Положено свежо цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски

По повод одбележувањето на денот на македонската револуционерна борба 23-ти Октомври  денеска беше положено свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населено место Миладиновци.

Свежо цвеќе пред споменикот на Аџиларски положи делегација од општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, делегација предводена од пратеничката Драгана Бојковска, советници, претставници на општинските јавни институции и установи, сојузот на борци, Здружението на пензионери од Општина Илинден и невладини организации месни заедници и граѓани.

Денот на македонската револуционерна борба, 23-ти Oктомври, е ден кога со гордост се потсетуваме на борците за слобода и еднаквост каков што бил Васил Стојанов-Аџаларски, кој е роден во селото Аџалари, денешно Миладиновци во 1880 година, а загинува во 1909 година. Аџаларски пред и по Илинденското востание бил предводник на поголема чета, а во неговата чета имало повеќе комити од околните места на денешната општина Илинден.

Во рамки на одбележувањето на празникот во просториите на Домот на култура во Миладиновци се одржа и шаховски турнир на кој учествуваа 16 шахисти членови на здружението на пензионери „Илинден“ кои беа поделени во две групи. Се играше според ФИДЕ Правила за забрзан шах, а темпото на игра беше 10 минути по играч.

Покровителот на настанот, градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски на најдобро пласираните им додели пригодни награди и плакети. Од сите 16 учесници првото место го освои Трајче Христовски од Бунарџик, второто место го освои Душко Сурловски од Марино, третото место го освои Миле Спасовски од Миладиновци и четврто место за Димитар Мицевски.

Општина Илинден

НБА: Гордон уште четири години во Денвер за 133 милиони долари

Ден пред почетокот на новата сезона во НБА, шампионот од 2023 година, Денвер Нагетс, се договори да ја продолжи соработката со својот крилен кошаркар Арон Гордон (29) за уште четири години.

Гордон, кој имаше договор со Денвер до лето 2025 година, ќе инкасира 133 милиони долари во периодот од 2025 до 2029 година, додека во сезоната 2024/25. неговата плата ќе изнесува 23 милиони долари.

Во сезоната 2022/23 во која Денвер ја освои шампионската титула, Гордон во лигашкиот дел просечно бележеше 16,3 поени, 6,6 скокови и 3,0 асистенции и 13,3 поени, 6,0 скока и 2,6 асистенции во плејофот, додека минатата сезона имаше просек од 13,9 поени, 6,5 скокови и 3,5 асистенции во лигашкиот дел, и 14. 7,3 скокови и 4,4 асистенции во плеј-офот.

Продолжувањето на договори со своите клубови за сума над 100 милиони долари потпишаа и Џејлен Сагс со Орландо Џејлен Џонсон со Атланта и Џејлен Грин со Хјустон. /MИА

Јанчев: Кавадаречки дол како почетно решение за заштита на амбиенталниот воздух

Кавадаречки дол како почетно решение за заштита на амбиенталниот воздух.

На вториот Форум за заштита од загадувањето, кавадарчани го одбраа ова решение од неколкуте понудени, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Мицкоски се сретна со австрискиот претседател Фон дер Белен

Средба со претседателот на Австрија, Александар Фон дер Белен. 

Зборувавме за заедничката соработка и воспоставување на пријателство кое мора да трае.

За иднината на државата и регионот, објави Мицксоки ан ФБ.

притисни ентер