Паднала во кома и тврди дека го запознала Бог, еве што почувствувала!

Сведоштво на Мириандре Карденас од Гватемала која тврди дека го запознала Бога додека била во кома.

Додека работела од дома, Мариандре наеднаш почувствувала како ѝ се затвора грлото и почнала да се гуши. Не можела да зборува, а како што вели, се чувствувала како лицето да ѝ умира. Веднаш била пренесена во болница, а по интубирањето, лекарите ја ставиле во вештачки предизвикана кома.

- Веќе не сум била свесна за моето опкружување, а последното нешто што го слушнав беше докторот како вели: „Отиде!“ За момент ја напуштив Земјата и се најдов на сосема друго место. Имаше многу светлина, а тоа беше место без Сонце, без Месечина, без ѕвезди... Седев на огромна маса полна со луѓе, кои веќе немаа нормални тела, туку беа светлосни битиа. Повеќе не се сеќавав на мојот минат живот, ништо повеќе не постоеше – вели Мариандре, која потоа опишува како го запознала Бога.

- Седеше пред мене и веднаш знаев дека е Бог бидејќи неговата светлина беше најсилна. Не му го видов лицето, но знаев дека се смешка. Тој ми обрнуваше внимание и се смееше со мене. Во исто време имав впечаток дека истото го прави и со другите битиа околу нас. Видов разни бои околу мене и никогаш не сум се почувствувала толку исполнето – открива Мариандре.

Меѓутоа, нејзиниот разговор со Бог не траел долго, бидејќи тој ѝ рекол дека мора да се врати назад, пишува британски Сан.

- Стана и ме издвои од другите. Ми рече дека морам да се вратам. Не го разбрав и го прашав каде треба да се вратам и што ако не сакам да го направам тоа. Ми објасни дека сè уште не ми е време и дека морам да се вратам заради љубовта. Неколку секунди подоцна се разбудив од кома. Имав впечаток дека мојот престој таму траеше три часа, а всушност бев во кома три дена. Веќе следниот ден можев да си одам дома и да се одморам после сè – заклучила Мариандре Карденас.

@gmariancar Respuesta a @Adolfo #storytime #viral #espiritual ♬ sonido original - Mariandree Cárdenas

До крајот на годината нема зголемување на платите во здравството и нов колективен договор

До крајот на годината невозможно е да има зголемување на платите на здравствените работници и потпишување на нов колективен договор како што бараат синдикатите, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. 

Таравари рече дека поради огромниот буџетски дефицит невозможно е да има зголемување на платите и дека ќе побара разбирање од синдикатите.

- Се надевам дека во здравството нема да има огромно скратувње на буџетот бидејќи мора да преживееме и да поминеме до ноември оваа година. Со синдикатите имав еден состанок, повторно ќе имам и ќе побарам од нив разбирање за евентуално да се договориме за идната година. Оваа година практично е невозможно да се донесе нов колективен договор, рече Таравари по посетата на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Пари за вработувања во здравството, како што рече, ќе има.

Сампаоли се извини што го нарече Дембеле аутистичен

Поранешниот селектор на Аргентина, Хорхе Сампаоли се извини за неговите коментари за францускиот напаѓач Усман Дембеле.

Сампаоли го критикуваше напаѓачот, велејќи: „Дембеле игра како аутистичен, сам го започнува и го завршува нападот.

-Сакам да бидам јасен: не ми беше намерата да се осврнам на аутизмот. Барам прошка од сите. Сакав само да зборувам за себичноста. Сега повеќе од кога било треба да бидете внимателни со зборовите што ги користите, рече Сампаоли, цитиран од Goal.

Францускиот тим на Евро 2024 се пласираше во полуфиналето, во кое загуби од Шпанија (1:2). Дембеле одигра пет натпревари на турнирот и не постигна ниту еден гол.

МОК ги претстави шесте македонски олимпијци кои ќе настапат на Игрите во Париз

Македонскиот олимписки комитет денес ги промовира македонските натпреварувачи кои ќе учествуваат на Олимпијадата во Париз.

Шефот на македонската делегација на Игрите во Париз, Владимир Богоевски на прес-конференцијата пред заминувањето на Олимпијадата кажа дека поради здравствени проблеми настапот мораше да го откаже пливачката Ива Петровска.

Така на ЛОИ 2024 ќе отпатуваат шест македонски спортисти:

Владимир Егоров, борење (до 57 кг слободен стил)

Никола Ѓуретановиќ, пливање (400 метри слободно)

Анастасија Мојсовска, стрелаштво (10 метри воздушна пушка)

Еди Шерифовски, џудо

Мила Релиќ, таеквондо

Дарио Ивановски, атлетика (маратон).

Македонското знаме на свеченото отворање ќе го носат Ивановски и Рељиќ.

Македонија свои претставници ќе има и помеѓу делителите на правдата. Во ракометот тоа ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, Иван Михајловски во триатлон и Анета Павловска во тенис.

Олимпијадата во Париз ќе се одржи од 26 јули до 11 август.

притисни ентер