Приватните автобуси повторно на скопските улици

Приватните автобуси повторно на скопските улици, Владата очекува до следната грејна сезона нови електрични автобуси.

Во јавниот градски превоз од денеска се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет. Во сообраќај, како што најавија во саботата, ќе се вклучат оние превозници кои имаат финансиски можности. Автобусите на ЈСП - Скопје од петокот сообраќаат во редовните термини, но Владата во четвртокот им позајми нафта само за седум дена, за колку што треба да се реализира ургетната набавка преку Бирото за јавни набавки.

Приватните превозници апелираа до градоначалничката на Град Скопје, советниците и Владата на заеднички состанок да најдат заеднички прифатливо решение за нивното барање за зголемување на цената за изминат километар.

- Приватните превозници ќе го дадат својот максимум од понеделник односно ќе се вклучиме во раните утрински часови онолку колку што можеме, не со целиот капацитет со цел за неколку дена да им излеземе во пресрет на граѓаните во градот Скопје. Воедно, ја користиме оваа прилика да се обратиме до сите советници во Градот Скопје - Ве молиме со консензус да изгласате покачување на цената за изминат километар со цел подобрување на состојбата во јавниот градски превоз. Со покачена цена се обврзуваме да го обновиме нашиот возен парк со еколошки климатизирани автобуси, изјави Јовица Зафировски во саботата.

Приватните превозници, според него, имаат 200 автобуси и можат да го покријат недостатокот на автобуси од ЈСП доколку се најде заеднички прифатливо решение со Градот.

Проблемот со јавниот градски превоз кулминираше во четвртокот откако поради недостиг на нафта, поголем дел од автобусите на ЈСП останаа паркирани во нивните бази. Во сообраќај беа пуштени 25 автобуси кои работат на приорден гас и уште неколку кои имаат резерва на нафта.

Вонредна седница одржа Владата на која беше донесена одлука да се интервенира со нафта од државните резерви со што автобусите имаат нафта за седум дена. Вонредна седница истиот ден одржа и Советот на Град Скопје на која беше поздравена одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и воедно, побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот. Премиерот Христијан Мицкоски најави можност за набавка на нови електрична автобуси.

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до следната грејна сезона во земјава да има нови 100 до 120 електрични автобуси кои ќе сообраќаат во јавниот градски превоз во градовите кои имаат организирано таков превоз.

- Во моментов го скенираме пазарот и анализираме за колкав најбрз период можат да дојдат помеѓу 100 и 120 автобуси, но истовремено и начинот на плаќање да биде со одреден грејс период и на неколку полугодишни рати за да не биде товар на ликвидноста на Буџетот. Потоа тоа, би било пренесено до сите општини кои имаат организиран јавен градски превоз заедно со придружната инфраструктура како што се полначите за електрични автобуси за кои пресметавме дека ќе ни бидат потребни околу 50-тина, изјави Мицкоски вчера по пуштањето во употреба на новата спортска сала во ООУ „Наум Охридски“ во скопското село Булачани.

Нагласи дека најголем дел од електричните автобуси би биле наменети за Градот Скопје.

За проблемот со недостигот на нафта поради кој ЈСП Скопје два дена имаше редуциран превоз рече дека Градот Скопје е тој што управува со Јавното сообраќајно претпријатие и додаде дека како Влада тоа што требало веќе го направиле.

- На ЈСП Скопје му дадовме 250 тони нафта на заем. Преку Бирото за јавни набавки е договорено да се проследи барањето на Град Скопје за итна набавка на нафта по пат на преговарање. Сега очекувам да се консолидираат. За се останато доколку ценат дека треба советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи, очекувам да бидат повикани и да бидат објаснети политиките на Градот Скопје, рече Мицкоски.

Бакингемската палата ќе се реновира

 Бакингемската палата во Лондон се затвора и нема да прими државни посети следниве три години, поради реновирање и обемни работи коишто ќе чинат 369 милиони фунти, т.е. повеќе од 444 милиони евра.

Реновирањето на британската кралска Бакингемска палата почна во 2017 година, со цел промена на старите кабли и водоводот, коишто не биле сменети од 1950-тите и може да предизвикаат пожар или поплави. Резиденцијата на монарсите последен во декември ќе ја посети катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани. После тоа, сите државни посети ќе бидат организирани во замокот Виндзор.

Програмата за реновирање на палатата, финансирана со државен грант од даночните обврзници, ќе продолжи до 2027 година.

И кралот Чарлс Трети го преселил својот приватен деловен простор поради работите во палатата. Просторот во северното крило, кој тој претходно го окупираше, го користела покојната кралица Елизабета Втора како нејзин личен стан.

Во јули, посетителите првпат имаа пристап до просториите во источното крило што традиционално се затворени за јавноста, вклучувајќи го и познатиот кралски балкон. Градежните работи налето ќе бидат привремено прекинати за да им се овозможи на туристите да влезат во просториите каде што вообичаено се организираат државни посети на Бакингемската палата во тој дел од годината.

Во кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Денеска продолжува судењето за случајот што  ја вознемири македонската јавност, им се суди на обвинетите за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Рочиштето денеска продолжува со испитување на сведоци од обвинителството, a потоа следуваат материјалните докази.

Судењето го следи Михајло Видимлиски.

Михајло повели со информациите кој сведочеше денеска ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Грузискиот парламент конституиран, опозицијата бојкотира

Грузискиот парламент, избран на крајот од октомври, ја одржа својата конститутивна седница.

Опозицијата ги оспорува резултатите од изборите, тврдејќи дека се фалсификувани, а Уставниот суд сè уште не се изјаснил за валидноста на нивните тврдења.

Седницата започна во 12 часот, а полицијата ги блокираше улиците околу парламентот во Тбилиси.

Претседателката Саломе Зурабишвили, која има ограничени овластувања, ја прогласи седницата за „неуставна“.

Опозициските партии одржуваат протести во Тбилиси, а пред парламентот поставија камп.

На изборите победи проруската партија „Грузиски сон“ со 53,93 отсто од гласовите.

притисни ентер