Уставниот суд го укина „балансерот“, одлуката нема да важи ретроактивно

Откако времено го замрзна, Уставниот суд денеска со одлука го укина балансерот, но одлуката нема да важи ретроактивно.

Нема да правиме компромиси, наша работа е да го чуваме уставниот поредок, и не се укинуваат ничии права, порача претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски образложувајќи ја одлуката на Судот да ја укине алатката балансер при вработувањата по етнички клуч во јавните институции. ОТСЕГА националната припадност не може да биде критериум за вработување бидејќи го повредува уставно загарантираното право на слободно изразување, туку стручноста и компетентноста и за припадниците на помалите заедници.

Гласањето беше тајно, а за одлуката гласаа мнозинството од уставните судии. Нема да важи ретроактивно, И сите што се вработиле преку оваа алатка остануваат на работа. Според претседателот на Уставен одлуката се темели исклучиво на уставно-правна анализа, а не на политички влијанија. Политичарите не треба да ги етнизираат и политизираат одлуките, апелираше Костадиновски.

„Манипулација е дека судот со своето постапување по ова или кој друг предмет може да ги наруши етничките односи или да биде повод за дестабилизација. Нечуено е тоа да се тврди. Со идигнација ги отфрлам сите обиди за политизација и етнизација на постапувањето на Уставниот суд. Воопшто не ме интересира која е власт, какви најави има таа власт, кој е опозиција и што планира не е тоа моја работа. Иницијативата е поднесена во време на претходна власт и тие во програма го немаа ова.“, изјави Костадиновски.

Костадиновски вели дека укинувањето на спорните законски одредби нема да имааат никави правни последици и правен вакум. Сега на законодавецот му се дадени насоки како ќе го регулира прашањето за правична застапеност. Во меѓувреме сите институции треба да се водат од уставните принципи за стручност и компетентност.

„Не може да настане никаков правен вакум. Темелната вредност постои, таа е во Уставот, не можеме да ја отстраниме. Сега законодавецот има уставно право да најде начин како ќе ја операционализира. Оваа одлука треба да биде поздравена од помалите заедници, а не да треперат дека правата им се злоупотребени. Тие се жртва на злоупотреба на овој механизам. Македонци се запишуваа како Албанци, Турци, Власи за да се вработат,“– изјави претседателот на Уставниот суд.

Предметот во Уставен беше оформен по иницијатива поднесена од стариот состав на Антикорупциската комисија, бидејќи оттаму сметаа дека преку алатката се прават злоупотреби при вработувањата во јавниот сектор.

Од Уставниот суд најавија и дека во декември ќе расправаат и за Законот за употреба на јазиците, за кој иако има веќе реакции во јавноста, Костадиновски е дециден дека нема веќе да се чува во фиока.

Реал Мадрид останува без тренер, по многу години си заминува Раул

Раул Гонзалес, легендарниот поранешен играч на Реал Мадрид, на крајот од оваа сезона планира да се повлече од функцијата тренер на вториот тим.

Неговото место ќе го заземе поранешниот соиграч Алваро Арбелоа, што ќе означи нова ера во резервниот тим на Кралскиот клуб, кој често се користи за разигрување млади играчи.

По својата играчка кариера, која заврши со преселба во Шалке 04, Раул помина шест години тренер на помладите категории во Мадрид, забележувајќи значаен учинок.

Иако се уште не е официјално потврдено каде Раул ќе ја продолжи тренерската кариера, шпанските медиуми наведуваат дека тој има бројни понуди и дека се очекува неговиот следен чекор.

„Само Интервју“ со Ферид Мухиќ

Дами и господа, утре во Само Интервју ќе гостува Ферид Мухиќ.

Достоинствено решение без диктат или одложување на процесите, стануваме ли земја на чудата, или полека го „вртиме“ кормилото?

Надмудрување или консензус, кој е планот за деблокада на интеграциите?

Има ли Мицкоски стратегија како да го пречесе Гордиевиот јазол за ЕУ, можни ли се новогодишни изненадувања на политичката сцена?

Зошто Тачи му заврте грб на Ахмети?

До кога бадентери и балансери ќе ни го уредуваат општеството, наместо капацитетот на луѓето?

Утре кај Гоце Михајлоски ќе гостува Ферид Мухиќ, по вестите во 18 часот.

Израелскиот министер за одбрана: Кога ќе одовориме на нападот, Иран нема да знае што ги снашло

Израелскиот напад врз Иран ќе биде „смртоносен, прецизен и особено изненадувачки“, рече министерот за одбрана Јоав Галант.

Говорејќи за време на посетата на Разузнавачката единица 9900 на израелските одбранбени сили (ИДФ) - единица која собира разузнавачки информации во воените зони - Галант рече дека Иран „нема да разбере што го погодило или како“.

Нападот на Иран минатата недела, од друга страна, беше „агресивен, но не успеа бидејќи беа неточни“, рече тој.

Галант нагласи дека иранскиот напад не им наштетил на израелските воздухопловни сили (ИАФ), дека сите аеродромски писти се во функција, дека ниту еден авион не е оштетен и дека ниту војници, ниту цивили не се повредени.

Галант додаде дека целиот израелски безбедносен систем, од војниците на теренот до премиерот, е во целосна согласност за прашањето за ударот на Иран: „Целиот синџир на команда е усогласен и фокусиран на ова прашање“, заклучи тој.

притисни ентер