Петрушевски: СДС на чело на АНБ постави член на ИО на партијата како Виктор Димовски

СДС на чело на АНБ постави член на ИО на партијата како Виктор Димовски, а АР ја партизираше со Муслиу, заврши времето на партизација на службите.

СДС нема кредибилитет да зборува за безбедносните служби.

СДС ги партизираше АНБ и АР додека беа на власт. На чело на АНБ го поставија партискиот кадар Виктор Димовски, кој беше партиски функционер на СДС.

Виктор Димовски беше член на ИО на СДС, највисоко тело во опозициската партија, и член на нивните комисии.

Во АР СДС го има поставено Еролд Муслиу, кој во ек на најголема власт на СДС ги следеше функционерите на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребувајќи ја службата.

Муслиу правеше хајки против ВМРО-ДПМНЕ, а од Агенцијата за разузнавање направи партиски штаб на СДС.

Да потсетиме само дека СДС за директор на УБК своевремено го имаше и Миле Зечевиќ, партиски функционер, кој потоа стана и генерален секретар.

За разлика од кадрите на СДС како Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Миле Зечевиќ, ВМРО-ДПМНЕ на чело на службите поставува професионалци.

Изборот на Бојан Христовски на чело на АНБ е професионален избор, станува збор за лице кое повеќе од деценија е вработено во безбедносните служби и и служело на државата.

Бојан Христовски е лице кое како професионалец бил подлежен на хајка и мобинг од партиските кадри на СДС, исто како и сите останати професионалци во службите.

Времето на шиканирање на професионалците во безбедносните служби заврши.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски со одговор на изјавата на Јотова–Има земји членки на ЕУ кои не почитуваат пресуди

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова ги повика македонските колеги кога ги читаат, подобро да ги разбираат европските вредности, бидејќи Бугарите, како што рече, никогаш не биле воспитувани да ги навредуваат соседите.

Од трибина во Ќустендил насловена „Бугарите на Балканот надвор од границите по 1878 година“, Јотова ги потсетува македонските власти и дека во преговорачкиот процес со ЕУ постоело прво и главно поглавје кое ги регулира основните човекови права. Таа упати и суптилна порака до Македонија дека ако не ги почитува човековите права, може да преговара до бескрај.

- Непростлива е агресијата, не само вербалната, туку и кога насилството прикрива тврдоглава, но длабоко погрешна теза, и уште повеќе - неисполнување на веќе преземени меѓународни обврски. Сигурно ќе погодите дека се работи за една од нашите западни сосетки - Македонија, за која, за жал, последниве години наместо добрососедство - ова е парадокс, но е факт - наместо потпишан договор и негово спроведување, кое го носи гласното име ‘добрососедство', како да одиме во обратна насока, изјавила Јотова.

Коментирајќи ја изјавата на бугарската потпретседателка, премиерот Мицкоски ја посоветува Јотова истите совети да ги упати дома, со оглед дека Софија не почитува бројните пресуди од Судот за човекови права во Стразбур, и не и дозволува на македонската заедница ниту да се организира во невладини здруженија.

- Јас би сакал да ја упатам госпоѓата овој совет да го даде и кон тие земји членки којшто треба конечно да ги почитуваат и којшто се спречени пред можни санкции за почитување на човековите права. Имаме 14 пресуди за македoнската заедница во Бугарија. Ги повикувам истите овие кои што нас ни даваат совети, да ги советуваат и бугарските власти, да ѝ дозволат на македонската заедница барем да се организира во невладини организации. Не бараме да бидеме дел од Уставот, туку да се организираат во невладини организации, кажа Мицкоски.

Залагањето на Владата за одложено дејство на уставните измени го повтори и претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Како што кажа во вчерашното „Само интервју“ на Канал 5 уставни измени се можни само со одложена примена и ако се добијат гаранции од Брисел за идентитетот и јазикот.

- Не можете да си дозволите да ставите државјани на оваа држава во уставот кои што ќе ве негирaат од внатре. Нашите негации сега доаѓаат од надвор, тој што не ви е во дворот може да ви каже што сака, но тој што ќе влезе во вашата куќа и тоа како треба да внимава, изјави Димитриевски во Само Интервју.

Инаку, неодамна и Комитетот на министри на Советот на Европа ја потсети Софија дека има дузина неспроведени пресуди од Судот во Стразбур цели 17 години, а потоа и советодавниот комитет на истото тело нотираше дека во Бугарија постои недоволна свест за малцинските права како составен дел на човековите права.

Продолжи судењето за свирепото убиството на Вања и Панче

Во Кривичен суд утрово продолжи третото судењето на петмината обвинети за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. 

Денеска свој исказ дадоа повеќе сведоци меѓу кои и началникот на единицата за насилен криминал, Дејан Димовски, кој кажа дека дека кога го пронашле телото на Вања, освен што била врзана, на телото немало други траги на насилств

Судењето го следи Михајло Видимлиски

Михајло, дали денеска се открија некој нови детали од овој монструозен чин?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Министерот Тошковски на средба со шпанскиот амбасадор Рафаел Соријано Ортиз

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз.

На средбата, како што оопшти МВР, била потврдена досегашната добра полициска соработка во делот на брза, квалитетна и ефикасна размена на оперативни сознанија, односно редовно постапување по барања упатени од двете држави за различни видови на проверки во сите форми на организиран криминал.

-Двете страни се сложија дека сето тоа придонесува за поефикасно координирање и спроведување на активностите со меѓународните криминалистички служби, во борбата против организираниот и другите видови сериозен криминал и дека ваквите традиционално добри односи и соработка ќе продолжат и во иднина, се наведува во соопштението од МВР.

притисни ентер