Падна „ангел“ на спектакуларната модна ревија на „Викторија сикрет“ (ВИДЕО)

Манекенката Дауцен Крос се сопна на пистата за време на нејзината ревија на Викторија Сикрет.

Иако на сцената влезе самоуверено како нејзините колешки, шетајќи во раскошна и скапа долна облека, под ангелски крилја, во еден момент петата ѝ се заглави во подот.

Манекенката се обидела да ја извади ногата од сандалата, но не успеала, па морала да се наведне и да ја намести.

Публиката ја награди со аплауз за да ја охрабри. Кога се увери дека сѐ е во најдобар ред, продолжи самоуверено да чекори.

Иако ја пречека колешка од спротивниот правец кој сакаше да ѝ помогне, манекенката тоа го направи многу брзо и професионално и потоа продолжи како ништо да не се случило.

@womenshealthspain Poco se habla de que uno de los momentos más reseñables que nos ha dejado el Victoria’s Secret Fashion Show ha sido el pequeño tropiezo de Doutzen Kroes: durante su desfile se le enganchó el tacón con una baldosa, saliéndose el zapato... Con mucha calma y tranquilidad, volvió a ponérselo y continuó su caminata como si nada 👏🏼 ¿Moraleja? Da igual lo que la vida te ponga por delante, puedes con ello 👠 #vs #victoriassecret #doutzenkroes ♬ sonido original - Women’s Health España

Со овој гест Дауцен Крос покажа дека вакви непредвидени работи се случуваат и на пистата и дека секогаш треба да бидете подготвени.

Викторија Сикрет 2024 се врати по 6 години пауза, а на пистата прошетаа некои од најпознатите имиња. Сепак, најголемото изненадување за сите беше манекенката Адријана Лима која од пензија се врати во сиот свој сјај покажувајќи совршено тело на 43 години.

Покрај неа, на пистата прошетаа и други познати манекенки, меѓу кои Тајра Бенкс, Кејт Мос, Ешли Греам, сестрите Џиџи и Бела Хадид и други.

Енди Мареј го освои првиот трофеј откако се пензионира, но не победи во тенис (ФОТО)

Енди Мареј го освои својот прв спортски турнир откако пред два месеци реши да стави крај на тениската кариера.

Овој пат наместо трофеј од тенискиот терен, Мареј славеше за голфот. Трикратниот Грен слем шампион триумфираше на првиот ден на голфот Мајк Диксон, настан организиран од Британското здружение на тениски новинари (BTJA). Овој турнир се одржа на теренот за голф Ханбери Манор во Херефордшир и собра бројни познати личности и спортски ѕвезди, за да му оддадат почит на Мајк Диксон, легендарниот тениски новинар на Дејли Меил кој почина во јануари оваа година на 59-годишна возраст.

Диксон, познат по прекарот „Дико“, беше сакан член на редакцијата и еден од најпознатите тениски дописници, работејќи за Дејли Меил повеќе од три децении. Неговата смрт се случи само неколку недели пред неговиот 60-ти роденден додека го покриваше Австралија опен, турнир што тој особено го сакаше.

BTJA објави на социјалната мрежа X дека Мареј триумфирал, на големо задоволство на фановите на Шкотланѓанецот по неговото префрлување на голф. Во пораката им се заблагодарија на сите кои учествуваа и истакнаа дека Мареј го освоил својот прв трофеј во голфската кариера, истакнувајќи дека очекуваат да ги има уште многу.

Мареј, кој моментално има хендикеп 7, истакна дека целта му е да стигне до „нула“ (нула хендикеп) во следните неколку години. Попатно, на Мареј му помага 16-от светски голфер Боб Мекинтајр, неговиот сонародник, кој му одржува редовни лекции и го забрзува неговиот напредок.

Минатиот месец Мареј играше на турнирот Pro-Am на BMW PGA шампионатот во Вентворт, каде што го привлече вниманието на Мекинтајр, кој ја пофали неговата игра. "За некој кој нема големо искуство, играше одлично. Бев навистина импресиониран од неговата игра. Мислам дека наскоро ќе дојде до нула хендикеп", изјави Мекинтајр.

За Мареј ова е нов предизвик во кој ужива. „Чувството на нервоза е поинакво, бидејќи се чувствувам безбедно на тенискиот терен. Никогаш не мислев дека можам да заборавам како да играм тенис“, рече тој на турнирот во Вентворт.

Енди Мареј ја заврши тениската кариера во август оваа година, откако загуби во двојки на Олимписките игри, каде што играше со сонародникот Ден Еванс.

Неговата биографија на социјалната мрежа Х сега ја отсликува промената во спортот: порано пишуваше „Играм тенис“, но сега пишува „Играв тенис. Сега играм голф“.

Димитриевски: Нашите дипломатски напори треба да продолжат со бранење на националните интереси

„Официјалната бугарска политика кон Македонија не може да се смени, Радев не е пилот во Ф-16 туку во МИГ-29“

Војната во Украина ќе заврши, големите сили повторно ќе седнат на маса и ќе соработуваат, ЕУ и натаму ќе тежнее онаму каде има наголем пазар.

Ми пречи терминот западен балкан, нашите дипломатски напори треба да продолжат но со бранење на националните интереси.

Неколку пати се обидоа да не понижат, но тоа не го отсликува расположението на бугарската јавност.

ние треба да се обединиме за националните интереси со ставање акцент кон албанската заедница дека тоа е важно за нашите чувства.

За сите граѓани во Бугарија што се чувствуваат како Македонци не се почитуваат пресудите од Стразбур, ние сакаме да бидеме дел од Еу поради што таму е модерниот свет, но ако мора да го поминеме истото што го минавме со Преспанскиот договор, тогаш треба да седнеме и сериозно да размислиме.

Треба да се бара алтернативно решение кое Македонија нема да ја стави во подредена состојба.

Ако се прашуваме како влада не би продолжиле многу работи почнати од претходната влада како што е договорот со Бехтел и енка.

Од Бугарија никогаш не стигна извинување, најмал број жртви во Македонија има од германски фашисти, најмногу се од бугарските фашисти.

Доаѓам во светот на политиката од приватен бизнис, имавме идеја со партнери од регионот, но фирмата не профункционира до ден денеска.

Од земји членки на ЕУ добивам пораки дека треба да работиме на реформите и штом дојде погодно време тоа ќе ни биде дополнителен ветер во грб кога ќе ги почнеме преговорите.

Официјалната бугарска политика кон Македонија не може да се смени, Радев не е пилот во ф-16 туку во миг-29

Карикатурист доби 23 години затвор во Саудиска Арабија- ги цртал лидерите

Саудиски карикатурист е осуден на повеќе од две децении затвор за политички карикатури кои наводно го навредувале раководството на кралството, соопштија неговата сестра и организација за човекови права.

Случајот на Мохамед ал-Хаза (48) ја зголеми загриженоста за слободата на изразување под престолонаследникот Мохамед бин Салман, бидејќи Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, се обидува да се отвори за туристите и инвеститорите по долгогодишна изолација.

Таткото на пет деца бил уапсен во февруари 2018 година во Саудиска Арабија за време на „насилна рација“ во која безбедносните сили упаднале во неговиот дом и го демолирале неговото студио, објави лондонската организација за човекови права „Санад“, пренесе „Дејлимејл“.

Според судскиот документ што го видел АФП, обвиненијата против Хаза се однесуваат на „навредливи карикатури“ што ги направил за катарскиот весник Лусаил, како и објави на социјалните мрежи кои наводно биле „непријателски“ кон Саудиска Арабија и во корист на Катар.

Неговото апсење доаѓа помалку од една година откако Саудиска Арабија, заедно со неколку сојузници, ги прекинаа дипломатските односи со Катар, тврдејќи дека Доха ги поддржува екстремистите и одржува премногу блиски врски со Иран, што Катар го негираше.

Овие две земји ги обновија односите во јануари 2021 година. Специјалниот кривичен суд на Саудиска Арабија, основан во 2008 година за да постапува во случаи поврзани со тероризам, првично го осуди Хаза на шест години затвор.

Меѓутоа, оваа година, кога Хаза требаше да биде ослободен, случајот беше повторно отворен и неговата казна е зголемена на 23 години, потврди телефонски за АФП од САД неговата сестра Асрар ал Хаза.

„Беше на чекор до слобода. За малку ќе излезеше од затвор. А потоа, од никаде, случајот беше повторно отворен и казната беше продолжена на 23 години“, рече таа.

Саудиските власти не одговориле веднаш на барањето за коментар за случајот.

Хаза најмногу работел за весникот Лусаил пред бојкотот во 2017 година и повеќето од неговите карикатури биле посветени на внатрешните прашања на Катар. Обвинителството не обезбедило докази за карикатури кои би биле навредливи за Саудиска Арабија, ниту за објави на социјалните мрежи кои би го поддржале Катар за време на бојкотот.

Под раководство на престолонаследникот Мохамед бин Салман, Саудиска Арабија се соочи со критики од активисти за сузбивање дури и на најблагите форми на онлајн критика.

Според организациите за човекови права „Амнести интернешенел“ и „АЛКСТ“, во изминатите две години, судовите во Саудиска Арабија „осудија десетици лица на долги затворски казни за изразување на своето мислење на социјалните мрежи“.

Пресудата на Хази дојде само неколку дена откако на Саудиска Арабија ѝ беше одбиено место во Советот за човекови права на Обединетите нации.

Саудиската влада продолжува да се обидува да ја прикаже земјата како реформирана, истакнувајќи го напредокот во родовата еднаквост и човековите права.

Режимот исто така изрече долги затворски казни на голем број жени, често по тајни судења, откако беа фатени како користат социјални мрежи за да се залагаат за поголеми права и слободи на жените.

Еден од нив, Манахел ал Отаиби (30) е осуден на 11 години затвор за „терористички дејствија“. Оваа саудиска фитнес инструкторка објави пораки за зајакнување на жените на Интернет.

На почетокот на овој месец, Манахел му кажа на своето семејство дека некој ја прободел во лицето со остро пенкало, поради што повредата морало да биде сошиена. Меѓутоа, кога семејството се обидело да го пријави нападот до Комисијата за човекови права на Саудиска Арабија, наводно биле игнорирани.

Сепак, Саудиска Арабија е избрана во март за претседател на комисијата на ОН задолжена за промовирање на родовата еднаквост и зајакнување на жените.

На разочарување на организациите за човекови права ширум светот, претставникот на Саудиска Арабија во ОН, Абдулазиз Алвасил, е избран за претседател на Комисијата за статусот на жените без противење на годишниот состанок на групата во Њујорк.

притисни ентер