Приходите на царината зголемени за 9,2 %, бројот на заплени зголемен за над 60 % според со лани

Царинската управа по промената на власта за три месеци остварила приходи од речиси 600 милиони евра, односно за 9% или 48 милиони евра повеќе во споредба со истито период лани.

Царинската управа по промената на власта за три месеци остварила приходи од речиси 600 милиони евра, односно за 9% или 48 милиони евра повеќе во споредба со истито период лани, информираше директорот Бобан Николовски на прес-конференцијата по повод 100-те дена влада.

За понатамошен успех, како што најави тој, во иднина приоритет ќе биде бескомпромисната борба со криминалот и корупцијата, односно менување на свеста кај цариниците од кои ќе се бара интегритет и почитување на униформата, бидејќи, како што кажа, приходите кои ги носи управата се клучни за државниот буџет.

-Првиот месец, од преземањето функцијата директор, јули 24-та година е одбележан како месец во кој царинската управа има рекордна наплата, гледано на месечно ниво од близу 12 милијарди денари, наплата што претставува најголем износ од постоењето на царинската управа. Важно е да се истакне дека учеството на царинската управа во вкупните приходи од буџетот на државата е 41%, а ако го издвоиме учеството во даночните приходи уделот на царинската управа е 73% кои се остваруваат преку приходите во наша надлежност. --Бобан Николовски – Директор на Царинска управа.

На граничните терминали во меѓувреме е поставен систем за видео надзор со висока интелигенција, кој автоматски ќе препознава регистарски таблички, па согласно националните и меѓународни податоци ќе означува возила поврзани со организиран криминал и со трговија на луѓе, како и шверц и други нелегални активности. воедно тој ќе овозможи и следење на царинските објекти, помагајќи да се открие сомнително однесување, вели Лакордов – директор на секторот за контрола и истраги

-Интегрираниот систем за видео надзор, треба да гарантира дека царинските службеници ги извршуваат своите должности професионално и етички, помагајќи да се спречи корупција, недолично однесување или злоупотреба на должноста. Снимките може да се споделуваат и со други агенции за спроведување на законот за помогнат во пошироки истраги и правни постапки- Влатко Лакордов – Директор на сектор за контрола и истраги.

Според денеска презентираните податоци на царинската управа, во изминатите три месеци за 60% е зголемен бројот на заплени, меѓу кои ги посочија, спречување на шверц на цигари, одземање на златен и сребрен накит, девизи во вредност од над 100.000 евра, како и голема количина на дрога и лекови.

Орбан: Унгарското претседателство беше успешно, не можевме да маневрираме околу Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска оцени дека унгарското претседателство со Европската унија е успешно.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска оцени дека унгарското претседателство со Европската унија е успешно, посочувајќи дека, меѓу другото, е фокусирано на војната во Украина, но Унгарија нема простор за маневрирање таму поради сериозни и длабоки несогласувања во унијата.

Унгарскиот премиер ја започна својата годишна прес-конференција изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите во терористичкиот напад на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург.

Зборувајќи за унгарското претседателство со ЕУ и за критиките дека Унгарија е изолирана, Орбан рече дека не гледа изолација бидејќи половина свет е во Унгарија. Тој додаде дека Унгарија го организирала најголемиот дипломатски настан во својата историја.

Орбан тврди дека унгарското претседателство било ориентирано кон креирање политики, наместо на бирократски пристап и дека било фокусирано на руско-украинската војна, Шенген зоната и конкурентноста.

-Што се однесува до војната, Будимпешта немаше простор за маневрирање поради сериозните и длабоки несогласувања внатре во ЕУ за стратегијата за приближување кон конфликтот. И покрај тоа, сериозноста на ситуацијата ја принуди Унгарија да започне мировна мисија и да се обиде да постигне мир, рече Орбан.

СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?

За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да изигрува ниту судија, ниту обвинител, ако има некакви сознанија за злоупотреби од било кого, постојат надлежни институции и органи кои во законска процедура треба да постапуваат.

Но, клучното прашање е зошто ако знаеле го пуштија Груби слободно да помине граница?

Толку ли вреди договорот на ДУИ со ДПМНЕ којашто допрва треба да испорачува фактури.

Вакви или слични дилови со ДУИ, ДПМНЕ прави цело време. Хашките случаи, т.е. толкувањето на законот којшто заедно го усвоија ДПМНЕ и ДУИ дозволи амнестирање на дела кои се подведуваат под квалитатив Злосторства против човештвото.

Со тој дил ДПМНЕ ги предаде жртвите на тортура и нехуман третман кои доминантно беа Македонци.

Ништо не го пере ДПМНЕ за тоа што му озоможија на Груби слободно да ја напушти земјата преку граничниот премин Блаце.

Границата кон Косово ДПМНЕ ја сведе на решето за слободно поминување на криминалци и терористи.

Наместо смешни прес конференции ДПМНЕ да го повика Тошковски да понесе одговорност и да поднесе оставка.

Соопштение, реакција на прес конференцијата на ДПМНЕ

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС системски го уништуваше македонското здравство, Филипче е најлошиот министер

СДС системски го уништуваше македонското здравство, Филипче е најлошиот министер за здравство во историјата на Македонија со низа скандали и афери како Онкологија, модуларната болница во Тетово...

СДС системски го уништуваше македонското здравство, Филипче е најлошиот министер за здравство во историјата на Македонија со низа скандали и афери како Онкологија, модуларната болница во Тетово, скандалот со набавката на кинеските вакцини и низа други

СДС треба да се срами кога зборува за здравството.

СДС треба да се срами бидејќи здравството беше во кома кога нивниот претседател Венко Филипче беше министер за здравство.

Венко Филипче беше најлошиот менаџер и министер за здравство во историјата на Македонија.

СДС треба да знае дека нивниот претседател Венко Филипче додека беше владин функционер и министер за здравство остави девастирана област.

Последиците од СДС и ДУИ во здравството се огромни, катастрофални и штетни.

Деструктивните политики на СДС и ДУИ го уништија македонското здравство, во време на СДС и ДУИ имаше бројни скандали во здравството како историскиот скандал на Онкологија.

Во време кога Филипче беше министер за здравство, неговото катастрофално менаџирање во здравството ги остави болниците без медицинска опрема, клиниките и болниците во долгови и дефицит на медицински кадар.

Mандатот на Филипче беше преполн со големи афери, сомнителни тендери, корупција, и скандали со пациенти.

Крахот на македонското здравство во време на Филипче, СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите.

Филипче имаше низа на афери и скандали во здравството особено во време на пандемијата како скандалот со набавката на кинеските вакцини.

Филипче како министер за здравство за време на корона пандемијата ја стави Македонија на 5-то место на светската листа со најголем број на жртви.

На Филипче кој е прв човек на СДС кога беше министер му се случија модуларна болница во Тетово, Дурмо турс, корона пандемија, Онкологија, скандалот со набавката на кинеските вакцини и ова се случаи кои Филипче дозволи да резултираат со 14 мртви во Тетово, а во несреќата Дурмо Турс 15 мртви.

СДС со Филипче е само продолжена рака на Заев кои освен тендери и ставање пари во џеб ништо друго не ги интересираше.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги санира штетите од владеењето на СДС и ДУИ во здравството и е посветена на подобрување на условите за работа во интерес на граѓаните.

Реакција на прес-конференција на СДС

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер