Повторно хаос со јавниот превоз во Скопје, приватните превозници од попладнево не сообраќаат

Повторно хаос со јавниот градски превоз во Скопје. 

Приватните превозници ги исклучија своите автобуси од сообраќај во знак на револт откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледната нивното барање за зголемување на платите.

Во видеото погледнете го целиот извештај на Дејан Трајкоски.

Бен Афлек ги загрижи фановите на најновите снимки (ФОТО)

Папараците неодамна го снимија Бен Афлек на улиците на Лос Анџелес, а неговата појава ги загрижи обожавателите ширум светот.

Тој бил фатен додека возел автомобил со цигара во рацете, а изгледал многу вознемирен. Многумина веднаш забележаа дека изгледа прилично запуштено, со долга несредена брада која во последно време многу ја покажува во јавноста.

Некои обожаватели тврдат дека тешко се снашол со разводот со Џенифер Лопез и дека распадот на таа љубов го „скршил“. Други мислат дека тој моментално поминува низ средовечна криза и дека неговиот изглед нема никаква врска со нивниот развод.

Бен веќе неколку пати се лекуваше од алкохолизам, а минатата година Џенифер лансираше сопствен бренд на алкохолен пијалок наречен Делола, кој е инспириран од италијанскиот брег. Извори блиски до парот тврдат дека тоа многу го налутило Афлек, кој сметал дека неговата сега веќе поранешна сопруга не го поддржала во неговото закрепнување од зависност.

Тој, исто така, неодамна предизвика загриженост во јавноста бидејќи се појавија фотографии на кои се гледа како славниот актер го напушта центарот за рехабилитација во Калифорнија, поради што многумина помислија дека повторно почнал да пие. Некои странски медиуми шпекулираа дека тој дошол само за да им даде поддршка на луѓето кои се борат со разни зависности.

Прво одлучи да оди на рехабилитација во 2001 година, а во март 2017 година Афлек објави дека го завршил лекувањето од зависност.

„Завршив со лекувањето, се соочив со тоа во минатото и ќе продолжам да се соочувам“, напиша тогаш тој на својот Фејсбук. „Сакам да го живеам животот во потполност и да бидам најдобриот татко што можам да бидам. Сакам моите деца да знаат дека не е срам да добивате помош кога ви е потребна и да бидам извор на сила за секој на кој му треба помош, но се плашам да го направам првиот чекор. Имам среќа што ја имам љубовта на семејството и пријателите.“

На крајот на август 2018 година, по наговор на неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, тој повторно заврши во центар за рехабилитација. Неколку дена пред интервенцијата, на интернет се појавија фотографии на кои се гледаат големи кутии со алкохол, вклучувајќи виски и пиво, се испорачани на неговата адреса. Ова наводно ѝ го скршило срцето на Џенифер, која решила да му помогне.

Иако неговата зависност датира одамна, во една од своите најконтроверзни изјави, Афлек ја обвини неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер дека е причина за неговата зависност од алкохол. За време на интервјуто со Хауард Стерн, актерот изјави: „Дел од причината зошто почнав да пијам беше затоа што се чувствував заробен. Мислев: „Не можам да побегнам од моите деца, но не сум среќен, што да правам ? Би пиел шише виски и би заспал на каучот, што не беше добро решение“.

Уапсени се 15 навивачи на Црвена Звезда и Штутгарт по бруталната тепачка низ Белград (ВИДЕО)

Страшна тепачка се случи денеска во близина на Зелени венац и на улицата Југ Богданова, во врска со денешниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Црвена Звезда и Штутгарт на Маракана.

Како што можеше да се види на видеата кои се појавија на социјалните мрежи, дошло до конфликт во кој еден од навивачите на Штутгарт го прегазил и завршил на бетонот, каде што претрпел уште неколку удари.

Полицијата многу брзо пристигнала на местото на настанот, а повеќето од навивачите дотогаш веќе биле заминати. Сепак, 15 од нив се приведени во Полициската станица Савски венац, дознава Телеграф.

Најголем дел од приведените се од Германија, а донесени се вкупно 10, а потоа е уапсен и државјанин на Србија, навивач на Црвена звезда, кој се сомничи дека учествувал во денешната тепачка.

Дополнително, кај уште двајца навивачи од Германија биле пронајдени факели и фантомки, а приведени се еден државјанин на Босна и Херцеговина, како и еден државјанин на Швајцарија.

Истрагата за сите детали е во тек.

Кулеба не верува дека Трамп може да издејствува договор за завршување на војната во Украина

Поранешниот шеф на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба оцени дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп не може да издејствува мировен договор со кој би завршила војната во Украина.

Во интервјуто објавено денеска за Политико, тој посочи дека рускиот претседател Владимир Путин не е расположен за договор, додавајќи дека не гледа оти рускиот лидер би можел да се согласи со договорот за брз крај на војната што го вети Трамп.

-Путин сè уште верува дека може да ја задуши украинската државност и да ја уништи Украина како независна демократија, а исто така мисли дека е на чекор од тоа да му покаже на Западот дека е слаб, рече Кулеба.

За време на предизборната кампања, Трамп вети дека може брзо да ја заврши војната во Украина, дури и за еден ден, но не прецизираше како може да го постигне тоа.

Неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс рече дека договорот веројатно ќе значи дека Украина ќе отстапи територија, односно ќе прифати дека Русија ќе ја задржи целата или дел од 20 проценти од украинската територија што моментално ја држи, а во исто време тој предвиде некаква демилитаризирана зона, потсетува Политико.

Кулеба посочува дека тоа нема да успее, бидејќи, според него, Путин не е заинтересиран за дипломатија и се обидува да го замори Западот да верува дека може да добие што сака.

Еден од најголемите стравови на Кулеба е дека Трамп ќе ги негира оружјето и муницијата на Украина, или во најдобар случај да ги ограничи, така што ќе биде попослушна ако неговите мировни напори, што е веројатно, не се остварат. Кулеба предупредува дека изгледите на Киев, доколку тоа се случи, ќе бидат мрачни. „Линијата на фронтот во Донбас ќе се сруши, а Русите ќе бидат пред портите на Дњепропетровск, Полтава и Запорожје“, истакна тој, додавајќи дека тоа ќе биде најопасниот момент за Украина во целата војна. Според Кулеба, ако Трамп ја остави Украина без оружје, клучот е како Европа ќе реагира на тоа./МИА

притисни ентер