Градоначалникот Коњановски приреди прием за боксерите Ружди, Ален и Ардијан Рустемовски

 Градоначалникот Тони Коњановски приреди прием за браќата Ружди, Ален и Ардијан Рустемовски, сите од Битола кои неодамна настапија на Балканско првенство во бокс што се одржа во Лозница, Србија.

Ален Рустемовски освои златен медал откако во финалето беше подобар од украинскиот боксер Денис Роздолски, а Ружди Рустемовски го совлада српскиот боксер Стефан Чамовиќ и се закити со златен медал. На балканското првенство во бокс, битолчанецот Ардијан Рустемовски освои сребро,.

Како што е познато, македонските боксери на Балканско првенство што се одржа во Лозница, освоија два златни, еден сребрен и пет бронзени медали.

Минчев: Имаме голема и неефикасна јавна администрација и мора тоа да се промени

Имаме голема и нефикасна јавна администрација и мора тоа да се промени.

Ова го најави министерот за администрација Минчев, кој најави дека во јануари пред пратениците ќе бидат повеќе стратешки закони со кој треба да се унапреди работата на јавната администрација…

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за прочистување на Дојранското езеро

ВМРО-ДПМНЕ одби уште еден амандман на СДСМ, со кој беше предложено да се обезбедат средства за изградба на колекторскиот систем во општина Дојран. 

Овој проект е од суштинско значење и за санитарните и за еколошките услови во општината, особено за заштитата на водата во Дојранското езеро, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисијата за финансирање на буџет.

- Со овој колекторски систем ќе се овозможи собирање и прочистување на отпадните води, пред нивното испуштање со што ќе се спречи загадувањето на езерото и ќе се подобри квалитетот на водите, придонесувајќи за заштита на природната средина, рече Лукаревска.

Таа објасни дека со реализација на овој проект општина Дојран ќе го зајакне својот туристички потенцијал, ќе има позитивни економски ефекти, а ќе се зголеми и квалитетот на живот на локално население.

Заменик министерот за финансии и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, го одбија и овој амандман на СДСМ, се наведува во партиското сооштение.

Филипче на средба со Сиљановска-Давкова: Да престане партизацијата на безбедносните служби

Партизацијата на безбедносните служби мора да престане. 

Опозицската СДСМ е подготвена да даде подршка на секоја подобрена позиција која владата ќе успее да ја обезбеди во насока на одблокирање на евронтегративниот процес на земјава, истакна лидерот на социјалдемкратите по средбата со претседателката Силјановска-Давкова, која според него била контруктивна и поминала во пријатна и пријателска атмосфера. Посочи дека обид за уставни измени со одложено дејство имало и од претходната влада преводена од СДСМ, но дека предлогот бил одбиен од тогашата бугарска влада. Очекува како опозција да бидат вклучени во понатамошните разговори во насока на одблокирање на евроинтеграциите.

Средбата со пртседателката Филипче ја иницирал поради загриженост од партизација на безбеносните служби во земјава и како што истакна ја предупредил Силјановска за ризкот од евентуално спојување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.

Со кусо соопштение по средбата излегоа од пд претседателскиот кабиент од каде посочуваат дека Силјановска во разговорот со Филипче ги пренела нејзините видувања за евроинтеграцијата и можните решенија за отпочнување на преговорите со ЕУ и дека посебен акцент бил ставен и на безбедносните состојби во држвата. Ова е прва средба меѓу престедателката Силјановска и опозицискиот лидер Филипе. Тој очекува ваквите средби да станат пракса во иднина и да се разговара за сите битни прашања. Освен со Силајновска, Филипче порача дека во секој момент е подготвен и за средба со премиерот Мицкоски.

притисни ентер