Пред партиското седиште Бериша дочекан како херој, за него Рама е најголем криминалец

Лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, кому денеска му беше укината мерката "домашен притвор", попладнево пред партиското седиште беше пречекан како херој.

„Сали, хероју, цела Албанија тебе те сака“, "Рама оди си" "Долу диктатурата" извикуваа, меѓу другото, големиот број сопартијци, приврзаници и граѓани, носејќи албански, американски и партиски знамиња.

Поздравувајќи ги и барајќи од нив трпение тој порача дека „денеска победила вистината, додавајќи дека отсега е време за акција“.

Рече и дека во текот на годината кога бил во „куќен притвор“ го соборил рекордот за најголем број говори. Тој секоја вечер од прозорецот на неговиот стан се обраќаше пред сопартијци и граѓани.

-Денеска е денот кога Еди Рама и монструмот Џорџ Сорос доживеаја целосен неуспех. Денеска тригодишната напорна работа триумфираше и беше наградена. Ние се залагавме за вистината и вредностите во кои веруваме. По долго време откако Албанија не гледа добри денови, денеска е добар ден за Албанците. Сали Бериша денеска не победи, денеска победи вистината. Албанија денеска победи. Годинава го срушив рекордот по број на говори, околу 330, рече Бериша.

Веднаш потоа имаше прес-конференција на која искажа тешки обвинувања на адреса на премиерот Еди Рама и за Таулант Бала, поранешен министер за внатрешни работи.

-Таулант Бала е обвинет дека нарачувал убиства. Има политички штит и со него станува најсилниот во градот и ги раководи началниците на полицијата и претседателите на судовите. Најкриминалец од сите е Еди Рама, тој е најприсутна личност на Sky ECC dhe Encrochat. Тој е најголемиот криминалец, обвини Бериша.

Се пофали дека „оние кои работеа како адвокати во времето на Бериша многу добро ја знаат поддршката што им ја дадов за исполнување на нивните законски обврски".

Овие сега, додаде, изградија правосуден систем кој „може да ја доведе земјата до граѓански конфликт“.

Прашан дали стравува СПАК да не ја обжали одлуката на судот одговори „што сакаат нека прават". /МИА

Доктори му давале три години живот на познат актер, тој го победи ракот (ВИДЕО)

Познатиот шведски актер и холивудска ѕвезда, Долф Лундгрен (67) се огласи на Инстаграм и откри дека неговата битка со ракот е завршена.

Се сликаше од болничкиот кревет и рече: „Добро, тука сум. Ќе влезам и ќе се ослободам од последниот мртов тумор. Бидејќи нема повеќе клетки на рак во моето тело, претпоставувам дека ќе бидам без рак и со нетрпение ја очекувам оваа процедура, правам аблација на белите дробови.“

„Благодарен сум и возбуден за сè што доаѓа. Ви благодарам на сите за поддршката. Тоа беше тешко патување и навистина ме научи да живеам во моментот и да уживам во секој момент од мојот живот“, додаде тој.

Долф ја откри својата дијагноза пред обожавателите во мај. Тогаш рекол дека првиот тумор бил пронајден во неговиот бубрег пред осум години и потоа успешно бил отстранет. Меѓутоа, во 2020 година, ракот се проширил на неговите бели дробови, 'рбетот, црниот дроб и стомакот. Прогнозата не била добра, а еден лекар му рекол на Долф дека му остануваат само уште две до три години живот.

„Го прашав колку ми останало, мислам дека рече две или три години, но по гласот можев да забележам дека е помалку. Мислев дека мора да е тоа. Имав е*ано одличен живот. Живеев пет животи наеднаш, така што не бев огорчен поради тоа“, рече Лундгрен еднаш. Потоа побарал дополнително мислење од онколог во медицинскиот центар UCLA. Понатамошните третмани биле ефективни и актерот сега закрепнал.

Да потсетиме, актерот роден во Стокхолм со поранешната сопруга Анет Квиберг има две ќерки Ајда Сигрид (28) и Грета Евелин (23). Сега е во брак со 28-годишната Ема Крокдал.

Актерот го имаше своето деби во 1985 година со помала улога во A View to Kill, филм од серијата филмови за Џејмс Бонд. Сепак, тој направи голем пробив со филмот Роки 4, каде глумеше со Силвестер Сталоне.

По неговиот пробив во филмскиот свет, тој замина во Лос Анџелес, каде што сними голем број филмови. Од средината на 90-тите неговата кариера е во надолна линија, а новото враќање на големото платно доживеа во 2010 година во филмот Платеници, каде глумеше покрај Силвестер Сталоне, Џејсон Статам, Мики Рурк и Џет Ли.

До смрт е претепан средношколец во Лесковац

Ученикот А.И. (16), кој денеска беше претепан пред Хемиското училиште во Лесковац, им подлегнал на повредите, потврдија во лесковачката општа болница, јави дописникот на МИА од Белград.

- Донесен е без свест, со широки зеници, бледа кожа и слузокожа, без пулс и немерлив притисок, изјави директорот на Општата болница Лесковац, Небојша Димитријевиќ, додавајќи дека реанимацијата била веднаш започната, но за жал неуспешно. Тој рече дека точната причина за смртта ќе ја утврди обдукцијата.

Како што објавија српските медиуми, А.И. бил ученик во трета година во Текстилното училиште. Враќајќи се дома, бил нападнат со метални прачки од две млади момчиња на скутер кои по тепањето избегале.

Поради истрагата која е во тек, полицијата се уште нема излезено со детали.

Според директорот на Центарот за социјална работа, Предраг Момчиловиќ, шеснаесетгодишното момче А.И. десет години било во згрижувачко семејство во Лесковац, а инаку е од околината на Лесковац.

Ранет елен му се одмазди на ловецот, едвај извлече жива глава (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи драматично видео, снимено во Република Саха, која ја зафаќа целата област на Источен Сибир.

Во главните улоги се ловец и ранет елен, подготвен за брутална одмазда.

На почетокот гледаме човек со пушка како се приближува до големото животно и пука, но не го убива. Неколку секунди подоцна следува жесток контранапад, пишува Дејли мејл.

Еленот го удрил ловецот со рогови и го соборил на земја, во непосредна близина на автомобилот во кој биле двајца негови (вооружени) колеги. Животното продолжило да го гази беспомошниот човек кој се обидувал да се спаси.

Останува нејасно зошто другите ловџии не пукале, додека камерманот се обидел да го исплаши бесното животно. Локалните медиуми јавуваат дека инцидентот се случил претходно овој месец.

Засега не се знае дали ловецот се здобил со сериозни повреди по нападот, ниту пак му била укажана лекарска помош.

Вапити (Cervus canadensis) е преживар од семејството на елени. Тој е најголемиот вид по лос, а живее во шумите на Северна Америка и Источна Азија, додека успешно е колонизиран во Аргентина и Нов Зеланд.

притисни ентер