Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје

Во понеделник во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради официјалната посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, соопшти МВР.

-СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.10.2024 (понеделник) поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, се наведува во соопштението.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Пакистан: Уапсен близок соработник на Имран Кан

Пакистанската полиција го уапси главниот помошник на претворениот поранешен премиер Имран Кан, Али Амин Гандапур, јави локалната телевизија Гео Њуз, повикувајќи се на добро информирани извори.

Властите сè уште не ја потврдиле официјално веста за апсењето.

Гандапур, кој е начелник на северозападната провинција Кибер-Пахтунква, предводел конвој на приврзаници на Кан кон главниот град Исламабад, при што дошло до судир со пакистанската полиција.

Поранешниот премиер Имран Кан е во затвор повеќе од една година поради обвиненија за корупција и непријавување на државни подароци, потсетува Би-Би-Си.

Хезболах истрела голем број ракети кон северниот дел на Израел

 Либанската милитантна група Хезболах денеска истрела повеќе ракети кон северот на Израел, од кои неколку погодија станбени објекти во Кармиел и Деир ал-Асад.

Според израелските власти, десет лица се примени на лекување поради шок, без физички повреди, пренесува Си-Ен-Ен.

Неколку противпожарни екипи се распоредени за да интервенираат ако е потребно, додека осум екипи веќе се ангажирани во гаснење на пожарите во близина на градот Рош Пина. /МИА

Поранешен амбасадор во САД: Нетанјаху го зајакнуваше Хамас преку Катар

Поранешниот израелски амбасадор во САД, Дени Ајалон, гостувајќи на Скај Њуз, го обвини премиерот Бенјамин Нетанјаху за нападите од 7 октомври, тврдејќи дека тој активно го зајакнувал Хамас, пренасочувајќи им пари преку Катар.

„Нетанјаху е главниот одговорен,“ изјави Ајалон, нагласувајќи дека израелскиот премиер дозволил милиони долари да стигнат до Хамас во готовина, што резултирало со изградба на воената инфраструктура на Хамас.

На прашањето дали Нетанјаху сноси лична одговорност за нападите, Ајалон рече: Апсолутно.

- Тој е оној кој ја надгледуваше или дизајнираше стратегијата за зајакнување на Хамас, обидувајќи се да ја подели палестинската територија меѓу палестинската управа во Јудеја и Самарија и Хамас во Газа. Тој е оној кој дозволи милиони долари да се слеваат во Хамас од Катар во куфери со готовина, кој во основа го изгради Хамас и неговата моќна воена инфраструктура. Мислеше дека ќе може да ја контролира ситуацијата и да го одложи решавањето на проблемот, но се се распадна. Тој е секако одговорен и ќе треба да одговори на многу прашања во оваа насока, изјави Ајалон.

Нетанјаху претходно ги отфрли како „смешни“ тврдењата дека го зајакнува Хамас за да ги подели Палестинците во ривалски политички табори.

„Голема лага е дека сакав да го изградам Хамас. Смешно. Не влегувате во војна со Хамас три пати или не преземате големи воени операции ако сакате да го изградите Хамас“, рече тој. /МИА

притисни ентер