Раководството на ФФМ на состанок со водечките луѓе на УЕФА

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше претставувана од претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар Наталиа Божиновска Илиевска.

Раководството на УЕФА, предводено од првиот човек Александар Чеферин, генералниот секретар Теодор Теодоридис и директорот за национални асоцијации Зоран Лаковиќ одржаа состанок во францускиот град Кан со претседателите и генералните секретари на 55. членки на Европската фудбалска асоцијација.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше претставувана од претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар Наталиа Божиновска Илиевска.

На заедничката работилница, како што соопшти денеска ФФМ, се дискутираше за новостите во фудбалот на националните тимови, вклучувајќи го и неодамна одржаното Европско првенство, централизацијата на правата за идните национални натпреварувања и користењето на програмата „Хет-трик“.

Во рамки на работниот дел од состаноците се одржаа две одделни работилници – на првата се разговараше за односите на УЕФА со клучните чинители, а на втората работилница се дискутираше за влијанието на политиката врз европскиот фудбал.

Главните размислувања на темата за влијанието на политиката врз европскиот фудбал недвосмислено беа насочени во насока дека со дозволувањето политиката да има влијание врз фудбалот се ризикува да се создадат поделби таму каде што не би требало да има, претворајќи го фудбалот во политичка алатка.

„Нашиот спорт треба да остане неутрален и фокусиран на вредностите на фер-плеј, тимска работа и меѓусебно почитување, промовирајќи единство наместо поттикнување на политички агенди“, беше заклучено на средбата на раководството на УЕФА со европските национални асоцијации во Кан.

Најнов извештај: Бугарија и натаму не ги почитува пресудите од Стразбур

Најнов извештај на Комитетот на министри на советот на Европа: Бугарија и натаму не ги почитува пресудите од Стразбур.

Комитетот на министри на Советот на Европа во својот најнов извештај истакна дека властите во Бугарија и натаму не ги почитуваат пресудите на европскиот суд за човекови права и не дозволуваат регистрација на здруженијата кои се залагаат за признавање на македонското малцинство во Бугарија.

„Одбивањата беа засновани врз заштитата на националната безбедност и јавниот ред, уставната забрана на здруженија кои остваруваат политички цели, како и врз неисполнувањето на формалните законски барања. За сето ова европскиот суд утврди дека е неоправдано и непропорционално мешање во правото на слобода на здружување, бидејќи здруженијата кои се жалеле не се залагале за употреба на насилство или други недемократски средства за постигнување на нивните цели. “, стои во извештајот...

За него, македонското министерство за надворешни работи изразува задоволство, велат извори од МНР.

Кој е Ибрахим Акил кој беше убиен во денешниот напад врз Бејрут

Акил, познат и како Тахсин, е клучен оперативец на Хезболах од основањето на групата во раните 1980-ти, јави Ал Џезира.

Како и повеќето високи воени функционери на Хезболах, Акил беше фигура во сенка, не даваше јавни изјави, ниту имаше јавни настапи.

Според американскиот Стејт департмент, тој служел во највисокото воено тело на групата – Џихадискиот совет.

САД минатата година распишаа награда од седум милиони долари за информации што ќе доведат до негова идентификација или апсење. Вашингтон го обвини за вмешаност во самоубиствен бомбашки напад врз американските поморски касарни во Бејрут во 1983 година, во кој загинаа 241 Американец за време на либанската граѓанска војна.

Во 2019 година, САД го прогласи за „глобален терорист“.

Иако либанската група не го објавува рангот на своите членови, израелската војска тврди дека Акил бил шеф на единицата Радван, елитните сили на Хезболах. /МИА

Полската фудбалска федерација им помага на клубовите погодени од поплавите

 Полскиот фудбалски сојуз (ПЗПН) објави денеска дека ќе обезбеди помош од над 450.000 долари за фудбалските клубови погодени од најголемите поплави што го зафатија регионот во последните две децении.

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите, вклучувајќи седум во Полска, а Вроцлав, третиот по големина полски град, се соочи со голема штета.

„Заедно со претседателите на општинските федерации решивме да донираме 1,75 милиони полски злоти за помош на клубовите погодени од поплавата“, објави претседателот на ПЗПН, Цезари Кулеза на платформата Икс.

Премиерлигашот Сласк Вроцлав го одложи својот домашен натпревар против Стал Миелец во понеделникот и го претвори својот стадион во место за собирање донации за погодените од поплавите. Клубот исто така започна собирање средства за помош на настраданите од поплавите, при што играчите и тренерите ги посетија областите погодени од поплавите за да ги дистрибуираат основните намирници.

Европската унија вети дека ќе стави на располагање финансиска помош на регионот, а полскиот премиер Доналд Туск рече дека земјата може да добие пет милијарди евра. /МИА

притисни ентер