Поплави и во Хрватска: Премиерот Пленковиќ го посети поплавениот Огулин

Претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ го посети погоденото подрачје на Огулин од поплавите.

Претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ го посети погоденото подрачје на Огулин од поплавите, каде што беа ангажирани Хрватске воде, Хрватската планинска спасувачка служба и други надлежни служби поради покачувањето на водостојот на реките Добра и Купа поради обилните дождови. Во моментот околу 20 куќи се поплавени во нивните подруми, но нема поголеми штети, објави Индекс.

„Им благодарам на сите служби, на префектот, на градоначалникот и на претставниците на Хрватски води, како и на сите што се максимално ангажирани на терен. Владата помага онолку колку што е потребно во вакви ситуации“, рече Пленковиќ за време на посетата.

Премиерот истакнал дека се вложуваат значителни средства во одбраната од поплави и оти за време на неговиот мандат се вложени 650 милиони евра за зајакнување на превенцијата. Сепак, како што посочи, потребни се дополнителни инвестиции поради сѐ почестите екстремни временски услови.

„За жал, екстремните временски услови стануваат наша сигурна иднина, која ќе носи сѐ повеќе природни катастрофи“, заклучи Пленковиќ. Во Огулин затворени се бројни патишта, а од водата е загрозена и трафостаницата во центарот, поради што е исклучена, а дел од населението останало без струја.

Црна Г. го прогласи 23 декември за Ден на жалост поради трагичниот инцидент во Загреб

Владата на Црна Гора го прогласи 23 декември 2024 година за Ден на жалост во врска со трагичниот настан во училиште во Загреб, соопшти премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

„Изразуваме сочувство до семејството и пријателите на починатото дете и се молиме за брзо закрепнување на повредените. Нашите мисли се со нашите соседи“, напиша Спајиќ на социјалната мрежа Х.

Во страшното злосторство што вчера ја потресе Хрватска и регионот, загина седумгодишно дете, а неколку други и наставничка се тешко повредени кога 19-годишен напаѓач вооружен со нож упадна во основно училиште во Загреб.

Меѓу повредените е и напаѓачот кој се обидел да се самоубие.

Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати

Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени.

Бројот на загинати се искачи на пет, а повеќе од 200 се повредени кога автомобил вчера влета во толпа луѓе на божиќниот пазар во Магдебург, изјави Рајнер Хаселоф, премеир на сојузната германска покраина Саксонија-Анхалт.

Канцеларот Олаф Шолц, кој беше со него за да оддаде почит во источниот град Магдебург, изрази посебна загриженост за околу 40 тешко повредени лица и ја осуди „страшната катастрофа“.

Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит

 Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска објави мерка со која - секој над 20 години, дури и оние кои се невработени, ќе можат да добијат кредит за стан.

„Сакаме да ги направиме младите независни...порано да зависат од нивната работа“, рече Вучиќ во своето обраќање.

Тој додаде дека најголемиот товар ќе падне на Банка Поштанска штедионица, но во тоа мора да учествуваат и други банки.

Според него, вредноста на програмата е 400 милиони евра за 5.500 станбени единици.

Услов за подигање на кредит е да сте државјанин на Србија, на возраст од 20 до 35 години.

Тој изјави и дека сака таа старосна граница да биде укината, „но во овој момент тоа не е можно“.

Највисоката цена за метар квадратен за која државата ќе дава субвенции ќе биде 2.200 евра.

„Би сакале младите да можат да купуваат станови во блок 70 и блок 45, но цената на квадрат таму е меѓу 2.300 и 2.600 евра и затоа сакаме да ја покачиме на 2.500, 2.600 евра во Белград и 2.200 во Нови Сад“.

Тој рече и дека главен услов е станот да може да чини најмногу 100.000 евра, а минималното учество да биде еден процент. Кредитот ќе се доделува за период до 40 години, а последната исплата ќе се врши до 70-годишна возраст. Предвремената отплата на кредитот ќе биде без дополнителен надомест.

Во обраќање до јавноста рече дека таа мерка освен емотивна компонента да се дозволи детето на секој родител да остане во државата, има и рационални корени. Тој додаде дека државата подготвила програма за станбен кредит за млади што е најдобра во цела Европа и нагласи дека тоа не е социјална мерка, туку мерка за иднината на Србија.

Српскиот претседател најави дека програмата за станбен кредит за млади ќе почне да се спроведува најдоцна во првата половина на март, бидејќи се очекува законот да биде завршен во февруари, по што ќе биде доставен до парламентот.

притисни ентер