Повик за учество во унапредување на содржината на учебниците од прво до трето одделение

Целта на повикот, кој МОН го објави на својата веб-страница, е подобрување на квалитетот на учебниците и исправка на технички и евентуални стручни грешки. 

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Педагошката служба ги повикуваат сите наставници и целата стручна јавност да ги достават забележаните грешки во учебниците за основното образование од прво до трето одделение.

Целта на повикот, кој МОН го објави на својата веб-страница, е подобрување на квалитетот на учебниците и исправка на технички и евентуални стручни грешки. Во објавениот повик е достапен образец кој треба да се пополни.

-Забелешките се доставуваат со пополнување на образецот во кој треба да се наведе учебникот, наставниот предмет, авторот/авторите, одделението, наставниот јазик и увидената грешка, со страницата на којашто се наоѓа, се наведува во повикот.

Пополнетиот образец треба да се достави на електронските адреси: [email protected] и [email protected], најдоцна до 15 декември 2024.

Запрен судски процес против Трамп во кој е обвинет за обид да го поништи резултатот од изборите

Запрен судскиот процес против Трамп во кој е обвинет за обид да го поништи резултатот од изборите во 2020 година.

Кривичниот прогон против Доналд Трамп, кој беше обвинет за обид за поништување на резултатот од изборите во 2020 година, денеска беше прекинат откако обвинителството побара отфрлање на овој и друг случај против избраниот претседател, повикувајќи се на политиката на Министерството за правда која забранува кривично гонење на актуелен претседател.

Одлуката на окружната судијка Тања Чуткан стави крај на обидите на Министерството за правда да го обвини Трамп по неговите напори да остане на власт по поразот на изборите во 2020 година, што резултираше со упад во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година од толпа негови поддржувачи.

Случајот го објави специјалниот обвинител Џек Смит, кој одлучи да ги прекине процесите поврзани со обидите за обвинение против Трамп за поништување на резултатите од изборите и за незаконско чување доверливи материјали по завршувањето на неговиот прв претседателски мандат во 2021 година.

Обвинителите се повикуваат на политика на министерството кој датира од 1970-тите години. Според неа, кривичното гонење на актуелен претседател го нарушува Уставот на САД, поткопувајќи ја способноста на шефот на државата да ги извршува своите должности.

Сепак, судот сè уште треба формално да ги одобри двете барања на обвинителството. Во судскиот документ поднесен за случајот за обид за поништување на изборните резултати, обвинителите истакнаа дека политиката на Министерството бара прекин на случајот додека Трамп не ја напушти Белата куќа.

-Овој резултат не се базира на суштината на случајот или на јачината на доказите против обвинетиот, напишаа обвинителите во својата изјава.

Во случајот со доверливите документи, обвинителите наведоа дека тие имаат намера да се обратат до федералниот апелациски суд со барање да се продолжи случајот против двајца соработници на Трамп обвинети за попречување на истрагата.

-Американскиот народ го реизбра претседателот Трамп со убедлив мандат за реализација на идејата „Да ја направиме Америка повторно голема“. Денешната одлука на Министерството за правда ги запира неуставните федерални случаи против претседателот Трамп и претставува голема победа за владеењето на правото. Американскиот народ и претседателот Трамп бараат итен крај на политизацијата на нашиот правосуден систем и со нетрпение очекуваат обединување на нацијата, изјави Стивен Џенг, директор за комуникации на Трамп.

Во своја објава на социјалните мрежи, Трамп вчера ги критикуваше кривичните случаи поднесени против него, нарекувајќи ги „најниска точка во историјата на нашата земја“. Чуткан остави отворена можност обвинителите повторно да покренат обвиненија против Трамп по неговото заминување од функцијата, но тие веројатно ќе се соочат со тешкотии во врска со гонење долго време по наводните постапки. /МИА

Сојузникот на Ердоган, Бахчели ги повика на разговори прокурдската партија и водачот на ПКК

Турските власти ја сметаат ПКК за терористичка организација, а конфликтите со курдските милитанти траат повеќе од 40 години.

Главниот сојузник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, лидерот на Партијата за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели, денеска ја прошири иницијативата за ставање крај на 40-годишниот конфликт со Курдистанската работничка партија (ПКК), предлагајќи прокурдската парламентарна партија ДЕМ да започне преговори со затворениот водач на ПКК Абдула Оџалан.

ДЕМ одговори на поканата на Бахчели со поднесување барање до Министерството за правда за средба со Оџалан.

Партијата истакна дека е подготвена да придонесе за решавање на курдското прашање и за демократизација на Турција.

Бахчели претходно предложи Оџалан да го објави крајот на бунтот во замена за можноста за негово ослободување.

Турските власти ја сметаат ПКК за терористичка организација, а конфликтите со курдските милитанти траат повеќе од 40 години.

Според последните информации, властите уапсиле 231 лице осомничени за врски со ПКК./MИА

Градоначалникот Коњановски приреди прием за боксерите Ружди, Ален и Ардијан Рустемовски

 Градоначалникот Тони Коњановски приреди прием за браќата Ружди, Ален и Ардијан Рустемовски, сите од Битола кои неодамна настапија на Балканско првенство во бокс што се одржа во Лозница, Србија.

Ален Рустемовски освои златен медал откако во финалето беше подобар од украинскиот боксер Денис Роздолски, а Ружди Рустемовски го совлада српскиот боксер Стефан Чамовиќ и се закити со златен медал. На балканското првенство во бокс, битолчанецот Ардијан Рустемовски освои сребро,.

Како што е познато, македонските боксери на Балканско првенство што се одржа во Лозница, освоија два златни, еден сребрен и пет бронзени медали.

притисни ентер