Финалето на Копа Либертадорес ќе се игра во Буенос Аирес

Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) објави дека финалето на Копа Либертадорес годинава ќе се одржи на „Естадио Монументал“ во Буенос Аирес на 30 ноември.

На 27 септември беа одредени полуфиналните двојки: Атлетико Минеиро - Ривер Плата

Ботафаго - Пенарол.

Првите натпревари ќе се играат на 24 октомври, а реваншите на 31.

Минатата година финалето се играше на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро. На тој натпревар Флуминенсе по продолженија ја победи Бока Јуниорс./МИА

Хамас ја потврди смртта на свој командант при израелски напад во Северен Либан

Палестинската вооружена група Хамас денеска ја потврди смртта на уште еден нејзин командир во Либан.

Саид Аталах Али, еден од лидерите на Бригадите „Изедин ал Касам“ – военото крило на Хамас, е убиен во израелски напад врз бегалскиот камп Бедави, на околу пет километри северно од пристанишниот град Триполи, во Северен Либан, соопшти Хамас.

Либанската новинска агенција ННА објави дека сопругата и двете деца на Али исто така загинале во нападот.

Претходно, либански безбедносни извори информираа дека беспилотно летало погодило стан во палестински бегалски камп во близина на Триполи. /МИА

Манчестер сити без пораз 50 натпревари на домашен терен

Манчестер сити е без пораз на домашен терен 50 натпревари по ред.

Избраниците на Пеп Гвардиола денес го совладаа Фулам во натпреварот од 7. коло на Премиер лигата со 3:2.

Серијата без пораз на „Граѓаните“ на стадионот „Етихад“ трае 50 натпревари. Сити победи 41 пат во сите натпреварувања и девет пати ремизираше.

Последниот пораз на Сити на домашен терен е забележан на 12 ноември 2022 година во натпреварот со Брентфорд (1:2)./МИА

Тамир Блат – МВП на првото коло во Евролигата

Кошаркарот на Макаби, Тамир Блат е прогласен за најкорисен играч (МВП) на првото коло од регуларниот дел од сезоната 2024/25 во Евролигата.

Плејмејкерот на израелскиот тим му помогна да го совлада францускиот Лион-Вилербан (89:82) во првиот натпревар од сезоната во Евролигата, играјќи го својот најдобар натпревар во кариерата.

Дваесет и седумгодишниот Блат постави личен рекорд во поени (21) и асистенции (12) за само 29 минути на теренот. Блат шутираше 4 од 5 за 2 поени, 4 од 4 за тројка и 1 од 1 од линијата за слободни фрлања. Тој, исто така, имаше и 2 скока и 1 украдена топка.

Поради воената состојба во Израел, Макаби натпреварите како домаќин ги игра во Белград, Србија. /МИА

притисни ентер