Папараците го снимија Орландо Блум на одмор во Италија, актерот ги покажа мускулите (ФОТО)

Актерот Орландо Блум ужива на одмор со својата партнерка Кети Пери и нивната ќерка Дејзи.

Семејството моментално се наоѓа во Порто Черво, Италија, каде што беа фотографирани од папараците. Извајаното тело на Орландо го привлече вниманието на папараците.

Орландо и Кејти поголемиот дел од времето го поминуваа на плажа играјќи си со својата ќерка, а кога не пливаа, истражуваа локални ресторани и пробуваа италијански деликатеси.

Кејти два дена ги извршуваше обврските на ревијата на италијанскиот моден бренд Dolce&Gabbana во Каљари, а за тоа време Орландо уживаше на плажа со својата ќерка.

Орландо и Кејти се запознаа на афтер забава по доделувањето на наградите Златен глобус во 2016 година. Една година подоцна објавија дека паузираат, но на крајот се помирија и се верија на Денот на вљубените во 2019 година.

Во август 2020 година, тие добија ќерка по име Дејзи Дов Блум.

Орландо неодамна беше на подкастите On Purpose и What Now? со Тревор Ноа зборуваше за врската со пејачката. Откри кога се заљубил во неа.

„Кејти мрази кога го кажувам тоа, па морам да бидам внимателна со зборовите, но нејзината музика беше насекаде. Беше на сите радио станици и не беше нешто што го слушав. Но, се заљубив во Кетрин, таа девојка од Санта Барбара“, рече тој.

Рече дека во себе гледа промени откако е со пејачката. "На некој начин, мојата врска е најголемата можност за мој континуиран раст и знам дека и двајцата гледаме на тоа така. Така и растеме. Кети ме смета за одговорен и јас се обидувам да живеам со тоа", изјави Орландо.

Тој претходно изјави дека Кејти му е најголемата поддржувач. „Целосно се поддржуваме еден со друг во сите наши напори. Но, мислам дека таа целосно не разбра што правам додека не ме виде како доаѓам дома од работа под огромен притисок и стрес“, рече тој.

Од полноќ за денар ипол поевтини бензини

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да ги намали цените на бензините. 

Од полноќ за денар ипол поевтинува Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизелот, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар.

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот за 1,152 ден/кг кој од полноќ ќе се продава по цена од 45,757 ден/кг.

Според одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 81,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а дизелот по цена од 74 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 72,5 денари.

Совети за чување на лебот во потоплите летни денови

Лебот е храна којашто се купува секојдневно, но зголемената количина од оваа намирница честопати завршува во отпад поради краткиот рок на траење.

Многумина чуваат леб во сандачиња, или пак фрижидер. Но, кога лебот се чува во влажна или невообичаено топла средина, побрзо фаќа мувла, што е особено опасно за луѓето со респираторни проблеми и алергии. Софи Труман, стручак за отпад тврди дека најдобриот начин за складирање на печивото е во платнена торбичка.

- Ако лебот е свежо направен, не треба да го чувате во херметичка ќеса, бидејќи така нема да може „да дише“. Мора да го оставите на воздух за да го одржите најдоброто. Секогаш е најдобро да го чувате во корпа за леб или платнена ќеса, на поладна, собна температура. Но, не во фрижидер, објасни Труман.

Таа натаму истакнува дека обичниот фрижидер всушност го забрзува процесот на создавање мувла... Така што, подобра опција е замрзнувањето, коешто го одржува лебот свеж неколку дена. Пред јадење, лебот се одмрзнува неколку часа, а за „крцкав ефект“, експертката советува да се стави во рерна на неколку минути.

Лебот може да се чува и во кутија за леб, или на поладно, а суво место, каде што секојдневното печиво е заштитено од главните причини за расипување - топлина и влага.

Макрон: Франција е подготвена за Олимписките игри

Претседателот на Франција, Емануел Макрон при денешната посета на Олимпиското село истакна дека Пaриз е подготвен за да биде домаќин на Олимписките игри.

- Подготвени сме и ќе бидеме подготвени во текот на Игрите, посочи Макрон.

Претходно, францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека неколку дена пред почетокот на ОИ во Париз спроведени се еден милион административни истраги и утврдено е оти 4.355 лица би можеле да претставуваат закана.

Безбедносните истражување се спроведени за сите лица кои на каков било начин ќе учествуваат во ОИ од 26 јули до 11 август и на Параолимписките игри од 28 август до 8 септември. Проверени се спортисти, тренери, новинари, волонтери, приватно обезбедување, дури и граѓаните кои живеат во близина на одржувањето на церемонијата на отворање на ОИ.

Околу 35.000 полицајци и жандарми и 18.000 француски војници ќе ги обезбедуваат Олимписките игри секој ден.

притисни ентер