Претседателот нареди итен преглед на новата рамка кога станува збор за видот на оружјето што е дозволено да циркулира меѓу цивилното население, земајќи го предвид типот „употребен при пукањето во Казан“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по нападот врз училиштето каде според последните податоци биле убиени седум лица.
Иако претходно беше објавено дека се убиени најмалку 11 лица, Ројтерс подоцна го намали бројот на седуммина, а многумина се повредени, како што потврди лидерот на регионот Татарстан, чиј главен град е Казан.
"Загубивме седум деца. Четири момчиња и три девојчиња. И шеснаесет лица, 12 деца и четири возрасни се во болница", рече Русам Миниканов.
Две деца биле видени како скокаат од третиот кат на зградата за да избегаат од пукањето, покажуваат снимките пренесени од РИА.
Медиумите претходно објавија дека двајца напаѓачи биле вклучени во нападот, но сега се зборува само за еден.
"Терористот е уапсен. Тој е 19-годишник кој имал официјално регистрирано оружје", рече Миниканов.
Нарекувајќи ја голема трагедија за целата земја, лидерот на Татарстан рече дека засега нема докази дека некој друг учествувал во пукањето.
Пукањето во училиштата е ретко во Русија. Еден од последните вакви инциденти се случил на Крим, полуостров анексиран од страна на Русија од Украина, каде што во 2018 година студент уби 19 лица и се самоуби.