Потребни состојки : 1 кг. интегрално брашно, 200 мл. органски сок од праска, 40 гр. влажен квасец, 1 тегла џем од органски праски, 200 гр. сечкани органски бадеми, 200 гр. сечкани органски ореви, масло за јадење по потреба и малку сол.
Постапка:
Во сокот од праска се става квасецот и се размешува со лажица.
Се додаваат 2 лажици масло и се продолжува со мешањето.
Во подлабок сад со брашно се додава смесата и малку сол.
Се меша со лажица и се замесува тесто.
Откако тестото добро ќе се измеси се остава да отстои околу 45 минути.
Од тестото се расукуваат кори во вид на правоаголник.
Секоја кора се премачкува со џем од органски праски.
Одозгора се посипуваат сечкани бадеми и се витка ролат.
Ролатите се ставаат во тепсија премачкана со масло.
Одозгора се посипуваат со сечкани ореви и се печат под вршник околу 30 минути.