Потребни состојки: 1 кг. пилешки стек, 500 гр. печурки, 500 мл. хопла, малку маслиново масло, 50 гр. рокфорт сино сирење, 100 гр. пармезан, 1 лажица мед, 2 чешни лук, кари, зачин од сув зеленчук, свеж магдонос, мешавина од бибер, свеж рузмарин и чили.
Постапка:
Пилешкиот стек се сечe на коцки и се става во маринада од: маслиново масло, кари, зачин од сув зеленчук, малку мешавина од бибер, лук, свеж рузмарин и мед.
Стекот отстојува во маринадата околу 2 часа.
За тоа време во тава со маслиново масло се пропржуваат печурките зачинети со: чили, мешавина од бибер и лук.
Откако ќе се испржат печурките се префрлаат во друг сад, а во тавата се пржи пилешкото месо.
По неколку минути во тавата со пилешкото месо се додаваат печурките и се продолжува со пржење.
Потоа се додава хопла и се продолжува со пржењето.
При крај се додава рокфорт сино сирење и пармезан.
На крај се додава свеж магдонос.