Во декември 2024, пак, во споредба со истиот месец од 2023 година, трошоците на живот се зголемени за 4.4 %, а цените на мало за 4.3 %.
Движењето на индексот на трошоците на животот во 2024 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката.
Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 9.9 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици
за 7.6 %, Здравје за 5.3 %, Разновидни стоки и услуги за 5.1 %, Рекреација и култура за 4.9 %, Мебел, покуќнина и
одржување на домаќинствата за 3.8 %, Облека и обувки за 3.1 %, Комуникации, Храна и безалкохолни пијалаци за
2.9 %, Транспорт, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1.4 % и Образование за 0.2 %.
Движењето на индексот на цените на мало во 2024 година, исто така, беше различно кај одделни групи производи.
Пораст на индексите е забележан во сите групи: Земјоделски производи за 7.1 %, Услуги за 5.0 %, Пијалаци за 4.0 %,
Индустриско-прехранбени производи за 3.5 %, Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 2.1 %.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2024 година, во однос на ноември 2024
година, изнесуваше 0.3 %. Зголемувањето на инфлацијата во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 4.8 %, рекреација и култура за 1.7 %,
ресторани и хотели за 0.4 %, облека и обувки за 0.2 %, разновидни стоки и услуги за 0.1 %.
Во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во
следните групи: комуникации за 0.4 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 %, мебел, покуќнина и одржување на
домаќинствата за 0.2 %.
Трошоците на животот во групите: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други
горива, здравје и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Цените на мало во декември 2024 година во однос на ноември 2024 година бележат раст од 1.2 %, објави ДЗС.