ПИЛЕШКО СЕЛСКО МЕСО

РЕЦЕПТ НА:   ЛИЛЕ МИЦКОВ

Потребни состојки : 500 гр. пилешки стек, 1 главица кромид, 200 гр. печурки, 1 тиквичка, 1 пиперка, малку масло, малку магдонос, сув зачин и оригано по вкус.

Постапка:

Пилешкиот стек се сече на коцки.

Пиперката, кромидот, тиквичката и печурките се сечкаат и се ставаат на скара да се пржат.

Се зачинуваат со сув зеленчук, оригано и магдонос и се полеваат со масло.

По 5-10 минути се додава сечканиот стек и се полева со масло.

По неколку минути се додава сечкан магдонос и сите состојки се промешуваат.

Се продолжува по пржењето уште неколку минути и сите состојки се ставаат во земјена тава.

Се полеваат со масло и се додава сечкан магдонос.

Физичка пресметка меѓу пратениците од власта и опозицијата во српското собрание

Денешната расправа на пратениците во собранието на Србија наменета за предлог-буџетот за 2025 година прерасна во општ хаос и физичка пресметка меѓу пратениците од власта и опозицијата.

Хаосот во српскиот парламент настана во моментот кога министрите од владата на Србија влегоа во салата.

До инцидент дојде кога пратениците на владејачката коалиција и на опозицијата дојдоа на говорницата држејќи транспаренти, по што имаше извици, меѓусебно туркање и фрлање хартии и вода. Потоа, опозицијата внесе голем бел транспарент со „крвава рака“ во салата, кој го поставија пред говорницата, додека еден пратеник не се обиде да им го грабне транспарентот, по што повторно избувна конфликт, а седницата извесно време беше прекината.

Андоновски: До јануари 2025 година ќе имаме нацрт закон за сајбер безбедност

До јануари биде подготвен нацрт законот за сајбер безбедност, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, пред почетокот на средбата на работната група за подготовка на овој закон.

Целосната изјава погледнете ја во видеото.

Ердоган и Руте разговараа за начините за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија

 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска во Анкара разговараа за начините за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија.

„За време на состанокот разговаравме што може да се направи за да се стави крај на украинско-руската војна, а се разговараше и за масакрот во Палестина“, соопшти турското претседателство на платформата X.

Руте и Ердоган одржаа и заедничка прес-конференција./МИА

притисни ентер