ПАСТРМКА СО КУС КУС

Рецепт на ЈАГОТКА ТОМОВСКА

Потребни состојки: 2 пастрмки, 250 гр. кус кус, 1 л. вода, малку сол, 300 гр. мешан зеленчук, 2 чешни лук, 1 лимон, малку магдонос, малку зачин од сув зеленчук и 2 лажици маслиново масло.

Постапка:

Во тенџере со зовриена вода се става: еден прстофат сол, мешан зеленчук, лук, магдонос и се зачинува со зачин од сув зеленчук.

Во решеткастиот сад над тенџерето се става кус кус и маслиново масло.

Состојките се мешаат, садот се покрива со капак и се остава на пареа околу 10 минути.

За тоа време пастрмките се печат во рерна.

Кус кусот се става во друг сад и се посипува со процедена течност од сварениот зеленчук.

Сварениот зеленчук и исечканиот лимон се додаваат на печената риба.

Кук кусот се става во друг сад и се остава малку да отстои.

Српскиот премиер тврди дека сите што се виновни за падот на настрешницата ќе бидат гонети

Српскиот премиер тврди дека сите што се виновни за падот на настрешницата ќе бидат кривично гонети.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека сите што се виновни за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, ќе одговараат „но не затоа што некој го побарал на улица“, туку ќе се утврди нивната вина од страна на судот.

Вучевиќ за Радио телевизија на Србија (РТС) изјави дека Србија мора да продолжи да функционира како држава и општество.

„Народот мора да продолжи понатаму, тоа не значи дека е заинтересиран за утврдување одговорност, бидејќи животот мора да продолжи и Србија не смее да запре, ниту семејствата кои ги загубија своите најблиски, мора да продолжат да живеат“, рече премиерот.

„За доброто на загинатите треба да продолжиме и да се погрижиме тоа никогаш да не се повтори, а виновниците ќе бидат кривично гонети затоа што тоа ќе го утврди судот, а не затоа што некој на улица го кажал тоа“, посочи Вучевиќ.

Тој потсети дека Обвинителството приведе 13 лица и додаде дека „работи онака како што мисли дека треба да работи, а не под влијание на извршната власт“.

Во кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Во Oсновниот кривичен суд скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

СИРИЗА избра нов лидер

 Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и симпатизери.

Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и симпатизери, јави дописничката на МИА од Атина.

Фамелос освои 49,4 отсто од гласовите, поранешниот министер Павлос Полакис беше втор со 43,5 проценти и веднаш по соопштувањето на резултатите доцна синоќа изјави дека не е потребно одржување втор круг.

Останатите двајца кандидати, европратеникот Николаос Фарандурис и актерот Апостолос Глецос освоија 5,1, односно 1,99 проценти од гласовите.

Поради зголемениот интерес, гласањето вчера беше продолжено за еден час.

По соопштувањето на резултатите, Фамелос (58) рече дека „СИРИЗА ќе биде посилна и поголема и во и вон Парламентот и во Грција и во Европа“.

Изборите во СИРИЗА се одржаа откако поранешниот претседател Стефанос Каселакис по само една година на функцијата беше разрешен во септември со одлука на Централниот комитет на партијата и не му беше дозволено одново да се бори за лидерската позиција, по што во саботата ја претстави неговата нова партија Движење на демократија.

На парламентарните избори пред нешто помалку од 18 месеци СИРИЗА освои 17,83 отсто од гласовите, додека пак на евроизборите во јуни годинава 14,92 проценти, а и во двата изборни процеси беше на второто место.

Согласно резултатите од истражувањата на јавното мислење во Грција објавени во изминатиот период, СИРИЗА е со намален рејтинг.

притисни ентер