Откриено кој се бил на скандалозните забави на уапсениот рапер Паф Диди

Шон Комбс, попознат како Паф Диди, музички магнат и рапер, се најде во центарот на вниманието поради сериозни правни проблеми.

Комбс беше уапсен во понеделникот, на 16 септември од страна на федералните агенти во Њујорк, по неколкумесечни граѓански тужби во кои беше обвинет за трговија со луѓе, сексуален напад и силување.

Откако двапати му беше одбиена кауција, Комбс моментално се наоѓа во притворскиот центар Метрополитен во Бруклин.

Според извештајот на „The Independent“, федералните обвинители ги обвинуваат Комбс и неговите соработници за присилување и злоупотреба на жените за да ги задоволат нивните сексуални желби, вклучително и принудување на жртвите да снимаат активности што тој наводно ги нарекол „Freak Outs“.

Според „Sky News“, обвиненијата се однесуваат на трговија со луѓе, поседување дрога и прекршување на оружје.

Откако на интернет се прошири приказната дека на забавите на мегапопуларниот и контроверзен музичар редовно биле присутни многу личности од светскиот џет сет , сега е достапен списокот со потврдени личности кои отишле на забавите организирани од Паф Диди.

Според „PageSix“, на забавите Паф Диди редовни гости биле: Парис Хилтон, Ким Кардашијан, Хауер Стерн, Кели Озборн, Арета Френклин, Марта Стјуарт, Томи Ли, Памела Андерсон, Реџис Филбин, Вера Ванг, Џеј Зи, Бијонсе, Мараја Кери и Ник Канон.

Покрај нив, се споменуваат и имињата на Џастин Бибер, Ријана, Џенифер ЛопезАсап Роки, Леброн Џејмс, Мајкл Џордан, Деми Ловато, Лил Узи, Наоми Кембл и многу други.

Попов: Со новиот буџет има повеќе пари за повисок младински стандард

Во текот на денешната Комисија за финансирање и буџет за 2025 година, од собраниската говорница се обрати и Сергеј Попов, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ .

Во текот на денешната Комисија за финансирање и буџет за 2025 година, од собраниската говорница се обрати и Сергеј Попов, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој потенцира дека новите буџети и ребалансите на истите претставуваат одлична прилика да се согледаат намерите на една влада кон одредените таргет групи и колку се тие реални или паушални ветувања.

Според него ова претставува исклучителна прилика за согледување на разликите во односот кон младите и младинскиот стандард помеѓу изминатиот период додека владата беше предводена од СДС и сега, кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт.

„Порано, драги млади и почитувани пратеници, многу се ветуваше, ништо не се реализираше, а не се реализираше затоа што ветувањата се даваа паушално без за тоа да се обезбедат средства во буџетот, што неминовно не води до констатацијата дека младите седум години биле манипулирани“, концизен е Попов.

Тој појаснува дека во изминатите 7 години државата за едни беше мајка, а за други маќеа и дека сите пресови, реакции и поднесени амандмани беа за бадијала зошто Владата предводена од СДС парите за младите сепак ги насочуваше за други ставки преку кои се богатеа одредени поединци од власта.

„Затоа изборите завршија како што завршија и затоа поддршката од младите за Социјалдемократскиот сојуз е толкава колкава што е или во превод, на ниво на статистичка грешка. Почитувани, младите се почитуваат со дела, а токму овој буџет со сигурност ќе донесе повисок младински стандард, а сега дозволете ми со факти да презентирам и зошто“, вели Попов.

Во овој контекст, Попов појаснува дека Владата на ставката студентски стандард предвидува средства кои се за 18% повеќе споредно со буџетот за 2024 година, додека пак за ученичкиот стандард се предвидени 12% повеќе во однос на буџетот од минатата година, кој беше креиран од другата влада и за ставката високо образование 17% повеќе споредено со претходниот период.

Тој исто така напоменува дека веќе е отпочната реконструкцијата на студентските домови и во текот на наредната година истите ќе бидат ставени во функција, а истовремено се предвидува и реконструкција на средни училишта,се наведува во партиското соопштение.

Министерот Љутков учествуваше на дебата со граѓанските организации

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска присуствуваше на Годишната конференција на граѓански организации за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество, Национален форум на Цивика Мобилитас .

По отворањето на настанот, се одржа и дискусија, на која министерот Љутков, покрај другите гости, одговараше на прашањата на претставниците на граѓанските организации, кои се добитници на грантови на програмата „Цивика мобилитас“.

Одговарајќи на прашања од областа на туризмот, Љутков нагласи дека како владин приоритет, освен редовните механизми за финансирање, ќе бидат разгледани и други опции на финансирање.

„Министерството за култура и туризам ќе има годишна програма која ќе биде изготвена заедно со сите чинители во туризмот на која предлозите за поддршка и развој на алтернативни видови на туризам ќе бидат опфатени со конкретни мерки“, информираше Љутков.

Истакнувајќи дека руралниот туризам е особено важен, бидејќи нуди автентични искуства за туристите кои сакаат да уживаат во традиционалниот начин на живот, локалната гастрономија, Љутков нагласи дека овие региони се од особено значење за зачувувањето и понатамошното развивање на традицијата и локалната култура.

„Затоа за да го оствариме потенцијалот на културниот туризам, треба да се направи баланс помеѓу големите туристички центри и руралните средини. Истовремено со правилна стратегија и инвестиции во инфраструктурата, како што се патишта, сместувачките капацитети, и засилена промоција, може да станеме препознатлива дестинација на културната карта на Европа и пошироко“, рече министерот Љутков.

Одговарајќи на прашања за одржување на културни манифестации во училиштата, министерот Љутков потсети дека Владата во својата програма има еден многу значаен сегмент: култура за деца и за млади, и како што рече, во оваа насока, се размислува за развивање на системски концепт за развој на културно-образовни програми и активности за нивна достапност до публиката.

Потенцирајќи дека во наредиот период се планира потпишување на Меморандуми за соработка помеѓу Министерството за култура и туризам или Националните установи од културата и училиштата, министерот Љутков рече дека тие ќе бидат рамка за соработка и контиунирано гостување на театарски претстави, музички концерти и филмски фестивали, кои би се одржувале во основните и средните училишта.

„Министерството за култура и туризам и јас како министер сум целосно отворен за соработка и за предлози, бидејќи само со едуцирани и образовани млади луѓе кои имаат познавања од културата, можеме да сметаме на сигурна иднина и суштински развој во државата“, истакна министерот Љутков.

За можностите на младите таленти за музика и уметност да имаат студиски посети на ЕУ и средби со младите од земјите во ЕУ, министерот Љутков информираше дека наскоро ќе биде распишан Конкурс за поддршка на студенти на прв, втор и трет циклус студии во странство на студиски програми од областа на културата и уметноста за 2025 година.

„На тој конкурс всушност поддржуваме и млади таленти кои својата доедукација ја продолжуваат на некои од најпрестижните високообразовни установи и академии во странство“, рече Љутков кој најави дека годинава ќе биде поддржано стручно усовршување на дефицитарни кадри во областа на културата за 2025 година што подразбира стручен престој, стручно усовршување и резиденцијални престои на стручни кадри во земјава и во странство.

Програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас“ е поддржана од Владата на Швајцарија, а ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска, и ФЦГ од Шведска, соопштуваат од Министерството.

Министерот Муцунски во проштална средба со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри

Министерот Муцунски изрази благодарност за целокупниот придонес на амбасадорот Силвестри за развојот на италијанско – македонските односи и соработка за време на неговиот дипломатски мандат во земјава. 

Притоа, изрази подготвеност за натамошно продолжување на отворениот дијалог и по пристигнувањето на новиот Амбасадор на Италија во нашата земја, имајќи ја предвид засилената динамика на политичкиот дијалог во изминатиот период и честите средби на високо ниво помеѓу двете земји.

На средбата, беа разменети мислења и за актуелните прашања поврзани со европското досие на нашата земја, при што министерот Муцунски уште еднаш се заблагодари за континуираната поддршката на Италијанската Република кон нашите стратешки определби за членство во Европската Унија, нагласувајќи ја нашата цврста посветеност на реформската агенда, со цел отворање нова фаза во европскиот процес и целосно ЕУ членство, соопшти МНРНТ.

притисни ентер