Протести ширум светот против Амазон

Амазон, корпорација на Џеф Безос со седиште во Сиетл, беше критикувана од активисти за климата за, како што тврдат, прекумерната потрошувачка што и штети на животната средина.

Климатските активисти и синдикатите на „Црн петок" протестираа низ Европа и светот пред магацините на Амазон, компанија во сопственост на еден од најбогатите луѓе во светот, која честопати е критикувана за непочитување на работнички права и недоволно платените даноци.

Амазон, корпорација на Џеф Безос со седиште во Сиетл, беше критикувана од активисти за климата за, како што тврдат, прекумерната потрошувачка што и штети на животната средина.

Синдикатите, пак, ја обвинуваат компанијата, која се фокусира на е-трговија, за прениски плати, ужасни работни услови и задушување на работничките здруженија.

Амазон е вториот на голем работодавач во САД по Волмарт, со 1,3 милиони работници на кои Безос им се заблагодари во јули по неговото вселенско патување „бидејќи тие платија за сето тоа". Американската корпорација беше критикувана и од американскиот претседател Џо Бајден претходно оваа година, велејќи дека користела „различни дупки во законот за да избегне плаќање ниту цент за федерален данок на доход", за разлика од средната класа, која плаќа 20 проценти.

– Црниот петок е олицетворение на опсесијата за прекумерна потрошувачка што не е во согласност со зачувувањето на планетата погодна за живот. Амазон и слични компании ја искористија нашата желба за удобност и ја поттикнаа дивата птрошувачка на сметка на природниот свет, соопшти активистичката група Бунт против изумирање (Extinction Rebellion) откако го блокираа пристапот до 13 магацини на Амазон во Велика Британија.

Групата блокираше магацини и во Германија и во Холандија.

Групата тврди дека Амазон испушта повеќе стакленички гасови од држави со средна големина. Сепак, сопственикот Безос зборуваше на климатската конференција КОП26 во Глазгов, наведувајќи дека неговото патување во Вселената го променило неговиот поглед на светот. Безос вети две милијарди долари за зачувување на природата.

Синдикатите во најголемите европски економии ги повикаа работниците во магацините и возачите да штрајкуваат поради неправедно ниските плати во Амазон.

Во Германија, најголемиот пазар на корпорацијата по САД, синдикатот Верди објави дека 2.500 работници на Амазон стапиле во штрајк во Рајнберг, Кобленц и Грабен.

ЦГТ, еден од најголемите француски синдикати, исто така ги повика работниците на Амазон на штрајк, а тие се одржуваат во Италија, Индија, Камбоџа, САД и Турција.

Коалицијата Направете Амазон да плати (Make Amazon Pay), која ги обединува синдикатите во САД, Европа и Азија, нагласи дека бара „Амазон да ги плаќа своите работници праведно и да го почитува нивното право да се приклучуваат на синдикатите, да плаќаат фер износ на даноци и да се посвети на еколошката одржливост".

Македонскиот атлетичар Вандевски собори државен рекорд од 1975

Македонскиот атлетичар Леонид Вандевски го собори националниот рекорд во дисциплината 2.000 метри стиплчес на меѓународен митинг кој изминатиот викенд се одржа во германскиот град Пилхаузен.

Вандевски заврши осмопласиран, истрчувајќи ја патеката со време од 6:00.49 со што го собори претходниот рекорд на Нехат Алуи (6:16.4) од далечната 1975 година.

Нов македонски рекорд изминатиот викенд постигна и Јован Стојоски во дисциплината 400 метри со пречки.

Стојоски на меѓународниот митинг во словенечки Марибор, Словенија ја истрча делницата со време од 53.65. Претходниот рекорд (55.11) датираше од 1980 година и беше во сопственост на Бранко Илиевски. /MИА

Обид за кражба во простории на објект на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал.

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото.

Како што информираат денеска од МВР, не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОЈО: Жител на Мелница имал три полуавтоматски пиштоли без дозвола

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар.

За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор.

ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, соопштуваат од Обвинителството.

притисни ентер