Почна судењето на Алек Болдвин за убиство од небрежност

Во Санта Фе, Ново Мексико, САД, почна судењето на Алек Болдвин за убиство од небрежност. 

Обвинителството тврди дека пред смртта на снимателката Халина Хачинс, холивудскиот глумец ги прескокнал безбедносните проверки и невнимателно ракувал со револверот.

Во октомври 2021 година, Болдвин се подготвувал за сцена со пиштолот на снимањето на филмот „'Рѓа“ на ранч кај Санта Фе. Мислејќи дека содржи лажни куршуми, тој пукал и ги ранил Хачинс и режисерот Џоел Соуза. Хачинс почина. На Болдвин му се заканува затворска казна до 18 месеци доколку биде прогласен за виновен. Тој се изјасни за невин, и тврди дека не е одговорен за вистинскиот куршум што бил ставен во пиштолот.

- Доказите ќе покажат дека обвинетиот Алек Болдвин туку-така зел вистински пиштол в рака, прекршувајќи ги кардиналните правила за безбедност и огнено оружје, изјави обвинителката Ерлинда Окампо Џонсон.

Адвокатот на одбраната, Алекс Спиро рече дека „овие кардинални правила не се кардинални правила на филмската сцена“.

- На филмски сет, безбедноста мора да е осигурана пред да се стави пиштолот во раката на глумецот, рече застапникот на Болдвин.

Првиот сведок кој сведочеше беше првиот полицаец кој пристигнал по пукањето. Видеото прикажано на суд од камерата на телото на Николас Лефлер, тогашен заменик-шерифот на Округот Санта Фе, ги покажува напори да се спаси Хачинс, која веќе е во несвест додека неколку луѓе се трудат да ѝ помогнат.

Филмот „'Рѓа“ е снимен и комплетиран. Сѐ уште не е одреден датумот на прикажување, според ИМДБ.

Фото: Севе во секси бикини

Мегапопуларната пејачка Северина  повторно ги воодушеви и израдува фановите на социјалните мрежи со свои фотографии и видеа.

Атрактивната Севе овој пат воодушеви со фотки во бикини.

Хрватската музичка ѕвезда објави фотки на кои таа позира во секси бикини на островот Врник.

Севе изгледа совршено во интересниот бел костим за капење во кој ја покажа нејзината импресивна фигура.

Пејачката носи голема капа на главата, а на нозете има скапи сандали од брендот Гучи.

-Шеширот го штити телото...“, напиша пејачката во описот на објавата.

Пет лица убиени во дом за стари лица во Дарувар, Хрватска

Пет лица загинаа во дом за стари и изнемоштени лица во Дарувар, 130 километри југоисточно од Загреб, јавија хрватските медиуми.

Според нив, маж влегол во домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето. Пет лица загинаа на лице место, а на некои се уште им се укажува лекарска помош.

Напаѓачот потоа побегнал, но полицијата набрзо го уапсила во близина на кафуле во градот. Низ градот одекнуваат сирени на служби за итна медицинска помош.

Тошковски: МВР и РСБСП се пример за одлична соработка која резултира со поголема безбедност

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со претседателката на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Гордана Кожуваровска. 

Како што соопшти МВР, на средбата била констатирана одличната соработка меѓу двете институции, базирана на примарната цел - подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Министерот Тошковски истакнал дека МВР и РСБСП се позитивен пример на две институции чиј партнерски однос креира позитивни резултати како зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот.

-Ги разгледувавме можностите во кои РСБСП според закон е обврзан значителен дел од неговиот буџет да го даде во поддршка на зголемување на капацитетите на МВР за унапредување на безбедноста на сообраќајот и сите негови учесници. Ги прецизиравме и планираните кампањи кои во континуитет РСПБСП ги изведува во соработка со министерството, посебно со одделите за превенција, опфаќајќи ги сите аспекти на безбедното учество во сообраќајот како неопходното користење појас, возењето со прилагодена брзина, обврската да не се користи мобилен телефон при возење и други, рекол Тошковски.

Министерот истакнал дека во моментов е актуелна заедничката кампања „Вози одморен“ која посебно во лето ги едуцира возачите кои тргнуваат на одмор или минуваат низ нашата држава дека возењето на долги дестинации мора да биде придружено со неопходен одмор од 10-15 минути на секои три часа, со цел безбедно пристигнување на посакуваната дестинација.

-За оваа кампања РСБСП има соработка и со српската Агенција за безбедност во сообраќајот и се планирани конкретни активности во кои се вклучува и министерството, истакнал министерот Тошковски.

притисни ентер