Позната водителка се расплака од смеење среде Дневник, снимката е хит (ВИДЕО)

Познатата германска водителка на Дневник на телевизијата АРД, Сузане Даубнер, која ги води вестите 24 години, среде програма во живо доживеала жесток напад на смеа, пишува Билд.

Таа се обидувала да ги прочита вестите за самитот на канцеларот Шолц, но не можела.

Водителката им се извини на гледачите и си ги избриша солзите, но не можеше да се среди речиси цела минута откако ја најавија колегите Свен Лориг и Ана Планкен. Нејзиниот излив на смеа ги насмеа луѓето на социјалните мрежи и предизвика многу позитивни реакции.

Добнер изјави за Билд дека и денес нема поим што точно ја погодило, а наводно ја насмеала Лориг, кој претходно признал дека направил извештај за Светското првенство во рагби во Франција иако не ги знаел правилата на тој спорт.

Во Косово запленети 85.000 евра во монети од по две евра, уапсени шест лица, 3 од Македонија

Според соопштението на Обвинителството, осомничените биле дел од група која дистрибуирала и внесувала на пазарот фалсификувани пари за кои, како што се наведува „постои сомневање дека се произведени во земја која е сосед на Косово“.

Специјалното обвинителство на Косово соопшти денеска дека уапсило шест лица, од кои тројца државјани на Македонија и тројца од Косово, осомничени за фалсификување пари, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на Обвинителството, осомничените биле дел од група која дистрибуирала и внесувала на пазарот фалсификувани пари за кои, како што се наведува „постои сомневање дека се произведени во земја која е сосед на Косово“.

Во акција, спроведена од Обвинителството и Управата за стопански криминал и корупција при косовската полиција, запленети се над 85 илјади евра во монети од по две евра, за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

- Во оваа акција запленети се кеси со по две евра во вредност од осумдесет и пет илјади и десет (85.010,00) евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Запленети се и четири автомобили кои ги користеле уапсените и седум мобилни телефони, се наведува во известувањето на Обвинителството.

Надлежен обвинител им одреди на приведените 48-часовен притвор.

ВМРО-ДПМНЕ: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе паѓање на даноците за поголеми инвестиции

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе паѓање на даноците за поголеми инвестиции и подобар стандард.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ акцент ќе стави на економијата, која мора да има брз раст, со цел државата брзо да напредува и да се развива, со што ќе се развиваат сите други сектори.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе воведе најнизок данок на добивка во Европа, кој ќе биде скалест, и ќе биде мотив плус за домашните компании да се шират и растат. Имено според новата мерка компаниите кои ќе остварат добивка помеѓу 20 и 30 милиони евра ќе платат данок од 8%, компаниите кои ќе остварат добивка од 30 до 50 милиони евра ќе платат данок во висина од 6%, додека тие кои ќе имаат добивка поголема од 50 милиони евра ќе плаќаат данок на добивка од 5%.

Оваа мерка ќе биде мотив плус за македонските компании да вложуваат во својот раст со цел да стигнат во поповолната категорија за одданочување, но и силен сигнал за големите мултинационални компании своите седишта да ги отворат или преместат тука.

Оваа мерка ќе овозможи во Македонија да дојдат сериозни меѓународно етаблирани компании.

Фото: МИА архива

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Мизрахи да си даде оставка и да свика седница на Анкетната за Онкологија

Срамна и неодговорна е злоупотребата на Анкетната комисија за случајот Онкологија од страна на ДПМНЕ и претседателката на комисијата Рашела Мизрахи.

ДПМНЕ и Мизрахи покажаа дека нивната цел со комисијата воопшто не била вистината, не биле пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат, освен политички да ја злоупотребуваат Комисијата за ширење на невистини и манипулација на граѓаните.

Јавноста се сомнева дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја попречува.

Во името на пациентите на Онкологија, во името на вистината и правдата Мизрахи треба да си даде оставка за сите злоупотреби на комисијата и да свика седница на Анкетната комисија за онкологија.

Случајот Онкологија после 30 години го отворија институции во време на СДСМ и без разлика на ваквото однесување на ДПМНЕ, мора да има одговорност за сите инволвирани.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

притисни ентер