Португалија прогласи вонредна состојба во областите што се најтешко погодени од пожарите

 Португалската влада денеска прогласи вонредна состојба во областите најтешко погодени од пожарите, вклучително и областа Авеиро, јужно од Порто.

Во земјата моментално има повеќе од 100 пожари, а најмалку седум лица загинаа во Авеиро и Визеу, меѓу кои и пожарникари и цивили, објави цивилната одбрана.

Авеиро беше меѓу најтешко погодените области, додека неколку големи пожари зафатија и други шумски области.

Политичарот Дуарте Коста во вторникот вечерта изјави дека специјализиран тим за итни случаи од 230 шпански војници ќе биде распореден во Визеу.

Властите допрва треба да соопштат податоци за материјалната штета и бројот на евакуирани.

Португалскиот премиер Луис Монтенегро ги повика полициските инспектори да ги удвојат напорите за пронаоѓање на одговорните за подметнувањето на пожарите и вети помош за погодените.

Останатите членки на Европската унија, Шпанија, Франција, Италија и Грција ангажираа по два канадери во Португалија, а помош во форма на четири противпожарни авиони пристигна од Мароко. Шпанската армија, исто така, испраќа 240 војници и возила од своите итни противпожарни баталјони во Португалија.

Властите мобилизираа повеќе од 5.000 пожарникари, а уништени се десетици куќи и илјадници хектари шума.

Португалската национална гарда соопшти дека од саботата уапсила седум лица осомничени за подметнување пожар во областите Леирија, Кастело Бранко, Порто и Брага. /МИА

Раководството на ФФМ на состанок со водечките луѓе на УЕФА

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше претставувана од претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар Наталиа Божиновска Илиевска.

Раководството на УЕФА, предводено од првиот човек Александар Чеферин, генералниот секретар Теодор Теодоридис и директорот за национални асоцијации Зоран Лаковиќ одржаа состанок во францускиот град Кан со претседателите и генералните секретари на 55. членки на Европската фудбалска асоцијација.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше претставувана од претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар Наталиа Божиновска Илиевска.

На заедничката работилница, како што соопшти денеска ФФМ, се дискутираше за новостите во фудбалот на националните тимови, вклучувајќи го и неодамна одржаното Европско првенство, централизацијата на правата за идните национални натпреварувања и користењето на програмата „Хет-трик“.

Во рамки на работниот дел од состаноците се одржаа две одделни работилници – на првата се разговараше за односите на УЕФА со клучните чинители, а на втората работилница се дискутираше за влијанието на политиката врз европскиот фудбал.

Главните размислувања на темата за влијанието на политиката врз европскиот фудбал недвосмислено беа насочени во насока дека со дозволувањето политиката да има влијание врз фудбалот се ризикува да се создадат поделби таму каде што не би требало да има, претворајќи го фудбалот во политичка алатка.

„Нашиот спорт треба да остане неутрален и фокусиран на вредностите на фер-плеј, тимска работа и меѓусебно почитување, промовирајќи единство наместо поттикнување на политички агенди“, беше заклучено на средбата на раководството на УЕФА со европските национални асоцијации во Кан.

Нова канцеларија на управни служби на МВР во Јегуновце

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Полициското одделение во Јегуновце каде присуствуваше на отворање нова канцеларија на управните служби на МВР, која ќе функционира во рамки на одделението.

Жителите на руралната Општина Јегуновце ќе може во таа канцеларија да отпочнат постапката за издавање на патни исправи, една смена од понеделник до петок.

- Во наредниот период ќе следат уште најмалце на две локации, каде што заедно со барања на жителите а каде што имаме услови ќе отвориме нови нови управни служби се со цел да ги растеретиме постоечките. На пример, да речеме претходно овде гужвата се ствараше во рамки на управни служби Тетово. Сега граѓаните од Општина Јегуновце ќе може да се пристапат и да си подигнат патна исправа, лична карт, возачка дозвола сите оние документи во рамки на полициската станица којашто се наоѓа во општина Јегуновце, рече Тошковски.

Министерот Тошковски нагласи дека отворањето на канцеларијата е дел од посветеноста на ова раководство на МВР да ги доближи своите услуги поблиску до граѓаните за кои истите и се наменети.

- Само со доближување на услугите кои се наменети за граѓаните, вистински ќе го унапредиме квалитетот на животот и работењето на граѓаните. Од денес над 12.000 жители од Јегуновце, селата и месните заедници коишто гравитираат во општината ќе можат побрзо да дојдат до својот личен документ или услугата која им е потребна од управните служби. Ние како раководство на МВР и Влада сме посветени на унапредување на сите процеси кои услугите на државата ќе направат дигитални и поблиски до граѓаните, нагласи министерот Тошковски.

Тошковски рече дека бил информиран за набавката на нов агрегат и ново знаме за полициското одделение, нешто што недостигало при неговата посета пред неколку месеци.

Тој уште еднаш потсети дека гужвите кои се создаваа со промена на личните документи со новото уставно име се минато и потсети дека рокот на возачките дозволи со старото уставно име е до 31.12.2024 и ги повика граѓаните кои досега не ги замениле да го направат тоа во утврдениот рок.

Владата на седница ја усвои есенската потрошувачка кошничка

Владата даде зелено светло за предлгоот на министерството за економија за ограничување на профитната маржа до 10 проценти и во трговијата на големо и во трговијата на мало.

Со тоа ќе поевтинат цените на брашното, оризот, млечните и сувомеснатите производи, зеленчукот и овошјето. На листата на таканаречената есенска кошница со намалени производи се најдоа 73 производи а ваквата одлука доаѓа откако Државниот завод за статискика објавил дека значително пораснале трошоците за живот од декември лани, до август годинава, а најголемо зголемување е забележано кај овошјето од дури 11,1 проценти и кај безалкохолните пијалоци од 9,4 проценти.

Намалените продукти ќе бидат обележани со ознаката „Помалку трошоци, повеќе за тебе, а одлуката ќе стапи на сила по објавување во Службен весник и ќе трае до 31 октомври.

Во одговор на нашето прашање, што по завршување на овој период, по загриженоста на економистите дека цените нагло може да скокнат, Дурмиши рече дека до тогаш ќе стапи на сила Законот за нефер трговски практики, со кој за 2.548 прозводи ќе се ограничи рабатот на 10%, со цел да се држат цените пристапни за крајните потрошувачи.

Ваквата мерка денеска ја поздрави и Сојузот на синдикати, Претседателот Слободан Трендафилов рече дека е неприфатливо сезонските производи да се продаваат по цени како надвор од сезона.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска нагласи дека вакви мерки ќе бидат носени пред секој празник како божиќна, рамазанска, велигденска мерка.

притисни ентер