Столтенберг: НАТО премина многу црвени линии што ги постави Путин, но тој не направи ништо

НАТО веќе премина многу црвени линии што ги постави рускиот лидер Владимир Путин, но тој не направи ништо, изјави поранешниот генерален секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во интервју за „Фајненшл тајмс“.

-Ако не нешто друго, јас се залагам за преминување на сите овие таканаречени црвени линии што Путин ги постави. И ние преминавме многу од нив, а тој не направи ништо. Реалноста е дека ако претседателот Путин сака да ескалира (конфликтот) со употреба на оружје за масовно уништување, тој може да ги создаде сите изговори што му се потребни. Досега одговоривме на сите обиди да не доведе во заблуда, рече тој.

Столтенберг, исто така, нагласи дека имало денови и недели, особено на почетокот на војната, во кои НАТО морал да разговара и да го разгледа прашањето за руските црвени линии.

-Се разбира, треба да застанете и да размислите, можеби тоа е премногу опасно. Но, тогаш алтернативата, да престанете да ја поддржувате Украина поради некоја реторика, всушност не е опција, рече тој.

Поранешниот генерален секретар на НАТО, исто така, рече дека од почетокот на руската целосна инвазија врз Украина, го формулирал пристапот на НАТО - да ја поддржи Украина, но да не учествува во конфликтот.

Во интервјуто за„Фајненшл тајмс“, Столтенберг изрази жалење што Украина не добила повеќе оружје во претходната фаза од конфликтот. Тој рече дека НАТО требало да обезбеди голема воена поддршка на Киев уште пред да започне инвазијата, како и понапредно оружје по инвазијата на руските војници врз Украина.

-Јас го преземам мојот дел од одговорноста, нагласи Столтенберг.

„Повеќето сојузници беа против тоа пред инвазијата... тие многу се плашеа од последиците. Горд сум на она што го направивме, но ќе беше голема предност ако започнеше порано. Можеби дури и ќе ја спречеше инвазијата, или барем ќе направеше да биде многу потешко за (Русија) да го направи тоа што го направи“, додаде тој. /МИА

Мицкоски: Динамиката на градење е многу забрзана во споредба со минатото

До нова година очекуваме да бидат пуштени патиштата Ранковце-Крива Паланка и Градско до клисурата Фариш, динамиката на градење е многу забрзана во споредба со минатото.

„До Нова Година очекуваме да го пуштиме во употреба делот којшто иако беше фаворизиран некако беше заборавен, но благодарение на вончовечките напори на министерството, на Александар лично, на Коце Трајановски, директорот на ЈП Државни патишта овој пат од Ранковце до Крива Паланка би требало да биде пуштен во употреба. Исто така и уште еден пат, а тоа е од Градско преку Росоман до клисурата Фариш практично. Тој е оној експресен пат којшто треба да води до Прилеп. Тоа се првите два дела, а третиот е од клисурата Фариш до самиот Прилеп. И тика очекуваме напредок, бидејќи и тој беше заборавен. Преставува проблем една карпа која е надвисната на патот и постои опасност да во одреден момент се сруши но и за тоа се бара решение да можеме до Нова година и тој пат да го пуштиме“, вака претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање, во врска со тоа како течат работите во патната инфраструктура и динамиката на изградба на експресните патишта.

Мицкоски исто така додаде дека се прават натчовечки напори да се решат проблемите наследени од претходната влада и да се забрза динамиката на наследените проекти.

„Исто така она наследство кое што ни беше оставено, Коридорот 8 и Коридорот 10Д, односно оние четири секции коишто треба да ги поврзат Тетово и Гостивар, од Гостивар до Букојчани, од село Требениште до граничен премин Ќафасан и од Прилеп до Битола се работат. За жал поради немањето проекти, односно проектирањето во текот на изградба, многуте нерешени имотноправни проблеми, односно проблеми со експропријација, даваме вон човечки напори да го решиме, но динамиката е многу забрзана споредено со минатото, но сепак не е на она ниво на коешто сакаме да биде, но набргу од денеска мислам дека ќе го постигнеме тоа ниво на динамика коешто го очекуваме“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Започнуваме со проектирање на исти така експресно поврзување, односно поврзување со експресен пат од Куманово до местото Чатал, таму каде што започнува овој експресен пат, преку Длабочица доаѓа до Крива Паланка и мислам дека ни остануваат уште неколку секции коишто ќе ги работиме во периодот кој што следи со што ќе ја заокружиме целосно патната инфраструктура кај нас во Македонија, не само автопатите, туку и експресните патишта.“

Мицкоски истакна дека истовремено се работи и на пругите, приспособување на локомотивите, како и на консолидирање на јавните претпријатија Македонски Железници Инфраструктура и Транспорт.

„Остануваат уште пругите. План е модернизација на Коридорот 10, Север-Југ. Имаме дилема дали да одиме по истата траса каде што ќе треба да се модернизираат шините и електрификација на истата со што би се постигнала просечна брзина од 110 до 120 км/час,, што не е големо достигнување имајќи предвид дека сега просечната брзина е помеѓу 25 и 30 км/час, како во 19 век и ќе биде барем четири пати поголема оваа брзина. Или пак да направиме експресна пруга, брза пруга таканаречена којашто би се исправила кај Свети Николе и би се спуштила доле на Гевгелија со крак кон Скопје и Велес каде што би можел возот да сообраќа со брзина од 220 до 250 км на час“, истакна Мицкоски и додаде:

„Истовремено правиме напор за консолидирање на јавните претпријатија Македонски Железници Инфраструктура и Транспорт. Беа оставени на милост и немилост повеќе од 200 вагони во пристаништата во Грција затоа што немавме функционални локомотиви. Полека оспособивме 2 стари дизел локомотиви, позајмивме нешто од соседна Србија и работиме напорно да се обидеме да ги реконструираме или поправиме кинеските локомотиви, бидејќи тие во моментов нема кој да ги поправи затоа што е останат долг кон компанијата којашто ги испорачува и тој долг не е платен и затоа тие не сакаат да дојдат да ги сервисираат. Од прилика со такви работи се занимаваме како Влада“.

Сирија поднесе барање за членство во БРИКС

Сирија сака да се приклучи на организацијата БРИКС и веќе поднела барање за прием, соопшти денеска сирискиот амбасадор во Русија, Башар Џафари.

Тој истакна дека неговата земја е многу заинтересирана да се приклучи кон организацијаата, пренесуваат руските медиуми.

Испративме писмено барање за прием во БРИКС“, рече сирискиот амбасадор на маргините на форумот „Северен Кавказ: Нови геостратешки можности“./МИА

притисни ентер