Португалец се облекол како женско во смешно видео на ТикТок- му пропаѓа трансферот (ВИДЕО)

Спартак од Москва беше на прагот да потпише договор со португалскиот лев бек Рикардо Мангас (26), кој моментално настапува за Виторија Гимараеш.

Договорот веќе бил постигнат, а играчот бил подготвен да отпатува за Москва викендов, но се појавил бизарен проблем поради кој најверојатно трансферот ќе пропадне. Инаку, договорот на Мангаса со португалскиот прволигаш е до летото 2026 година, а Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на четири милиони евра.

"Трансферот е завршен, сѐ е договорено. Останува само да добиеме виза, а веќе имаме термин во Лисабон. Рикардо треба да отпатува за Русија во сабота или недела", изјави претходно неговиот агент Серхио Тиаго Рибеиро. Сепак, зделката може да се поништи во последен момент поради видеото што се појави на TikTok. Имено, Мангас учествувал во хумористичниот спот на неговата девојка, во кој бил нашминкан и носел фустан, високи потпетици и чанта.

„Кога ти и твоето момче ќе се случи да носите иста облека“, гласи описот на видеото. Иако видеото е очигледна шега и е многу чудно што може да предизвика некаков проблем, тоа предизвика жестоки дискусии во Русија. Шефот на организацијата „Татковци на Русија“ Андреј Згоников изјави дека на Мангас не треба да му се дозволи влез во Русија и дека властите се заинтересирани за оваа објава.

Доколку трансферот се реализира, Мангас би можел да се соочи со истрага за можна пропаганда на нетрадиционална сексуална ориентација и би можел да биде обвинет според рускиот кривичен законик. Агентот на играчот веднаш го коментираше спорното видео: "Рикардо сака девојки. Ако ја видите неговата девојка, сѐ ќе биде јасно. Тоа е само смешно видео на TikTok. Неговата девојка е популарна инфлуенсерка со многу следбеници на социјалните мрежи".

„Друштво Преспа“ со остра реакција против бугарскaтa агресија врз Македонците во Албанија

Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија "Друштво Преспа" со остра реакција против бугарскaтa агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија.

Продолжува бугарскaтa агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија.

Упатувме остра реакција кон општинската управа на Пустец, каде на 14/09/2024 во село Глобочани општина Пустец, свечено отворааше модуларна амбуланта, донација од Бугарија.

Дознаваме дека освен преставници на општина Пустец предводени од Градоначалникот Пали Колевски и заменик/Градоначалнико Јани Никола, беа присутни и бугарска делегација предводени од амбасадорот на Бугарија во Тирана Ивајло Киров и Софика Мале преставник на Фондацијата "Блгарски Памет" За време на донацијата.

Нај остро го осудуваме чинот на градоначалникот на Пустец Пали Колефски кој му врачи специјално изработена плакета на негаторот на макдонската нација Милен Врабевски

Управата на општина Пустец во последниот и актуелниот мандат беше и останува сервилна кон бугарската пропаганда и бројните посети на бугарски претставници со материјална помош за општината Пустец, иако се знае дека тоа Софија го прави само за да ги прикаже Македонците како Бугари во Албанија а не дека придонесуват за подобрувајне на благосостојбата на жителите.

Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија "Друштво Преспа"

По разводот, продал сѐ на Ибеј, купил остров и пак се вљубил: Ми недостига само едно (ВИДЕО)

Приказната за Британецот кој го „продаде животот“ на eBay, а потоа купи тропски остров, повторно и повторно се ажурира на мрежите.

Иан Ашер живеел во Австралија кога неговата сопруга поднела барање за развод. После тоа решил дека му е доста од „стариот живот“ и направил радикален потег.

Иан ја ставил куќата и целиот свој имот на продажба и ги искористил парите за да купи пуст остров на Карибите.

Со нешто повеќе од 200.000 фунти решил да го изгради својот „мал рај“, каде што немало ни вода ни струја. Покрај тоа, тој морал да одгледува овошје, зеленчук и живина за да се прехрани.

Во една прилика, за време на едно патување во Лондон, ја запознал Ванеса, која набрзо му се придружила во големата авантура, пренесува LadBible.

Иан постојано дава интервјуа и го опишал животот на пуст остров. Уживаше во работите што требало да ги работи, а ги имало доста.

Освен што се грижел за овошјето и зеленчукот, тој се грижел и за 10 кокошки кои слободно шетаат, за нивните јајца да бидат целосно органски, откри тој.

Понекогаш го посетувале рибари од кои купувал риба. Во најблискиот град имало и два супермаркети до кои оделе на секои 10 дена со брод.

Во моментите на одмор тој заедно со својата избраничка уживал на плажа и во нуркање. За медиумите признал дека му фали само едно.

„Ми недостига излегувањето во петок со семејството и пријателите во стариот добар паб“, рече тој.

Ја споменал и лошата интернет конекција, но и губењето на џет ски.

И тогаш, пред девет години, решил да сврти нов лист! Го продал островот и почнал да патува низ светот со Ванеса.

Последен пат медиумите ги „лоцирале“ во Франција, каде што се преселил парот.

Албанци нападнале српски дипломат на аеродромот во Минхен, успеал да совлада еден од нив

По заканите упатени до амбасадорите во Виена и Берн и конзулатите во Берлин и Минхен, во саботата, ден пред прославата на националниот празник, нападнат е уште еден висок српски дипломат.

На аеродромот во Германија го нападнале двајца Албанци кога го слушнале како зборува српски, објави Курир.

Дипломатот (името познато на редакцијата) успеал да се одбрани со оглед на тоа дека знаел боречки вештини.Еден од напаѓачите се обидел да побегне, но тој го спречил во тоа и ја повикал германската полиција.

Да потсетиме, на 8 септември во Мадрид беше нападната амбасадорката во Шпанија, Ирена Шарац.

притисни ентер