оваа интернет- страница може анонимно да ја сподели личната приказна, додека преку интерактивен квиз можат да откријат какви познавања имаат на темата, наведува „Макпетрол“.

Убиен шефот на вооруженото крило на Хамас – бригадите Ал Касам, Саит Аталах

Во северен Либан е убиен Саид Аталах, шеф на вооруженото крило на Хамас - бригадите Ал Касам, јавија денеска британските медиуми, цитирајќи локален медиум поврзан со ова палестинско движење.

Медиумите блиски до Хамас денеска објавија дека Аталах бил убиен, заедно со тројца членови на семејството, во израелски напад врз палестински бегалски камп во северниот либански град Триполи.

Израел се уште не ја коментираше оваа вест.

За Аталах нема многу информации, но западните агенции сметаат дека тој е водач на бригадите Ал Касам.

Кон средината на јули Израел го елиминира Мохамед Деиф, долгогодишниот лидер и еден од основачите на оние бригади кои го предводеа нападот врз Израел на 7 октомври. Деиф беше убиен еден ден откако политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханија беше елиминиран во Техеран./МИА

„Гответе со Дракче“ - Ракчиња во сос

Во петок (04.10.2024) во емисијата гостин ни беше Александар Дадар

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче смрзнати ракчиња

1 главица кромид

1 главица лук

1 пиперка

100 гр. фета сирење

100 гр. индиски ореви

1 мала павлака

1 интегрален леб

1 лимон

малку масло

зачини по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут

Либанското милитантно движење Хезболах утринава соопшти дека продолжуваат борбите против израелските сили на границата, а сведоци од Бејрут јавуваат дека во либанскиот главен град повторно се слушаат експлозии.

Британските медиуми го цитираат милитантното движење кое утринава објави дека ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј и дека во тек се жестоки борби.

Сведоци од либанската престолнина изјавија дека рано утринава се слушнале силни експлозии во јужните предградија.

Израел претходно издаде три предупредувања до жителите веднаш да ги напуштат тие делови на Бејрут./МИА

притисни ентер