Промовирано здружението на Македонците во Чешка „Везилка"

Во Амбасадата на Македонија во Прага вечерва се одржа промоција на здружението на Македонците во Чешка „Везилка".

На свеченоста присуствуваа голем број Македонци кои живеат и работат во Чешката Република, а свое обраќање имаа министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми и министерот-советник, вршител на работите во Амбасадата во Прага, Орце Џалески.

Основач на здружението „Везилка" е Слободанка Сандева која над 20 години живее и работи во Чешка. Таа во изминатиот период во Прага има одржано голем број детски работилници за здрав начин на исхрана, повеќе манифестации за здрава храна, од кои една и во Скопје, а неодамна дошла на идеја и да им овозможи на Македонците во Чешка повеќе културни и едукативни програми, кои ќе придонесат за почесто и поголемо дружење меѓу нив.

Министерот Адеми изјави дека ова е прво здружение по подолго време кое се формира во Чешка и во себе го носи сето она што значи македонска култура, македонски јазик и традиција. Тој изрази задоволство поради името на здружението „Везилка", кое го носи според насловот на една од најпознатите песни на македонскиот поет и академик Блаже Конески.

Тој истакна дека во март оваа година Владата ја усвои првата државна национална стратегија за соработка со дијаспората, што е прв таков документ од независноста до денес.

– Во самата стратегија се вклучени огромен број институции, меѓу кои и Министерството за култура и Министерството за образование, кои придонесоа за подготовка на тој документ, експерти од странство и од Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Република Северна Македонија, во споредба со бројот на населението кое живее во неа, се смета за една од земјите со голема дијаспора. Оваа година се поддржани 74 проекти низ цел свет во вредност од 100.000 евра на здруженија и асоцијации кои промовираат македонска култура и јазик, различни активности и се надевам дека на следниот конкурс ќе ја видам „Везилка" со проект, нагласи Адеми.

Министерот-советник, вршител на работите во Амбасадата во Прага, Орце Џалески, кој е на оваа функција е од 1 мај 2018 година, на прашањето дали дипломатското претставништво се соочува со некакви проблеми кои ги мачат Македонците во Чешка, изјави за МИА дека дел од работењето на секоја амбасада вклучува и заштита на правата и интересите на граѓаните од државата која ја претставуваме доколку имаат некакви проблеми во земјата каде што се доселиле.

– Обично тоа го работи конзуларна служба. Нормално е дека сме имале жалби и барања, но ние сме тука да ги решаваме. За среќа немало некои премногу комплицирани проблеми и досега сме успевале во најголем дел да им излеземе в пресрет и да им помогнеме на нашите државјани кои живеат во Чешка, истакна Џалески.

Тој искрено се надева дека Амбасадата ќе воспостави добра комуникација со здружението Везилка, отворени се за соработка и подготвени да ги слушнат нивните идеи и планови, со цел да се овозможи проектите да се реализираат.

– Ќе понудиме дури и конкретна помош, не само просторна, туку и финансиска во рамки на нашите можности. Ние како Амбасада остануваме отворени за сите проекти кои опфаќаат негување и зачувување на македонскиот јазик, традиција, со еден збор да се јакнат врските меѓу дијаспората и матичната земја, додаде Џалески за МИА.

Меѓу присутните беше и Христина Ѓоргиевска, која речиси 23 години живее и работи во Прага како мејк ап стилист и е почитувана и афирмирана во својата професија. Таа истакна дека во Чешка е прифатена одлично и тука се чувствува буквално како дома. Ѓоргиевска, која веќе има двојно државјанство, нагласи дека досега ниту побарала, ниту имала потреба од каква била помош од матичната земја, бидејќи како што вели „нејзиниот живот се одвива исклучително од сопствениот труд". /MИА

Исповед на една девојка која проживувала драма - Реакцијата на училиштето е ужасна

„Злоставувањето на училиште ме уништи, сите го игнорираа проблемот“.

Една популарна австралиска инфлуенсерка споделила свое лично искуство од злоставување на училиште откако дознала дека во нејзиното средно училиште повторно кружи морничав список, сличен на оној што нејзе ѝ го претворил животот во кошмар. Февеја, која денес има 20 години, решила да проговори за своето искуство откако слушнала за списокот направен од момчиња од едно приватно училиште во Мелбурн. На овој список биле оценките на нивните соученички, а бил објавен на платформата „Discord“ и откриен од страна на училиштето. Списокот, исто така, содржел фотографии од ученички, а девојките биле рангирани од најдобри до најлоши, како „сопруги“, „слатки“, „просечни“, „такви со кои би имале односи“.

Февеја не била изненадена од овој случај, бидејќи и самата поминала низ слично искуство пред четири години. Кога група момчиња ја рангирале без нејзина согласност, таа била во единаесетто одделение и тоа искуство ја „понижило“. „Ме ставија на слична листа која беше објавена на вести. Бев ставена во категоријата „ку*ви“ – вели Фавеја.

Иако тогаш била дете и како што открива, била девица, но штетата веќе била направена.

-Три години бев малтретирана, понижувана, вознемирувана и емоционално злоставувана од група момчиња. Моето училиште цело време знаеше за тоа, но не презеде ништо - изјавила таа.

Игнорирање на проблемот од страна на училиштето

Февеја открива дека ваквото искуство ѝ го променило карактерот.

- Се чувствував скршено, се чувствував обезвреднето како жена. Постојаното малтретирање што го доживеав од овие момчиња целосно ми го промени карактерот. Од весела, жива, гласна ученичка, станав плачлива, тивка несреќна. Се чувствував поразено, се чувствував внатрешно повредена – изјавила таа за news.com.au.

Злоставувањето било толку лошо што почнала да губи свест од силниот стрес, анксиозност и депресија. Таа тврди дека неколку пати морале да ја однесат во амбулантата за итни интервенции бидејќи ја нашле онесвестена во тоалетот.

Оваа девојка побарала советување од училиштето, но како што вели, честопати од таму велеле дека „момчињата ќе бидат момчиња“ и дека мора да се справи со тоа. Иако биле преземени некои чекори за да ѝ се олесни животот, таа наишла на отпор. Ѝ било дозволено да го напушти часот и да оди во канцеларијата на советникот секогаш кога ѝ било потребно, но тврди дека наставниците понекогаш ја одбивале и ѝ велеле дека сè е во ред. Причината поради која често сакала да побегне од училницата била тоа што секогаш била мета на момчињата кои го направиле списокот.

– Ме малтретираа, ме навредуваа, ме фотографираа, снимаа, правела лажни профили на мое име, ме демнеа, јавно ме понижуваа, ме нарекуваа со погрдни имиња, го срамотеа моето тело – изјавила таа.

Како Февеја го надминала проблемот

На крајот од средното училиште, нејзиното семејство било повикано на состанок со училиштето. Тие сметале дека конечно ќе направат нешто во врска со хроничното малтретирање, но наместо тоа им било кажано дека ако Фавеја пропушти уште еден час, нема да дипломира.

- Ми рекоа дека не ќе можам да дипломирам поради изостаноците, иако знаеја зошто не присуствувам на наставата – изјавила оваа девојка.

Како одговор, Февеја се изборила така што смогнала сили да присуствувала на секој час до дипломирањето и била рангирана како „многу добра“. Ова искуство оставило белег на неа и сега списокот направен од приватно училиште во Мелбурн ѝ ги вратило спомените и чувствата.

- Се чувствувам згрозено. Знам колку често се случува ова. Не сум изненадена. Мислам дека треба да има построги казни за училишните насилници – рекла таа во својата исповед.

Февеја верува дека, како општество, премногу се грижиме за тоа што врз жените постојано се врши насилство, но според неа, одговорот за тоа почнува уште на училиште.

- Казните за мизогино однесување на училиште не се доволно строги. Тоа се „турка под тепих“, под изговорот „момчињата ќе бидат момчиња“, во смисла, незрели момчиња – вели оваа девојка во својата исповед.

Најсмешен крадец во обид: Панталоните ѝ останаа на оградата, се покри со дуксер (ВИДЕО)

Следната приказна доаѓа од чилеанската општина Маипу, каде надзорните камери снимија бизарна сцена.

Во преден план гледаме жена која се обидува да прескокне метална ограда и да влезе во луксузен станбен комплекс. Сепак, работите брзо тргнаа наопаку.

Таа не очекуваше дека панталоните ќе ѝ се зафатат на металните шилци, па следеше „мачна борба на обидот за кражба“, пишува Прото тема.

По две минути останала без делови од облеката и обувките, а интимните делови морала да ги крие со дуксерот.

Локалните медиуми јавуваат дека таа го пребарала дворот и по извесно време заминала.

Останува нејасно што се обидувала да направи, а некои извори наведуваат дека „имала соучесник“.

Прв пат отишла кај момчето на гости, па направила хаос- го парчосала тоалетот (ВИДЕО)

На мрежите повторно се ажурираше приказната за Кенеди Калвел од Ванкувер, а во неа се опишува нејзиното „фијаско“ по првата посета на нејзиното момче.

Девојката објави неколку видеа на TikTok кои „собраа“ милиони прегледи и станаа вирални, пишува New York Post.

@kennedyallegedly Great first impression #boyfriend #poopoo #fml

Кенеди дошла во куќата на своето момче Ник во Торонто за заедно да ги поминат празниците, а недолго потоа побарала да оди во тоалет.

Проблемот настанал кога таа не можела да пушти вода во тоалетот.

„Го отворив резервоарот и ја повлеков рачката. Сепак, ништо не се случи. Кога сфатив дека не можам да го решам проблемот, почна да ме фаќа паника“, рекла таа.

Додека се вртела околу бањата, обидувајќи се да се извлече од непријатната ситуација - и паднал керамичкиот капак! Се разбира, се скрши, а парчиња летаа на сите страни.

„Во шок стоев сред бањата. Се најдов во непријатна, глупава ситуација. Што би можела да направам освен да направам видео на TikTok“, објасни таа.

@kennedyallegedly But seriously what do I do #embarrassing #plumber #awkward #helpme ♬ Monsters, Inc - Gustav Lundgren & Unit

Родителите на нејзиното момче не биле дома, но Кенеди го почувствува притисокот без оглед на тоа.

„Сфатив дека морам да го известам Ник за сѐ што се случи. Не можев да избегам низ прозорецот, ниту да го обвинам миленичето“.

Кога му кажала на момчето што се случило, тој почнал да се смее. Веднаш им се јавил на родителите и рекол дека „случајно го скршил капакот на казанчето“.

Таткото и мајката не се налутиле, а ситуацијата ја дочекаа со насмевка.

„И тие се смееја. Имаат четири сина и се навикнати на дефекти во куќата. Сепак, рекоа дека Ник морал да купи нов капак со свои пари“, изјавила девојката и додала дека се понудила да ја плати штетата.

притисни ентер