Парулеска прогласена за најдобра кадетка на Европскиот шампионат во традиционално таеквондо

Македонската репрезентативка во традиционално таеквoндо, Христијана Парулеска од Охрид, прогласена за најдобра кадетка на Европското првенство што се одржува во италијанското летувалиште Јесоло.

Државната првенка Парулеска со освоени две медали, златна во борба и сребрена во категоријата борба со замислен противник, го достигна европскиот трон, за што на посебна церемонија денеска и беше врачен пехар, прва таква награда што македонски спортист ја освоил во поединечна конкуренција на Европски шампионат.

Пехарот и го врачи Руџиеро Ланоте, организаторот на Европското првенство и претседател на Италијанската теквондо федерација, а честитки за престижната награда Парулеска доби и од претседателот на Европската федерација – ЕИТФ, како и сите останати присутни членови на Интернационалната теквондо федерација.

Успехот на младата охриѓанка е дотолку поголем што медалите и европската титутла се освоени во силна конкуренција репрезентативци од 27 држави од контитентот.

Еден суплемент е задолжителен за сите постари од 40 години

 Ја зголемува енергијата, го поддржува здравјето на срцето, го штити нервниот систем...

Еве што не сте знаеле дека е потребно да користите.

Q10, познат и како коензим Q10, стана клучна состојка во многу производи за нега на кожата против стареење. Овој моќен антиоксиданс игра витална улога во одржувањето на здравјето и виталноста на нашето тело. Еве ги клучните причини зошто треба да размислите за додатокот Q10:

Ја зголемува енергијата

Q10 помага во производството на аденозин трифосфат (ATP), молекула која им обезбедува на клетките енергија потребна за хемиски реакции, регенерирање, раст и други витални процеси.

Го поддржува здравјето на срцето

Може да помогне во превенирањето на срцеви заболувања со зголемување на енергијата потребна за работата на срцето.

Ја заштитува кожата

Помага во одржувањето здрав раст на клетките на кожата и ја штити од слободните радикали и предвременото стареење предизвикано од УВ зраците.

Ја подобрува циркулацијата

Како моќен антиоксиданс, Q10 ја подобрува циркулацијата и снабдувањето на ткивата со кислород, што може да им помогне на спортистите да се борат со заморот и да ја намалат болката во мускулите.

Го штити нервниот систем

Има заштитен ефект врз нервниот систем и мозокот, што може да помогне во спречувањето на невродегенеративни болести.

Според фармацевтот Шабир Даја, креатор на брендот за додатоци DoSe и коосновач на британската компанија за здравје и убавина Victoria Health, Q10 е присутен во секоја клетка од нашето тело и помага во производството на енергија потребна за растење и одржување на телото. Највисоки концентрации на Q10 се наоѓаат во срцето, црниот дроб, бубрезите и панкреасот, органи со високи енергетски потреби.

Можни контраиндикации

Сепак, постојат неколку контраиндикации. Во високи дози (над 100 mg на ден) може да предизвика гадење и дијареа, не се препорачува за време на бременост и доење и може да го попречи дејството на некои лекови. Исто така, количината на Q10 во телото се намалува со возраста, при што земањето на овој суплемент може да биде корисно, особено ако сте склони кон одредени здравствени состојби.

Даја препорачува Q10 особено за луѓе над 40 години, оние со ниско ниво на енергија, како и за сите што сакаат да ја одржат својата кожа здрава и да ја заштитат од предвремено стареење. Исто така, Q10 често се пропишува на луѓе со срцева слабост, висок крвен притисок, болести на непцата, Паркинсонова болест, инфекции на крвта, одредени мускулни заболувања и ХИВ инфекција, поради потенцијално пониските нивоа на Q10 во нивните тела.

Пред да започнете со земањето на овој производ, консултирајте се со вашиот лекар за да бидете сигурни дека Q10 е вистинскиот избор за вас.

Извор: srecna.republika.rs

Скандал во Швајцарија: Уапсени се неколку лица повезани со „комората за евтаназија“

Полицијата на северот на Швајцарија денеска соопшти дека се уапсени неколку лица и дека е отворена кривична постапка во врска со сомнителната смрт на едно лице во т.н. комора за самоубиство.

Полицијата на северот на Швајцарија денеска соопшти дека се уапсени неколку лица и дека е отворена кривична постапка во врска со сомнителната смрт на едно лице во т.н. комора за самоубиство, или како што се нарекува „charco капсула“, која се користи за евтаназија.

Таканаречената капсула Сарко, комора за самоубиство која никогаш досега не била користена, е дизајнирана да му овозможи на лицето во затворен простор да притисне копче што го активира вбризгувањето на азотниот гас, од кој лицето набрзо заспива, а потоа за само неколку минути, умира од задушување, пренесува Еуроњуз.

„Обвинителите во кантонот Шафхаузен беа известени од адвокатска канцеларија дека во понеделникот во близина на шумска кабина во Мерсхаузен се случил потпомогнат самоубиствен чин со капсула Сарко“, соопшти полицијата.

Во соопштението се наведува дека се уапсени „неколку лица“ и дека обвинителството отворило истрага поради сомнение за поттикнување и соучесништво во самоубиство.

По драматична потера, пронајдено е исчезнато девојче- мирно спие во шумата (ВИДЕО)

Исчезнато девојче од Луизијана е пронајдено како спие во шумата по еднодневна потрага.

10-годишната Пејтон Сентињан исчезнала од својот дом и последен пат била видена на 14 септември пред спиење облечена во сини пижами на тема Frozen и без чевли, објави Дејли Мејл.

Шерифот на округот, Џејсон Паркер рече дека девојчето залутало од дома и било најдено од дрон додека шетала во шумска област.

Полицијата започна голема потрага на 15 септември со голем број волонтери и полицајци, кога им биле понудени услугите на Drone Management Services LLC од Арканзас.

Користејќи беспилотни летала на компанијата опремени со камера за термичка слика, полицијата го пронашла девојчето свиткано како спие на земја во шумата.

„Таа беше во густа шума на околу 300 метри од местото каде што камерата ја фати порано во неделата наутро“, рече Паркер.

Како што рекол, девојчето спиело кога ја нашле.

„Ја проверивме и беше добро, но гладна“, додаде тој.

На видеото од дронот се гледа како спасувачите го разбудиле девојчето и ја однеле на безбедно околу 23 часот.

„Службата за контрола на дронови ја имаше честа да учествува во операцијата за пребарување и спасување. Сведочејќи го моментот кога Пејтон беше пронајдена, мирно спиеше во шумата.“, велат од компанијата.

притисни ентер