Една популарна австралиска инфлуенсерка споделила свое лично искуство од злоставување на училиште откако дознала дека во нејзиното средно училиште повторно кружи морничав список, сличен на оној што нејзе ѝ го претворил животот во кошмар. Февеја, која денес има 20 години, решила да проговори за своето искуство откако слушнала за списокот направен од момчиња од едно приватно училиште во Мелбурн. На овој список биле оценките на нивните соученички, а бил објавен на платформата „Discord“ и откриен од страна на училиштето. Списокот, исто така, содржел фотографии од ученички, а девојките биле рангирани од најдобри до најлоши, како „сопруги“, „слатки“, „просечни“, „такви со кои би имале односи“.
Февеја не била изненадена од овој случај, бидејќи и самата поминала низ слично искуство пред четири години. Кога група момчиња ја рангирале без нејзина согласност, таа била во единаесетто одделение и тоа искуство ја „понижило“. „Ме ставија на слична листа која беше објавена на вести. Бев ставена во категоријата „ку*ви“ – вели Фавеја.
Иако тогаш била дете и како што открива, била девица, но штетата веќе била направена.
-Три години бев малтретирана, понижувана, вознемирувана и емоционално злоставувана од група момчиња. Моето училиште цело време знаеше за тоа, но не презеде ништо - изјавила таа.
Игнорирање на проблемот од страна на училиштето
Февеја открива дека ваквото искуство ѝ го променило карактерот.
- Се чувствував скршено, се чувствував обезвреднето како жена. Постојаното малтретирање што го доживеав од овие момчиња целосно ми го промени карактерот. Од весела, жива, гласна ученичка, станав плачлива, тивка несреќна. Се чувствував поразено, се чувствував внатрешно повредена – изјавила таа за news.com.au.
Злоставувањето било толку лошо што почнала да губи свест од силниот стрес, анксиозност и депресија. Таа тврди дека неколку пати морале да ја однесат во амбулантата за итни интервенции бидејќи ја нашле онесвестена во тоалетот.
Оваа девојка побарала советување од училиштето, но како што вели, честопати од таму велеле дека „момчињата ќе бидат момчиња“ и дека мора да се справи со тоа. Иако биле преземени некои чекори за да ѝ се олесни животот, таа наишла на отпор. Ѝ било дозволено да го напушти часот и да оди во канцеларијата на советникот секогаш кога ѝ било потребно, но тврди дека наставниците понекогаш ја одбивале и ѝ велеле дека сè е во ред. Причината поради која често сакала да побегне од училницата била тоа што секогаш била мета на момчињата кои го направиле списокот.
– Ме малтретираа, ме навредуваа, ме фотографираа, снимаа, правела лажни профили на мое име, ме демнеа, јавно ме понижуваа, ме нарекуваа со погрдни имиња, го срамотеа моето тело – изјавила таа.
Како Февеја го надминала проблемот
На крајот од средното училиште, нејзиното семејство било повикано на состанок со училиштето. Тие сметале дека конечно ќе направат нешто во врска со хроничното малтретирање, но наместо тоа им било кажано дека ако Фавеја пропушти уште еден час, нема да дипломира.
- Ми рекоа дека не ќе можам да дипломирам поради изостаноците, иако знаеја зошто не присуствувам на наставата – изјавила оваа девојка.
Како одговор, Февеја се изборила така што смогнала сили да присуствувала на секој час до дипломирањето и била рангирана како „многу добра“. Ова искуство оставило белег на неа и сега списокот направен од приватно училиште во Мелбурн ѝ ги вратило спомените и чувствата.
- Се чувствувам згрозено. Знам колку често се случува ова. Не сум изненадена. Мислам дека треба да има построги казни за училишните насилници – рекла таа во својата исповед.
Февеја верува дека, како општество, премногу се грижиме за тоа што врз жените постојано се врши насилство, но според неа, одговорот за тоа почнува уште на училиште.
- Казните за мизогино однесување на училиште не се доволно строги. Тоа се „турка под тепих“, под изговорот „момчињата ќе бидат момчиња“, во смисла, незрели момчиња – вели оваа девојка во својата исповед.