Премиер лигата од следната сезона го укинува ВАР, наскоро ќе гласаат клубовите

Претставници на клубовите од англиската Премиер лига следниот месец ќе гласаат за укинување на ВАР, пишува The Athletic.

За да се укине ВАР потребно е најмалку две третини од клубовите да гласаат за таа опција. Во случајот со Премиер лигата, тоа значи 14 од 20 клубови.

ВАР (Видео помошник судија) беше воведен во Премиер лигата во 2019 година, но беше предмет на бројни контроверзии. Во кои случаи може да се вклучи и какви одлуки се носат со негово користење се постојани прашања во англискиот фудбал. Предлогот е направен на иницијатива на Вулверхемптон. Има многу аргументи, а еден од нив е дека ВАР го промени односот на навивачите кон фудбалот поради задоцнетите прослави на голови.

Дополнително, видео проверките ја успорија играта, па често се трошеше многу време за проверка и цртање линии. Сето тоа предизвикува фрустрации кај навивачите и затоа се предлага да се укине ВАР. Исто така, ВАР не ги елиминира судиските грешки бидејќи лошите одлуки се носат и по прегледување на видеата.

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, доцна синоќа поднесе оставка од функцијата.

Таа самата ја соопшти веста додека зборуваше во Собранието, откривајќи дека причината за оваа оставка е поврзана со нејзината здравствена состојба.

- Почитувани колеги од парламентарното мнозинство и почитувани колеги од парламентарната опозиција. Овде денеска завршува мојот 3-годишен ангажман на чело на Собранието. Поради мојата здравствена состојба, не можам да ја извршувам високата должност на вториот државен функционер на државата, со потребната посветеност што ја повлекува оваа должност, рече Никола од собраниската говорница.

Секојдневно, додаде, се трудев да дадам се од себе за да се обезбеди непречено одвивање на работата во оваа сала.

- Ако некому сум оставила поинаков впечаток, го уверувам дека тоа не ми била намерата. Ако сум згрешила, не сакајќи, се извинувам. Кон сите го имам убавото чувство на почит што сите ми ја упатувате. Ви благодарам на сите, посочи таа.

Линдита Никола(59) е позната универзитетска професорка. Пред да биде избрана за парламентарец таа беше министерка за образование.

Олимпиското знаме закачено наопаку на јарболот на свеченото отворање на Игрите во Париз

Олимпиското знаме беше обесено наопаку за време на отворањето на Игрите во 2024 година во Париз.

Знамето беше неправилно фиксирано на јарболот, поради што се издигаше со два прстени нагоре, а не со три, како во класичната верзија.

Покрај овој гаф, на отворањето на Олимпијадата, организаторот спортистите од Јужна Кореја по грешка ги претстави како натпреварувачи од Северна Кореја.

Јелен: Г-7 до октомври треба да договори 50 милијарди долари за Украина

 Министерката за финансии на САД, Џенет Јелен синоќа изјави дека „сѐ оди добро“ земјите од Г-7, групата на најразвиени демократии, да се договорат до октомври за условите за обезбедување 50 милијарди долари за Украина.

Средствата ќе бидат дадени како кредит од залогот на средствата на Русија замрзнати во меѓународните банки и финансиски институции.

Во изјава дадена на маргините на состанокот на министрите за финансии на Г-20 во Рио де Жанеиро, Бразил, Јелен рече дека „преговорите за кредитот биле конструктивни“, вклучувајќи ги и „барањата на САД да обезбедат гаранции дека средствата ќе останат замрзнати подолго време“.

- Имавме конструктивен разговор. Работиме заедно за да напредуваме по ова прашање. Мислам дека сѐ оди добро и дека ќе можеме да ја завршиме оваа работа, најверојатно до октомври, рече Јелен.

Кредитот од 50 милијарди долари, принципиелно договорен од лидерите на Г-7 во јуни, ќе биде обезбеден и ќе се враќа од приходите што доаѓаат од вложувањето на средствата на Централната банка на Русија во износ од околу 300 милијарди долари, замрзнати од Западот по инвазијата на Москва на Украина на почетокот на 2022 година.

притисни ентер