Пет бронзи за каратистите на Макпетрол на Балканскиот шампионат во Сараево

 На Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори одржано викендот во Сараево,  каратистите на „Макпетрол“ освоија пет бронзени медали. 

Стефан Стојановиќ и Данило Божовиќ се закитија со по две одличја, додека Јована Мицовска оствари еден пласман на третата позиција.

Сите медали се освоени во највозрасната категорија на помлади сениори (У21), дисциплината кумите (борби). Три одличја се во поединечна, а две во екипна конкуренција.

На шампионатот што се одржа во главниот град на Босна и Херцеговина учество земаа 1.234 каратисти од 13 држави со 1.297 натпреварувачки влезови.

СДСМ:Ниедна лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата и Тошковски со бегството на Груби

Ниту една лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата на Мицкоски и Панче Тошковски со бегството на Груби.

Косовската граница е решето, отворена за бегање на криминалци и терористи. Тошковски појма нема каде се наоѓа Груби и после сите скандали треба да се поднесе оставка.

На Владата на Мицкоски навистина не ѝ оди добро, она што го ветуваше пред изборите не го испорача, скандали има секојдневно, институциите не функционираат, граѓаните осиромашуваат, цените растат, државата е заглавена и уназадува.

Граѓаните тоа го гледаат секој ден и нарачаните анкети не може да им помогнат на Мицкоски и компанија.

СДСМ

Анкета Маркет вижн: Граѓаните се задоволни од работата на Владата и премиерот Мицкоски

За работата во првите пет месеци на Владата и на премиерот граѓаните дадоа позитивна оценка. Oва се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 6 до 15 декември на 1.200 испитаници.

Новата Влада на Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски и досега донесените одлуки во однос на заемот од Унгарија и замрзнувањето на цените за „новогодишната кошничка“ главно ја имаат поддршката на македонските граѓани.

За работата во првите пет месеци на Владата и на премиерот граѓаните дадоа позитивна оценка. Oва се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 6 до 15 декември на 1.200 испитаници.

Ова истражување покажа дека мала е разликата во ставот на граѓаните во однос на тоа во која насока се движат работите во Македонија – 35,6 отсто од испитаниците сметаат дека таа насока е правилна, а за 34,3 отсто од нив – погрешна.

Македонските граѓани, според ова истражување, се задоволни од работата на Владата во изминатите пет месеци – вкупно 38,9 отсто од испитаниците одговориле дека се задоволни или се многу задоволни, неутрални се 24,4%, а 31,2 отсто одговориле дека не се задоволни или воопшто не се задоволни.

Позитивна оценка доби и работата на премиерот Христијан Мицкоски – 40,3 отсто од испитаниците одговориле дека се задоволни или многу задоволни од неговата досегашна работа.

И за мерките кои оваа Влада ги презеде, особено оние поврзани со распределбата на средствата од кредитот од Унгарија, македонските граѓани главно имаат позитивиен став.

Анкетирањето беше спроведено од 6 до 15 декември година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Извор. мкд.мк

Завршен јубилеен концерт „75 години македонски код“ на ансамблот Танец

Националниот ансамбл за народни игри и песни – Танец денеска во Скопје ќе одржи завршен јубилеен концерт „75 годни македонски код“. 

На концертот во Националната опера и балет ќе бидат изведени многу музичко-сценски бисери од богатата фолклорна ризницата на Танец, што датираат од различни периоди на делувањето на ансамблот, прекрасните ора и кореографски постановки како „Тешкото“, „Женско чамче“, „Драчевка“, „Свадба“, „Два танца“, „Џамала“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „К’лц нога“, „Копачка“, „Беломорски бисер“, „Малешевка“, „Радовишки собор“ и многу други вокални и вокално-инструментални точки, во изведба на вонсериските национални уметници на ансамблот Танец.

Ансамблот Танец е основан во март 1949 година во Скопје и веќе 75 години е еден од најстамените столбови на македонската традиција и култура, и, недвосмислено, еден од главните темели на македонската државност.

притисни ентер