Патријархот Порфириј и архиепископот г.г. Стефан богослужеа литургија во Србија

Архиепископот Стефан се заблагодари за поканата да учествува во величественото празнување на манастирската слава во Ѓунис и по тој повод на митрополитот Арсениј му подари величествена икона на Пресвета Богородица.

Српскиот патријарх г. Порфириј, со сослужение на архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан вчера богослужеа на празникот Покров на Пресвета Богородица, со света литургија во чудотворниот манастир посветен на Богородица во Ѓунис кај Крушевац, каде пред две и пол години се водеа разговори и беше постигнат договор за воспоставување канонско и литургиско единство меѓу СПЦ и МПЦ-ОА, јави дописникот на МИА од Белград.

Покрај патријархот на Српската православна црква и архиепископот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, сослужуваа и митрополитите преспанско-пелагонискиот Петар, дебарско-кичевскиот Тимотеј, бачкиот Иринеј и нишкиот Арсениј, како и епископите хераклејскиот Климент и јенополскиот Никон.

Архиепископот Стефан се заблагодари за поканата да учествува во величественото празнување на манастирската слава во Ѓунис и по тој повод на митрополитот Арсениј му подари величествена икона на Пресвета Богородица.

Во знак на молитвеното сеќавање на историската посета на манастирот на Богородица во Ѓунис, митрополитот Арсениј на патријархот Порфириј и архиепископот Стефан им подари икони на Покров на Пресвета Богородица, кои беа специјално насликани за вчерашната свечена пригода, на кои е претставен храмот на манастирот и капелата над чудотворниот извор.

-Токму овде, во ова свето семејство под Покровот на Богородица, пред две и пол години се водеа братски разговори за воспоставување канонско и литургиско единство меѓу СПЦ и Македонската православна црква - Охридска архиепископија. И токму тука, во љубов, во братско разбирање, почит и благодарност, беше постигнат тој долгоочекуван договор кој донесе радост и на српскиот и на братскиот македонски народ и ги исполни нашите срца со радост. Уште тогаш се зборуваше дека овде, во ова свето семејство, треба да служиме една заедничка Литургија во братска љубов и единство, за да му заблагодариме на Бога и на Пресвета Богородица, кои со нејзино застапништво и молитви направија да дојде до тоа долгоочекувано единство, кажа митрополитот Арсениј, се наведува во соопштението на сајтот на СПЦ.

Патријархот српски г. Порфириј се заблагодари на владиката Арсениј, „за љубовта, за гостопримството, за молитвите и за благословот што го имавме пред две и пол години да овде саборствуваме и да ги завршиме дискусиите и сите заедно да бидеме сведоци и учесници на едно големо чудо - воспоставување на единство меѓу нас“.

-Браќа и сестри, сигурен сум дека како што не ни требаше преведувач во Скопје и во другите места во Македонија кога се обраќавме на полнотата на Црквата, така и овде не ни требаше превод. Ако некој збор не беше јасен, срцето е толку отворено и љубовта Господова и Пресвета Богородица е со нас што се разбираме, дека сме во љубов во однос на Господ и меѓу себе - едно, и тоа е поважно од се, кажа срспкиот патријарх Порфириј.

Српскиот премиер тврди дека сите што се виновни за падот на настрешницата ќе бидат гонети

Српскиот премиер тврди дека сите што се виновни за падот на настрешницата ќе бидат кривично гонети.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека сите што се виновни за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, ќе одговараат „но не затоа што некој го побарал на улица“, туку ќе се утврди нивната вина од страна на судот.

Вучевиќ за Радио телевизија на Србија (РТС) изјави дека Србија мора да продолжи да функционира како држава и општество.

„Народот мора да продолжи понатаму, тоа не значи дека е заинтересиран за утврдување одговорност, бидејќи животот мора да продолжи и Србија не смее да запре, ниту семејствата кои ги загубија своите најблиски, мора да продолжат да живеат“, рече премиерот.

„За доброто на загинатите треба да продолжиме и да се погрижиме тоа никогаш да не се повтори, а виновниците ќе бидат кривично гонети затоа што тоа ќе го утврди судот, а не затоа што некој на улица го кажал тоа“, посочи Вучевиќ.

Тој потсети дека Обвинителството приведе 13 лица и додаде дека „работи онака како што мисли дека треба да работи, а не под влијание на извршната власт“.

Во кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Во Oсновниот кривичен суд скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

СИРИЗА избра нов лидер

 Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и симпатизери.

Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и симпатизери, јави дописничката на МИА од Атина.

Фамелос освои 49,4 отсто од гласовите, поранешниот министер Павлос Полакис беше втор со 43,5 проценти и веднаш по соопштувањето на резултатите доцна синоќа изјави дека не е потребно одржување втор круг.

Останатите двајца кандидати, европратеникот Николаос Фарандурис и актерот Апостолос Глецос освоија 5,1, односно 1,99 проценти од гласовите.

Поради зголемениот интерес, гласањето вчера беше продолжено за еден час.

По соопштувањето на резултатите, Фамелос (58) рече дека „СИРИЗА ќе биде посилна и поголема и во и вон Парламентот и во Грција и во Европа“.

Изборите во СИРИЗА се одржаа откако поранешниот претседател Стефанос Каселакис по само една година на функцијата беше разрешен во септември со одлука на Централниот комитет на партијата и не му беше дозволено одново да се бори за лидерската позиција, по што во саботата ја претстави неговата нова партија Движење на демократија.

На парламентарните избори пред нешто помалку од 18 месеци СИРИЗА освои 17,83 отсто од гласовите, додека пак на евроизборите во јуни годинава 14,92 проценти, а и во двата изборни процеси беше на второто место.

Согласно резултатите од истражувањата на јавното мислење во Грција објавени во изминатиот период, СИРИЗА е со намален рејтинг.

притисни ентер