Од болницата соопштија дека 95-годишниот поглавар на Албанската православна црква е во критична состојба.
Во текот на вчерашниот ден, пред да му се влоши состојбата, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и поглаварот на Грчката православна црква Јеронимос ја посетија болницата за да се информираат за здравствената состојба на архиепископот.
Јеронимос имал кус разговор со Анастасиос и му посакал поскоро закрепнување.
Поглаварот на Албанската православна црква, минатиот понеделникот на 30 декември бил превентивно примен во болница во Тирана со сезонски вирус, меѓутоа ситуацијата се влошила, па во петокот вечерта 95-годишниот архиепископ со авион на грчкото воено воздухопловство, итно беше пренесен во болница во Атина. /МИА