Петрушев потпиша за Олимпијакос

Грчкиот кошаркарски великан Олимпијакос го објави трансферот на српскиот центар Филип Петрушев.

Дваесет и тригодишниот Петрушев се согласи на тригодишна соработка со тимот од Пиреја.

Петрушев ја започна сезоната во НБА, но не успеа да добие стабилно место во ротацијата. Неодамна беше ослободен од Сакраменто.

Претходно Србинот играше во Европа за Црвена ѕвезда, Анадолу Ефес и Мега.

Артета: Топката во Лига купот е многу различна од топката во Премиер лигата

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, по синоќешниот пораз од Њукасл (0:2) во првиот натпревар од 1/2 финалето на англискиот Лига куп, истакна дека во Премиер лигата тимовите играат со топки од различен производител.

- Едноставно е различно, многу различно од топката во Премиер лигата и треба да се прилагодите на неа бидејќи се движи поинаку. Кога ќе ја допрете, стисокот е исто така многу различен, така што треба да се навикнете, изјави Артета.

Реваншот ќе се одигра во Њукасл на 5 февруари.

Во другата полуфинална пресметка ќе се соочат Тотенхем – Ливерпул./МИА

Повторно издаден налог за апсење на претседателот на Јужна Кореја

Судот во Сеул синоќа повторно издаде налог за апсење на претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јол, кој е обвинет за бунт и беше изгласано негово отповикување. Демонстрантите и поддржувачите на Јун и денеска се пред претседателската палата.

Претседателската безбедносна служба минатата недела постави бодликава жица и барикади пред претседателската палата, блокирајќи го пристапот до Јун, кој одбива да се појави на распит.

Јун е под истрага за бунт поради неговото прогласување воена состојба на 3 декември, што ја шокираше Јужна Кореја и доведе до првиот налог за апсење на актуелен претседател. Против Јун се води уште еден судски процес пред Уставниот суд откако на 14 декември му беше изгласан отповик поради прогласувањето воена состојба.

Директорор на Канцеларијата за истраги за корупција на високо ниво О Донг-вон синоќа се извини за неуспешнит обид за апсење на Јун на 3 јануари. Тој ја прекин акцијата за апсење на Јун откако човечки синџир од стотици членови на претседателското обезбедување и припадници на армијата спречија да влезе во претседателската палата.

Се што е можно ќе направиме за да ја постигнеме нашата цел и овојпат ќе се подготвиме темелно и со голема решителност, така што вториот обид за извршување на наредбата да биде последен, наведе О пред парламентарната комисија.

Но, не е познато колку време ќе биде потребно да се изврши новиот налог за апсење на Јун. /МИА

Скопје утрово најзагаден град во Европа, седми во светот

Скопје и утрово е меѓу 10-те градови со најголемо аерозагадување во светот. 

Според табелата на платформата за мерење на аерозагадувањето „Ај кју аир“, во 9 :45 часот главниот град се наоѓа на седмо место во светот и е најзагаден град во Европа.

Со вредност на нивото на штетни ПМ честички од 164 единици воздухот во Скопје е во категоријата означена со црвено како „нездрав“ воздух.

Листата на најзагадени градови ја предводат Дака (197) во Бангладеш, Лахор (180) во Пакистан и Делхи во Индија (174),

Од градовите во Европа, по Скопје, според загаденоста на воздухот се Сараево на 35 место, Букурешт на 36. место и Приштина на 37 место.

Изминатите денови главниот град е меѓу најзагадените градови во Европа и светот.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека единствен начин да се намали емисијата на штетни честички е во зимскиот период да се смени системот на затоплување домови. Тој рече дека се работи на тоа, но, оти е потребно време и пред се изградба на гасни централи.

- Ние работиме за да се изградат гасни централи. Еден од петнаесетте инвеститори е таков, заинтересиран да изгради такви гасни централи. Но, за тоа ќе треба време, најмалку две до три години за сето тоа да профункционира. За да се изградат топловоди можеби повеќе, можеби пет и шест години, рече Мицкоски.

Од Град Скопје деновиве информираа дека се спроведуваат засилени инспекциски контроли и се изрекуваат казни, Воедно обвинија дека од 14 институции здолжени за животната средина, само тие се на терен.

притисни ентер