Муцунски на средба со новите членови на експертската комисија за прашањата со Бугарија

Денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија одржав протоколарна средба со новите членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Република Бугарија.

Во своето обраќање истакнав дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети им стои на располагање за одговорно и непречено извршување на нивните активности. Посочив дека одлуките и дискусиите во рамки на комисијата треба да бидат водени врз основа на научни аргументи и со целосно почитување на академската слобода.

Дополнително, ја нагласив и мојата лична заложба за независност во одлучувањето на комисијата, без никакви политички влијанија и притисоци, објави на ФБ министерот Тимчо Муцунски.

Ужас во Чешка: Доктор ја убил колешката со секира, па се обидел да си пресуди

Младата докторка Михаела (29) била убиена со секира во нејзиниот стан во Пилсен, а за нападот е осомничен 40-годишен лекар, шеф на Одделот за интерна медицина на окружната болница.

Претходно, напаѓачот силувал друга жена во Трмошна, ја врзал и се обидел да ја убие откако ја нападнал, но за среќа таа преживеала. Таа веднаш ја алармирала полицијата.

Од Трмошна докторот отишол во Пилсен, каде упаднал во станот на Михаела и брутално ја убил.

Откако ја убил докторката, се обидел да си ги пресече вените, но не успеал.

Она што е неверојатно е што никој не слушнал што се случило во станот и сѐ се случило во мир и тишина.

"Знаевме дека нешто се случува кога нѐ повика полицијата. Ни кажаа дека бараат некого. Немавме поим што се случува. За тоа дознавме од медиумите", велат соседите на Михаела.

"Ужасно е, јас и мојата сопруга сме страшно потресени од тоа иако не ја познававме лично. Знам дека станарите овде често се менуваат. Таа живееше под нас", додале тие.

Според првичните информации, уапсен е 40-годишниот началник на Одделот за интерна медицина на окружната болница.

Како што пишуваат чешките медиуми, првото злосторство се случило во саботата вечерта.

„Човекот е осомничен за особено тешки кривични дела убиство и обид за убиство. Засега нема дополнителни конкретни информации за настаните“, изјави портпаролката на полицијата Павла Бурешова за интернет порталот plzenski.denik.

Кинеските тули за градење база на Месечината се подготвени за тестирање во вселенската станица

Тули направени од имитација на лунарната почва, можен градежен материјал за идна база на Месечината, ќе бидат испратени до кинеската вселенска станица Тиангонг.

Се верува дека првата тула, по тестирањето во орбитата, ќе биде вратена на земјата до крајот на 2025 година, објави Global Times.

Имитационите тули од лунарна почва имаат слична густина на обичните тули, но нивната цврстина е околу три пати поголема од обичните црвени и бетонски тули. Само еден квадратен сантиметар може да издржи повеќе од еден тон тежина, соопшти CCTV.

- Комбинацијата на овие силни тули и техниката на вклопување една со друга ги прави одлични за идната лунарна база - рече Жу Ченг, професор на Националниот технолошки иновативен центар за дигитална конструкција.

Најголемиот предизвик за градење на Месечината е драстичната промена на температурата. Тие достигнуваат 180 степени за време на лунарните денови и паѓаат до минус 190 степени за време на лунарните ноќи, според Global Times.

Покрај тоа, нема атмосферска заштита, па космичкото зрачење и микрометеоритите ја погодуваат површината на земјиниот сателит и тоа може да влијае и на зградите, кои мора да бидат многу посилни и поцврсти.

Овие цигли ќе бидат испратени до станицата Тиангонг или во превод „Небесната палата“ во мисијата Тијанжу-8. Таму ќе се тестира нивната издржливост и цврстина, како и можноста за изолација и заштита од радијација.

- Без разлика дали е материјал за научно истражување или за градба на Месечината, транспортот на материјал од Земјата е непрактичен. Имајќи го предвид сегашниот капацитет, просторот во леталото треба да биде резервиран за персонал, основна опрема и залихи - изјави за Глобал тајмс Ванг Јанан, главен уредник на списанието Aerospace Knowledge.

На Месечината, се разбира, има огромни количини лунарна почва, па идејата е да се направи градежен материјал од неа.

Кина моментално води во вселенската трка кога станува збор за освојување на Месечината. Тие не само што беа првите што слетаа вселенско летало на површината на Месечината во 21 век, туку успеаја да слетаат вселенско летало на таканаречената темна (далечна) страна на Месечината и беа првите во историјата што земаа примероци од таму и ги донесоа на Земјата. Нивниот план е во 2026 година да започнат со подготовки за изградба на Меѓународната станица за истражување на Месечината. Во исто време, САД планира повторно да испрати луѓе на Месечината до крајот на деценијата.

Најмалку петмина загинати во пукотница на фудбалски натпревар во Јамајка

Најмалку пет лица се убиени во престрелка што се случила за време на фудбалски натпревар во Кингстон, главниот град на Јамајка.

Локалните медиуми јавуваат дека до пукањето дошло за време на пријателски натпревар во Плезент Хајтс во источниот дел на Кингстон. Медиумите јавуваат и дека населбата во која се играл натпреварот во минатото имала големи проблеми со групно насилство.

Околностите кои довеле до пукањето остануваат нејасни, но дел од медиумите пишуваат дека жртвите биле на трибините кога вооружените напаѓачи им се приближиле и почнале да пукаат.

@dailymail BREAKING: Five people were killed in a shooting at a home near Seattle and a 15-year-old boy has been taken into custody according to Washington state authorities. Three children and two adults were killed, as well as a girl who lived in the house was also injured. It was not immediately clear if all those involved were members of the same family, and the sheriff's department said it was still working to determine a motive for the violence. The sheriff's department said that deputies responded to multiple calls about gunfire at a home in Fall City, about 10 miles east of Seattle, early on Monday. A neighbor "with some medical training was able to administer first aid before first responders arrived," the department said. The boy taken into custody is expected to make a first court appearance on October 22, the sheriff's department said. #breakingnews #washington #rip #seattle #sheriff #home #family ♬ Dramatic - Big Dreams

Во нападот со огнено оружје наводно биле повредени уште неколку лица. Полицијата не соопштува повеќе детали за инцидентот, а по престрелката е воведен 48-часовен полициски час.

притисни ентер