Пристапот до безбеден абортус е здравствено право за секоја жена

Пристапот до безбеден абортус е здравствено право и е од суштинско значење за остварување на репродуктивната слобода, е меѓу клучните пораки упатени по повод Меѓународниот ден за пристап до безбеден и легален абортус .

Пристапот до безбеден абортус е здравствено право и е од суштинско значење за остварување на репродуктивната слобода, е меѓу клучните пораки упатени по повод Меѓународниот ден за пристап до безбеден и легален абортус кој секоја година се одбележува на 28 септември. Иако со Законот за прекинување на бременоста од 2019 година им се овозможува поголема репродуктивна слобода на жените, во земјава нема сѐ уште ниту едно контрацептивно средство на позитивната листа на лекови, додека медикаментозниот абортус е достапен само во Скопје што ги исклучува жените од руралните средини, а лековите кои се користат за истиот сѐ уште не се регистрирани.

На прес конференцијата посветена на Меѓународниот ден за пристап до безбеден и легален абортус, пораки упатија дел од стручните лица во земјава. Директорката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (УГАК) Скопје проф. д-р Ирена Алексиоска-Папестиев истакна дека како промотор на најдобрите и најбезбедните здравствени политики, согласно стандардите на Светската здравствена организација, четврта година по ред Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство успешно го имплементира и спроведува медикаментозниот абортус, како најбезбеден начин за прекин на бременоста. Земајќи го неприкосновеното право на жената на сопствен избор, Клиниката за гинекологија и акушерство, со поддршка на Министерството за здравство и ХЕРА обезбедува квалитетни ресурси и услови, медикаментозниот абортус да биде избор на преку 80 % од пациентките подложени на прекин на бременоста. Таа дополни дека во светот една од најголемите причини за смртност кај мајките во светот се компликациите поврзани со нелегалните интервенции за прекин на бременоста, кои се крајно небезбедни за жената и затоа медикаментозниот абортус треба да биде лесно достапен и изведен согласно најдобрите светски стандарди.

Проф. д-р Глигор Тофоски специјалист гинеколог во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство и претседател на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари (МАГО) истакна дека легалноста на абортусот е еден од најважните параметри, а дека од 2019 Македонија располага со Закон за прекин на бременост кој ги унапредува правата на жените. Од 2020 имаме и Клиничко упатство за прекин на бременоста, подготвено од експерти од областа на гинекологија и акушерство, за тоа како треба методата да се применува. Тој додаде дека безбедноста е другиот аспект – да се знае како да се примени методата, за да се добијат позитивни ефекти, а она што недостига е регистрацијата на лековите за медикаментозен абортус, за комплетирање на напредната правна легислатива на оваа тема.

Ева Спасевска, програмска раководителка на програмата за сексуална и репродуктивна грижа во ХЕРА, истакна дека иако абортусот е легален и достапен во земјава, сепак абортусот по барање на жената поради социјални и економски причини сѐ уште не е покриен со системот на државното здравствено осигурување. Високите трошоци го загрозуваат пристапот до безбеден абортус и токму поради истите, сѐ уште сведочиме на случаи на нелегален абортус. Меѓународните препораки упатуваат и на тоа дека државата треба да обезбеди универзално покривање на сите трошоци поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје и современите методи на контрацепција, што е предвидено со Владината програма 2022-2024 година, но сѐ уште немаме ниту едно контрацептивно средство на товар на Фондот за здравствено осигурување, а земјава има една од најниските стапки на употреба на современа контрацепција во Европа, што изнесува само 14 %. Репродуктивната правда, покрај правото на избор, го вклучува и правото на еднаков пристап до здравствени услуги, информации и поддршка - како и правото секоја жена да може да одлучува за своето тело и да донесе информирана одлука, без страв или дискриминација.

ХЕРА како организација која работи на здравствена едукација, со години работи на подигнување на јавната свест, подобрување на услугите и овозможување на правото на модерна контрацепција на жените во земјава. Во таа насока и денеска по повод Меѓународниот ден за пристап до безбеден и легален абортус, ХЕРА реализира обука за гинеколози од примарната здравствена заштита на тема „Медикаментозен абортус и модерна контрацепција.“

Ова е втора акредитирана обука годинава за гинеколозите од примарната здравствена заштита на тема „Медикаментозен абортус и модерна контрацепција“ во соработка со МАГО, а акредитирана од Лекарската комора, на која гинеколозите имаа можност подетално да се запознаат со правната рамка за медицинскиот абортус во државата, начините на реализација, примери од практичната работа на предавачите и клучните информации за психо-социјалното советување при ваквата процедура.

Анџелина Џоли се откажа од тужбата против Бред Пит, тврдеше дека ги тепал децата во авион

Анџелина Џоли ја заврши својата правна битка против Министерството за правда и ФБИ поради документите поврзани со наводниот авионски инцидент во 2016 година во кој учествуваше нејзиниот тогашен сопруг Бред Пит.

Наведувајќи го алијасот „Џејн До“, Џоли (49) во 2021 година поднесе барање за Законот за слобода на информации (FOIA) за објавување на документите на ФБИ за инцидентот, објави Пипл. Судските документи до кои дојде People укажуваат дека актерката се откажала од случајот во средата, на 25 септември.

Силно преработените документи што ги побарала Џоли, детално ја опишаа наводната кавга во пијана состојба на 14 септември 2016 година, помеѓу Бред Пит (60) и Анџелина, која се случила неколку дена пред Џоли да поднесе барање за развод, со што ја прекинаа врската што започна во 2005 година.

Оттогаш, тие поминаа низ спорна правна битка за финансиите и старателството над нивните деца Медокс, Пак, Захара, Шајло, Вивиен и Нокс.

Нивните деца наводно биле присутни на наводната расправија во приватниот авион што ги натерало Одделот за деца и семејства во Лос Анџелес и ФБИ да го истражат Пит. Извор во тоа време изјавил дека Пит станал „вербално навредлив“ и „физички навредлив“ со едно од нивните деца, што тој го негираше.

Подоцна во 2016 година, ФБИ ја затвори истрагата без обвинение против Пит, а DCFS исто така ја затвори истрагата.

Среде тековната правна битка за нивното француско лозје Шато Миравал и винската компанија, Џоли одговори на тужбата на нејзиниот поранешен во 2022 година, во која се опишани наводниот инцидент, вклучувајќи го и Пит кој „ го задави едното дете и удри друго по лицето“.

Извор близок до Пит изјави за People во тоа време: „Неверојатно е тажно што таа продолжува да повторува, ревидира и одново го замислува својот извештај за настаните што се случиле пред шест години, додавајќи целосно лажни информации“.

Кога случајот беше пријавен во FOIA во 2022 година, адвокатката Аманда Крамер изјави за агенцијата: „Не можам да го коментирам идентитетот на Џејн До, која се обиде да ја зачува приватноста на семејството. Нашиот став е дека жртвите и преживеаните треба да имаат пристап до федералната агенција на евиденција за злосторствата што ги доживеале или пријавиле, како што е вообичаено на државно ниво, за да можат да се залагаат за помош и грижа за траума и правна заштита за своите деца и за себе“.

Крамер, кој ги поднесе документите на 25 септември, тогаш додаде: „Нашиот клиент бара такви записи со години и мораше да прибегне кон правна постапка за да ги добие овие многу потребни записи“.

ДУИ го осудува нападот врз претседателот на ФФМ, Муамет Сејдини

Демократската унија за интеграција ја изразува својата најдлабока осуда и загриженост за физичкиот напад врз претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамет Сејдини.

Демократската унија за интеграција ја изразува својата најдлабока осуда и загриженост за физичкиот напад врз претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамет Сејдини, напад без преседан врз истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ. Овој грд чин, извршен од маскирани лица пред ресторан, претставува силен аларм за зголемување на меѓуетничките тензии во земјата.

Овој инцидент се случува во време кога владата се однесува како „бик во продавница за порцелан“, игнорирајќи ја и маргинализирајќи ја улогата на Албанците во јавниот и институционалниот живот и потценувајќи ја важноста на меѓуетничките односи. Ваквите постапки, кои доаѓаат во недела со серија други инциденти со етничка заднина, само дополнително ја влошуваат ситуацијата и создаваат опасна атмосфера за меѓуетничкиот соживот.

Ако претседателот на ФФМ може да биде нападнат само поради неговата етничка припадност, како би се чувствувал обичен албански граѓанин за својата и безбедноста на своите деца? Ова е опасна порака која ја поткопува довербата на граѓаните во безбедноста и правдата на државните институции.

Овој напад се случува и во контекст на голем неуспех во процесот на европска интеграција, што предизвика длабоко разочарување и ги затемни перспективите и надежите на нашите граѓани.

Навредливите изјави на министерката за образование, која ги навреди вработените албанци нарекувајќи ги „неписмен народ”, дополнително ги зголемуваат тензиите и поделбите во општеството.

ДУИ ги повикува органите на редот и правдата да реагираат брзо и професионално за да го расчистат овој криминален акт и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата. Исто така, бараме од владата сериозно да размисли за важноста на зачувувањето на меѓуетничките односи и да ги почитува принципите на правично и еднакво застапување на сите граѓани.

Од друга страна, претставниците на Албанците во владата, кои немаат легитимитет за достојно претставување на нашата заедница, треба да престанат да се концентрираат на тендери и корупција и да се потсетат дека имаат одговорност кон Албанците.

ДУИ останува посветена на промовирање на мирот, стабилноста и правичното застапување на сите заедници во земјата. Ниту еден чин на насилство, дискриминација или исклучување не може да го поткопа духот на соживот и правото на еднаквост што ние ќе продолжиме да го браниме по секоја цена, се наведува во партиското соопштение.

Отворени „Деновите на кочанскиот ориз 2024“, Марија Стаменкова избрана за жетварска убавица

Со изборот и прогласувањето на жетварската убавица за 2024 година, синоќа беа отворени 33. „Денови на кочанскиот ориз“.

Со изборот и прогласувањето на жетварската убавица за 2024 година, синоќа беа отворени 33. „Денови на кочанскиот ориз“. Марија Стаменкова од Кочани ги освои гласовите на жирито на изборот што синоќа, пред многубројната публика, се одржа во Паркот на револуцијата во Кочани.

Прва придружничка на жетварската убавица е Мартина Костадинова, а втора – Ивона Ефтимова. Признанијата на девојките им ги додели градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, а тие ќе учествуваат во претставувањето на обичајот зажнејување на ориз.

Отворањето на 33. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ продолжи со настапот на гитаристот Ненад Вржалски, а публиката уживаше на концертот на македонската поп-дива Каролина Гочева и во настапот на диџеј Ацко.

Претходно, на Споменикот на слободата, градоначалникот Папазов приреди прием за делегациите од Унгарија, Бугарија, Србија, Црна Гора и од домашните фолкорни ансамбли кои учествуваат на манифестацијата.

Во рамки на програмските содржини, за вечер е најавен голем меѓународен фолклорен концерт и поп-рок настап на Malinov Special Selection. За утре во 10:30 часот е планирано традиционалното заажнејување што ќе се одржи на земјоделските површини во атарот на селото Оризари. Потоа ќе следува културно-забавна програма во која ќе учествуваат ансамблот за изворна музика „Мелем“, оркестарот за народни инструменти при музичкото училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани и фолк-пејачот Дамјан Стојаноски.

притисни ентер