Почнува 43. издание на на Скопскиот џез фестивал

Девет светски етаблирани состави од САД, Европа и Македонија ќе ја претстават својата музика на 43. издание на Скопскиот џез фестивал што почнува вечер, а ќе трае до 20 октомври. 

Организаторите наведуваат дека внимателно селектираната програма го следи императивот за одржување на високиот меѓународен рејтинг на фестивалот и традицијата тој да го претстави најдоброто од светот на џезот и импровизираната музика.

Програмата, распоредена во четири вечери во Националната опера и балет и во МКЦ, е исклучително силна, инспиративна и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес.

Фестивалот годинава ќе го отвори специјалниот настап на денес најдобрата и најпопуларна американска џез пејачка, Сесил Меклорин Салвант. Овенчана со три Греми статуетки, шест номинации за Греми и бројни други значајни награди за најдобар џез вокал, таа се прослави со својата способност да откопува заборавени песни, оживувајќи ги со силни наративи, неочекувани пресврти и богата емоционална длабочина. Нејзините концерти се неповторливи искуства, во кои таа покажува неверојатно чувство и талент за раскажување приказни.

Истата вечер во МКЦ ќе настапи и домашниот џез-состав Next to Silence, претставувајќи го своето најново, второ по ред, албумско издание „Ruh“ (SJF Records), коешто беше промовирано во саботата (12 октомври). Со својата музика, тие посегнуваат по мноштво природни феномени, древни вештини, загадочни адети, отелотворени претстави или завиени досетки, кои добиваат сосема ново постоење и смисла во нивните композиции. Next to Silence истото ќе го срочат и на нивниот настап на Скопскиот џез фестивал, каде што новиот материјал ќе доживее и концертна премиера.

Втората фестивалска вечер, како што најавуваат организаторите, ќе ја одбележат две различни, но исклучително интересни концертни формации. Најпрвин на програмата имаме вистински ол-стар бенд. Во својот квартет The Bridge, португалскиот саксофонист Родриго Амадо, еден од најзначајните европски импровизатори денес, обединува три од неговите најсилни музички влијанија, сите лидери во својот домен: маестралниот германски пијанист Александар фон Шлипенбах, норвешкиот волшебник на контрабасот Ингебрит Хакер Флатен, како и легендарниот американски тапанар Џери Хемингвеј.

The End е експериментална музичка група предводена од легендарниот саксофонист Матс Густафсон и колегата виртуоз на саксофонот Кјетил Мостер, карактеристична по моќните вокали на Софија Јернберг, како и по уникатниот спој на жесток грајндкор, фри џез и ноиз, збогатен со елементи од мавританската, етиопската, индиската и скандинавската народна традиција. Звукот на групата претставува интензивно, поетско и брутално патување низ нескротливата енергија, мелодичната убавина и соничните експерименти. Концертите на The End се познати по способноста да создаваат нови асоцијации во умот на слушателот, сплотувајќи ги жестоките рок рифови, природната убавина на фолкот и дивите фантазии на џезот во едно кохерентно, но непредвидливо музичко искуство.

Саботната понуда на фестивалот е резервирана за три големи имиња на светскиот џез и креативната музика воопшто. Њујоршкиот пијанист и композитор Давид Вирејес органски ги соединува своите кубански фолклорни корени и њујоршкиот импровизаторски свет. Иако своето творештво го смета за „сто проценти традиционално“, во пракса, наместо проста мешавина од елементи или рециклирање, тој создава синкретична нова лична музика. Прогласен е за „Број 1 ѕвезда во подем“ во категоријата пијано од страна на списанието „DownBeat“, како и за артист на годината во списанието „Musica Jazz“, а добитник е и на голем број меѓународни награди. Зад себе има блескава солистичка кариера и бројни соработки со големи џез имиња, како Хенри Тредгил, Вадада Лео Смит, Бил Фризел, Стив Колмен и многу други.

Роб Мазурек е композитор, трубач, музички директор, визуелен уметник, апстрактивист и современа музичка икона на чикашката авангардна сцена. Во 2005 година, веднаш по неговото враќање од Бразил, го оформи генијалниот Exploding Star Orchestra. Со овој проект, Мазурек создаде медиум што поседува капацитет да опфати различни стилови и идеологии од широкиот опсег на слободни форми на изразување, како и да ги истражи најавангардните трендови на сцената, инкорпорирајќи значајни музичари од пост-рок, AACM и слободната импров сцена. Секој од избраните уметници е легенда на авангардниот џез. Творејќи со експлозивна енергија и фасцинантна посветеност, Роб Мазурек блеска, извлекувајќи го најдоброто од музичарите што прецизно и внимателно ги избрал. Нивниот настап на 43. Скопски џез фестивал претставува концертна премиера на новиот, штотуку објавен, албум на Exploding Star Orchestra - "Live at the Adler Planetarium".

Алабастер ДеПлум ги обединува џезот и перформативната поезија во една оригинална и општествено свесна уметничка форма. Со статус на водечка фигура во современата британска џез-ренесанса, ДеПлум создава музика што успешно ги заобиколува сите категоризации. Неговата уметност се карактиризира со топлина, транспарентност и пристап што ги поставува на прво место луѓето, соработката и спонтаноста, пред перфекцијата. Ваквиот природен, интуитивен приод е својствен и за неговите настапи во живо, каде што тој беспрекорно ја комбинира музиката и говорниот перформанс, создавајќи импресивно доживување коешто ја повикува публиката во еден простор на заедничко размислување и емоционална длабочина. Неговата музика, исполнета едновремено со спокојство и со итност, служи како потсетник за моќта на чувствителноста и важноста на колективната креативност во справувањето со современите предизвици.

Последната вечер на фестивалот ќе ја отвори Никол Мичел, многупати наградувана креативна флејтистка, концептуалист, композитор, лидер на бенд и едукатор. Повеќе од дваесет години, таа ја користи својата уметност за создавање светови кои „градат мост меѓу познатото и непознатото“. Мичел е веројатно најпозната како креативна флејтистка којашто успеа да развие уникатен импровизаторски јазик што во повеќе наврати ѝ ја донесе титулата „Флејтист на годината“ во изборот на списанието DownBeat (од 2010 до 2024 година). Марк Сандерс е перкусионист препознатлив по активното музицирање во сферата на фри џезот и слободната импровизација, кој ги користи своите искуства и сестраност во различни жанрови. Во дуо со Никол Мичел, тие создаваат извонредно оригинален и минималистички звук, исполнет со ведри мелодии и грувови, своевидна реминисценција на музиката на Art Ensemble of Chicago.

Fire! Orchestra е идејна творба на шведските музичари Матс Густафсон (саксофон), Јохан Бертлинг (бас) и Андреас Верлин (тапани), којашто низ годините прерасна во колектив што им пркоси на конвенционалните жанровски граници, развивајќи свеж пристап кон импровизираната музика со влијанија од фри џез, психоделичeн рок, пост-боп, ноиз, краутрок и даб музиката. Денес, во 14-та година од постоењето, уникатните Fire! Orchestra се враќаат со претежно скандинавска екипа и силна француска поддршка и со своето најамбициозно дело до сега. Монументалниот троен албум „Echoes“ (2023), снимен со неверојатна постава од 43 музичари, а маестрално измиксан од волшебникот на звукот Џим О’Рурк, е многу отворен, свеж, органски и динамичен албум, еден од најдобрите објавени последниве години. Секој настап на оркестарот ги редефинира можностите на модерната музика, зацврстувајќи го нивниот статус на еден од најиновативните и креативно најпотентните ансамбли на сцената и клучна движечка сила во еволуцијата на современата музика.

Како дел од таканаречената ПРОГРАМА ПЛУС, минатата сабота беше промовиранo новото (52) CD-издание на SJF Records, албумот „Ruh“ на Next to Silence, а синоќа се отвори изложбата „Radical Chimeras" на познатиот композитор, трубач, визуелен уметник, апстрактивист и современа музичка икона на чикашката авангардна сцена Роб Мазурек и беше прикажан документарниот филм Miles Davis: Birth of the Cool.

Во рамките на фестивалот ќе биде доделена и традиционалната Награда за најдобар џез-музичар во 2024 година, а ќе биде организирана и Џез работилница за деца „Jazz for Kids". Скопскиот џез фестивал и годинава, во соработка со UNHCR, продолжува да го негува проектот Џез за солидарност со бегалците, упатувајќи уште еден гласен повик за емпатија и поддршка на неправедно и насилно раселените, обездомените, обезнадежените...

Арсовска: Имаме Градоначалници што собираат отпад и си наплаќаат на парагон блокче

„Си носат отпадот на сопствен плац си го ставаат, па си го палат“

Тоа што го зборувам за загадувањето тоа и го правам затоа што лично верувам во него. Самата сум била болна од тешка болест, имам во семејството болни и затоа сакам сите семејства и сите деца, да живеат во почиста животна средина. Нашите инспекции од Градот Скопје, имаат казнето и излезено на повеќе надзори од сите единици на локална самоуправа во Македонија заедно. Покренавме кривична пријава против УСЈЕ по која по две години нема реакција и покрај тоа што таму загадувањето надминува повеќекратно од максималниот број дозволени негативни честици по здравјето на луѓето. Имаме детектирано загадувачи кои креираат депонии и ги палат, секојдневно, пред некој ден детектиравме 12 исто време. Имаме градоначалници кои што собираат отпад низ градот Скопје, си наплаќаат на парагон блокче и си носат отпадот на сопствен плац си го ставаат па си го палат. Ова се сериозни работи, потоа истите тие организираат протести, ако сте криминалци скријте се, немојте да излегувате во јавност, рече градоначалничката Данела Арсовска во вечерашното гостување во Само Интервју.

Зеленски остро до Путин: Сака да ја ескалира ситуацијата за Трамп да не ја заврши војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека на рускиот претседател Владимир Путин не му треба крај на војната.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека на рускиот претседател Владимир Путин не му треба крај на војната бидејќи „сака да ја ескалира ситуацијата за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да не може да ја заврши руската војна против Украина“.

Тој потсети дека Путин денеска во Казахстан повторно рекламирал руски ракети и „подготвеност за убивање и уништување“.

„Путин јасно сака да додаде илјадници и илјадници проектили кои веќе ја погодија Украина. Нему не му треба крај на оваа војна. Освен тоа, Путин сака да ги спречи другите да ја завршат оваа војна. Тој сега може да мавта со својот „Орешник“ само за да ги попречат напорите на претседателот Трамп, што секако ќе се случи по инаугурацијата. Путин сега сака да ја ескалира ситуацијата за Трамп да не направи ништо и да не може да стави крај на војната“, рече Зеленски во вечерашното видео обраќање, пренесува Укринформ. .

Според него, Путин е единствениот виновник за оваа војна и единствениот кој верува во војна.

„И затоа сегашната ескалација на Путин е притисок подоцна да го принуди американскиот претседател да се согласи со условите на Русија“, рече Зеленски.

Тој ги повика сите Украинци да се засолнат кога има воздушни напади и ракетни закани.

"Ова е цврсто правило - правило кое не зависи од одредени изјави од Русија. Сега може да има уште повеќе руски обиди да сее страв и очај во Украина. На сите ни треба издржливост за да го надминеме сето ова. И ни треба единство - со сите партнери“, изјави претседателот на Украина.

Според него, Путин сега го прави она што секогаш го прави: заплашува, разделува, се обидува да ги скрши или потресе сите поединечно.

„Тој веќе не може ништо. Тој губи кога е сам. И сега мора да изгуби. Во сè. И ќе биде безбедно за сите“, рече Зеленски, коментирајќи ја изјавата на рускиот претседател во Организацијата на Договорот за колективна безбедност ( ОДКС) на самитот во Астана дека цели на новите балистички ракети „Орешник“ би можеле да бидат „центри за донесување одлуки во Киев“.

Зеленски најави дека утре планира да разговара со германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Мораме заедно да реагираме на обидот на Русија да ја направи ситуацијата неподнослива и да ја продолжи оваа војна“, нагласи Зеленски.

Според него, Украина и сите нејзини партнери се заинтересирани за мир и сега е неопходно да се зајакнат позициите на Украина.

„На секоја руска уцена треба жестоко да се реагира - како што тоа го заслужува Владимир Путин. И мора да се види перспективата за завршување на војната со вистински мир заедно со Америка, заедно со Европа, заедно со сите партнери. Ни треба вистински мир - мир благодарение на силата, а не овој збир на катастрофи, кога диктаторот во Москва 25 години му наметнува услови на секој нов лидер со своите проектили“, заклучи украинскиот лидер.

Со рафали и метеж се славеше Денот на албанското знаме во Скопје (ВИДЕО)

Со рафални пукотници во центарот на Скопје вечерва се славеше Денот на албанското знаме.

Стотици возила попладнево го блокираа главниот град со развиорени албански знамиња, се славеше Денот на албанското знаме. На крстосницата кај Мавровка се слушаа рафални пукотници.

Претходно колона од стотина возила тргна од средно Водно и се движеше кон централното градско подрачје. Граѓаните кои се најдоа во овој дел од Скопје сведочат дека движењето во двата правци било целосно блокирано.

притисни ентер