Поради разликата во годините, многумина им предвидоа крај: Славниот холивудски пар ја прекинаа врската

Според пишувањето на светските медиуми, актерката Џенифер Лоренс и режисерот Дарен Ароновски ја прекинаа својата едногодишна врска.

„Парот без многу врева реши да стави крај на врската. Останаа пријатели, па дури и после раскинувањето се појавија заедно на доделувањето на Говернорс наградите во Лос Анѓелес“ – пишува „Ентертејнмент тунајт“.

Џенифер Лоренс и Дарен сорабутваа заедно на снимањето на хорор филмот „Мајка“ во кој таа глуми.

Врската ја започнаа во септември 2016 година, а јавно ја признаа врската два месеци подоцна, кога беа забележани како се бакнуваат на улиците на Њујорк.

„Кога ми рече за своите идеи, веднаш знаев дека е посебен и на некои начин неговите замисли претставуваат предизвик. Јас сум негов фан со години“ – изјавила актерката своевремено.

Многумина сметаат дека разликата во годините го направила своето, со оглед на тоа дека Дарен е дури 21 година постар од Лоренс. Таа има 27 години, а режисерот 48.

Атентарот испукал неколку куршуми во словачкиот премиер Фицо (ВИДЕО)

Полицијата веднаш го уапсила осомничениот за атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо.

Тој со неколку истрели е ранет во стомакот и градниот кош и моментално е во критична состојба.

На социјалните мрежи почна да кружи видео на кое се гледа како полицајците го соборуваат осомничениот на земја и го апсат.

Не е познат идентитетот на напаѓачот, но медиумите јавуваат дека се работи за постар маж.

Веднаш е евакуирана зградата на Центарот за култура пред која беше ранет Фицо.

Словачката влада со прво соопштение за состојбата на премиерот Фицо по атентатот

По атентатот на словачкиот премиер Роберт Фиц, Владата на таа земја излезе со прво соопштение.

Во соопштението се наведува дека животот на Фицо е во опасност.

Претходно словачките медиуми објавија дека неговиот живот не е во опасност.

Тој е пренесен во болница со хеликоптер и се уште не е официјално соопштено каде е ранет.

Претседателот на Словачка ќе одржи вонредна прес-конференција во 16 часот и 45 минути.

Фон дер Лајен го осуди ранувањето на словачкиот премиер Фицо

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го осуди „гнасното“ пукање на словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Силно го осудувам гнасниот напад врз премиерот Роберт Фико“, напиша фон дер Лајен на X.

„Ваквите акти на насилство немаат место во нашето општество и ја поткопуваат демократијата, нашето најскапоцено општо добро“, додаде таа.

„Моите мисли се со премиерот Фицо и неговото семејство“, порача Фон дер Лајен.

притисни ентер