Пристигнаа 11.520 дози вакцини против ковид-19

Министерството за здравство информира дека се обезбедени нови количини вакцини против ковид-19.

Станува збор за 11.520 дози кои во текот на неделава ќе бидат дистрибуирани до здравствените домови. За таа цел, сите заинтересирани граѓани кои сакаат да примат вакцина против ковид-19, може да се обратат до најблискиот здравствен дом. Во Скопје, вакцинацијата ќе се одвива во поликлиника Бит Пазар.

Инаку, вакцините се наменети за возрасни и адолесценти над 12 години.

Потсетуваме дека вакцинацијата претставува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението од заразни заболувања.

Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата со ковид-19.

Потпишан е најголемиот договор во историјата од 300 милиони евра, Атлетико со зделка на векот

Зделката на векот ја направи фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид, во чие име го потпишаа еден од најголемите договори во историјата на фудбалот, а бројката е астрономска, 300.000.000 евра.

Имено, станува збор за промена на името на стадионот кој во моментов го носи името „Estadio Cívitas Metropolitano“, а во наредниот период треба да го промени името во саудиската авиокомпанија „Riyad Air“.

Така, оваа величествена зграда треба да го носи името „Riyad Air Metropolitano“, а клубот со тоа име би заработувал дури 37.500.000 евра годишно.

Вака успеаја да го надминат рекордот на Баер од Леверкузен, кој има договор со фармацевтската компанија за 29.900.000 евра годишно.

На третото место е Барселона, која има годишен договор со Spotify за дури 20 милиони евра.

Уставниот суд го укина „балансерот“, одлуката нема да важи ретроактивно

Откако времено го замрзна, Уставниот суд денеска со одлука го укина балансерот, но одлуката нема да важи ретроактивно.

Нема да правиме компромиси, наша работа е да го чуваме уставниот поредок, и не се укинуваат ничии права, порача претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски образложувајќи ја одлуката на Судот да ја укине алатката балансер при вработувањата по етнички клуч во јавните институции. ОТСЕГА националната припадност не може да биде критериум за вработување бидејќи го повредува уставно загарантираното право на слободно изразување, туку стручноста и компетентноста и за припадниците на помалите заедници.

Гласањето беше тајно, а за одлуката гласаа мнозинството од уставните судии. Нема да важи ретроактивно, И сите што се вработиле преку оваа алатка остануваат на работа. Според претседателот на Уставен одлуката се темели исклучиво на уставно-правна анализа, а не на политички влијанија. Политичарите не треба да ги етнизираат и политизираат одлуките, апелираше Костадиновски.

„Манипулација е дека судот со своето постапување по ова или кој друг предмет може да ги наруши етничките односи или да биде повод за дестабилизација. Нечуено е тоа да се тврди. Со идигнација ги отфрлам сите обиди за политизација и етнизација на постапувањето на Уставниот суд. Воопшто не ме интересира која е власт, какви најави има таа власт, кој е опозиција и што планира не е тоа моја работа. Иницијативата е поднесена во време на претходна власт и тие во програма го немаа ова.“, изјави Костадиновски.

Костадиновски вели дека укинувањето на спорните законски одредби нема да имааат никави правни последици и правен вакум. Сега на законодавецот му се дадени насоки како ќе го регулира прашањето за правична застапеност. Во меѓувреме сите институции треба да се водат од уставните принципи за стручност и компетентност.

„Не може да настане никаков правен вакум. Темелната вредност постои, таа е во Уставот, не можеме да ја отстраниме. Сега законодавецот има уставно право да најде начин како ќе ја операционализира. Оваа одлука треба да биде поздравена од помалите заедници, а не да треперат дека правата им се злоупотребени. Тие се жртва на злоупотреба на овој механизам. Македонци се запишуваа како Албанци, Турци, Власи за да се вработат,“– изјави претседателот на Уставниот суд.

Предметот во Уставен беше оформен по иницијатива поднесена од стариот состав на Антикорупциската комисија, бидејќи оттаму сметаа дека преку алатката се прават злоупотреби при вработувањата во јавниот сектор.

Од Уставниот суд најавија и дека во декември ќе расправаат и за Законот за употреба на јазиците, за кој иако има веќе реакции во јавноста, Костадиновски е дециден дека нема веќе да се чува во фиока.

Страшна снимка од Мексико: Рибари се соочиле со ураганот „Милтон“, глетката е невидена (ВИДЕО)

Ураганот Милтон, кој достигна петта категорија на јачина, се движи кон областа на Мексиканскиот залив во Флорида, каде што повеќе од милион луѓе се повикани да се евакуираат.

Ураганот веќе зафати делови од Мексико и полека се движи кон Флорида.

Се очекува да ја зафати Флорида во ноќта меѓу среда и четврток по локално време.

Видео кое наводно кружи на социјалните мрежи покажува како екипаж на рибарски брод во близина на Јукатан се бори со дожд, бранови и силни налети на ветер.

Во Флорида, околу еден милион луѓе веќе се при крај со евакуацијата од областите кои се очекува да бидат најтешко погодени, а сообраќајот на автопатот помеѓу Мејкон и државната линија Флорида- Џорџија е зголемен за 280 отсто од просекот.

Да потсетиме дека повеќе од 200 луѓе загинаа во ураганот Хелена во шест американски држави, што го прави посмртоносен од ураганот Катрина, кој уби речиси 1.400 луѓе во 2005 година.

Најсилниот ураган на Атлантскиот океан бил забележан Ален во 1980-тите, кој достигнувал ветрови од 306 километри на час и се движел преку Карибите пред да ги погоди Тексас и Мексико.

притисни ентер