Промена на пропозициите за замена на играчи на Евро 2014 во Данска

Европската ракометна федерација (ЕХФ), ги измени пропозициите со кои им се давеше можност на репрезентациите учеснички на Европското првнатово во Данска, да прават измени на играчи.

Непосредно пред стартот на првенството ЕХФ реши да ги направи овие измени. Така наместо претходните пропозиции во кој репрезентациите во групната фаза играа со пријавените 16 ракометари, а право на две измени во составот можеа направат пред почетокот на втората фаза, како и една пред полуфиналните борби, сега е дозволено три измени.

Трите измени репрезентациите можат да ги натправат во текот на во било која фаза од шампионатот, а максималниот број на дозволени измени останува ист (три).

Тоа може да бидат само ракометари кои беа пријавени на поширокиот список речиси еден месец пред почетокот на првенството.

Прв, кој ги искористи новите пропозиции е исландскиот селектор Арон Кристјансон, кој за средбата против Унгарија на местото на Стефан Сигурмансон го стави Олафур Гудмундсон.

Во поплавите и лизгањето на земјиштето во Индонезија животот го загубија 62 лица

Бројот на луѓе кои го загубија животот во поплавите и свлечиштата во индонезиската провинција Западна Суматра денеска се зголеми на 62, соопштија официјални претставници.

Спасувачките тимови ги пребаруваат областите во близина на реките во потрага по 25 лица кои се уште се водат како исчезнати.

„Дождовите почнаа во саботата, создавајќи порои, лизгање на земјиштето и текови на студена лава, која е мешавина од вулканска пепел, камења и течна кал“, изјави шефот на спасувачкиот тим во Западна Суматра, Абдул Малик.

„Обилните дождови ги однесоа материјалите како пепел и големи камења од вулканот Марапи. Текот на студена лава и порои ни се закана во последно време. Но, проблемот е што тоа секогаш се случува доцна навечер, пред зори“, рекол Малик.

Тој посочи дека на терен се околу 400 спасувачи, полицајци и војници кои со помош на неколку багери и беспилотни летала трагаат по исчезнати лица, а операцијата за спасување е отежната на оштетените патишта.

Поповиќ: Охридско лето високо котира во Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Високото место во Европската фестивалска асоцијација е доказ за успесите на „Охридско лето“

Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ ги презентираше успесите на фестивалот на Самитот на уметнички фестивали што се одржа изминативе четири дена во Уседом, Германија.

Според директорката Поповиќ Фестивалот „Охридско лето“ е специфичен и посебен, препознатлив и единствен на нашите простори, како еден од најистакнатите културни настани во Европа и светот, фестивал со вековна отвореност кон културите создавајќи духовна интеракција во размената на светските добра.

„Членството во оваа елитна асоцијација е доказ дека фестивалот „Охридско лето“ е на вистинскиот пат во неговата меѓународна афирмација. Високото место кое „Охридско лето“ го зазема меѓу повеќе од 140 фестивали членки на ЕФА ја потврдува неговата посебност и специфичност“, рече Поповиќ.

Поповиќ во говорот истакнала дека „Охридско лето“ секоја година пречекува над 1000 врвни уметници од целиот свет кои се воодушевени од прекрасната организација благодарение на посветеноста и професионализмот на тимот на Фестивалот.

„Долгогодишното опстојување на оваа манифестација упатува на една голема традиција, која извира од градот Охрид, духовната престолнина на државата, и важи за столб на македонската култура и стожер на нашата традиција. Токму ЕФА е местото од каде се промовира врвната уметност, се негува традицијата, се градат мостови помеѓу културите на различните народи и се создава визија за иднината на светската уметничка сцена “, истакна Поповиќ.

ЕФА асоцијацијата вклучува над 140 фестивали од 40 земји. Фестивалот „Охридско лето“ од 1994 година е значаен партнер на асоцијацијата. Годинава на предлог на директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ во оваа елитна асоцијација влегува и Драмски театар Белград од Р.Србија со кој се затвори минатото фестивалско издание на „Охридско лето“ со изведба на претставата „Лагата“ пред преполното гледалиште на Античкиот театар.

Директорката Поповиќ и во наредните четири години со реизбор останува како делегат на ЕФА. Асоцијацијата годинава доби нов Управен одбор.

Видео: Украински беспилотни летала влегле 1000 км во Русија, прекинати летови на два аеродроми

Русија денеска соопшти дека главниот аеродром во близина на градот Казан, на 1.000 километри од Украина, е привремено затворен откако украинско борбено беспилотно летало летало во регионот, јавува агенцијата Франс прес (Франс прес).

Украинските сили ги ескалираа воздушните напади на руските погранични области во последните неколку недели, но успеаја и да нападнат цели длабоко во руската територија. Според АФП, Министерството за одбрана соопшти дека соборило украинско беспилотно летало над централниот регион на Татарстан, но не прецизираше која била целта.

Два аеродроми во регионот, вклучително и главниот центар Казан, беа привремено затворени во исто време, соопшти Росавијација, руската воздухопловна управа. „Со цел да се обезбеди безбедност на цивилните авиони, воведени се привремени ограничувања на работата на два аеродроми во Татарстан - Казан и Нижнекамск“, соопштија државните новински агенции.

Русија претходно соопшти дека во текот на ноќта неутрализирала 17 украински беспилотни летала кои Киев ги користел за напад на складиште за гориво во јужниот град Ростов, каде што се наоѓа воениот штаб на Москва за нејзината операција во Украина.

Два беспилотни летала предизвикаа експлозии во складиште за гориво во Ростов, без да предизвикаат пожар или повредени, изјави локалниот гувернер Василиј Голубев на „Telegram“, пренесува „AFP“.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер