Освен медалот, Ноле заработи и финансиска награда од Србија

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз, откако во големото финале го совлада шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со 2:0.

Овој спектакуларен успех му носи не само престижен медал туку и значајна финансиска награда.

Новак Ѓоковиќ со освојувањето на златниот медал заработи 200.000 евра во српски динари.

Дополнително, како носител на национална спортска награда, Ѓоковиќ ќе добива и доживотен месечен паричен приход во износ од 252.681 динари, што претставува три просечни нето заработувачки во Србија за месец декември претходната година.

Оваа награда е дел од иницијативата на Владата на Србија да ги награди спортистите за исклучителни спортски резултати и да придонесе за нивната финансиска сигурност.

Освојувањето на златниот медал на Ѓоковиќ уште еднаш го потврди неговиот статус на еден од најголемите спортисти во историјата на Србија и светот, а сигурен е дека неговите историски успеси ќе останат запишани со златни букви на страниците на тениската историја.

Петрушевски: ЕСМ во 2017 година имаше 20 милиони евра на сметка, а во 2024 минус од 80 милиони

СДС ги уништи енергетските претпријатија. И како последица на тоа струјата во нивно време се зголеми за над 50%.

ЕСМ беше оставено во 2017 година со 20 милиони евра на сметка, за во 2024 година, кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт го затекне со минус од 80 милиони евра.

7 години власта на СДС не изгради ниту еден нов енергетски објект, а од сметката на буџетот префрлени над 370 милиони евра на ЕСМ.

Очигледно е недомаќинското работење на власта на СДС, која заради бизнис профит на поединци организираше скап увоз на јаглен и на струја.

Милиони евра народни пари се потрошени заради бизнис зделки на малкумина, а сето тоа народот го плати не само од буџетот, туку и преку поскапи сметки за струја.

На криминалното работење во енергетиката се стави крај. Одговорност ќе има. А новото раководство на ЕСМ работи на консолидација на претпријатието, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Демократското Движење отвори канцеларии во Гостивар, Меџити: Нашата партија е сѐ посилна

Во ентузијастичка и полна со енергија атмосфера, денеска свечено беа отворени канцелариите на Демократското Движење во Гостивар. 

По тој повод, лидерот на Демократското Движење и воедно прв заменик-претседател на Владата на Македонија, Изет Меџити, изјави дека овој момент претставува уште еден важен чекор во нашето патување кон создавање силна и претставничка политичка алтернатива за сите граѓани.

„Демократското движење секој ден е сѐ посилно, создавајќи цврста структура и јасна визија за подобра иднина. Ова е доказ за посветеноста и единството на луѓето кои веруваат во промените, еднаквоста и праведното претставување на сите“, рече Меџити.

Тој понатаму истакна дека заедно со зајакнувањето на Демократското Движење, се консолидира и коалицијата ВЛЕН, како гаранција за политика која вреди – политика која поддржува развој, правда и благосостојба за сите граѓани на Македонија.

„Им благодарам на сите членови и поддржувачи кои го овозможија овој момент! Нашата сила лежи во нашето единство и заедничка визија. Гостивар денеска покажа дека е важен дел од оваа визија!“, изјави Изет Меџити, лидер на Демократското Движење и прв заменик-претседател на Владата на Македонија, се наведува во партиското сопштение.

Ја сликале бомбата пред експлозијата- едно момче загина, девојка се бори за живот по забава во

Синоќа дошло до експлозија во зграда во Книн. Едно лице загина, а четворица се ранети.

Полицијата соопшти дека во 23.01 часот добила дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неидентификувана експлозивна направа, при што едно лице загинало, додека четири лица се повредени и итно пренесени во болница. На местото на настанот се испратени сите служби за итна помош, објави Индекс.

Како што соопшти полицијата, експлозијата се случила на забава на која присуствувале млади луѓе. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник. 21-годишната девојка е пренесена во болница во Сплит и се бори за живот.

Експлодирала рачна граната М-75.

„Слушнавме експлозија, како да одекна петарда.

„Само што прочитав што се случи утрово. Не знам кој е. Звучеше како некој да фрли петарда малку подалеку“, додаде тој.

Друг додаде дека спиел и потоа ја слушнал експлозијата. „Не ги отворивме прозорците затоа што беше студено, не ни знаевме што се случило“.

Како што дознава Индекс, убиен е М.П. (25), додека ранети се С.Б. (16), В.Б. (21), Б.Ч. (25) и Б.П. (23).

На социјалните мрежи се појави скриншот од објава на едно од лицата кои наводно биле присутни на забавата во моментот на експлозијата. На фотографијата се гледа маса на која има алкохолни пијалоци и рачна граната, со опис: „Селото ќе вечера во темница“.

притисни ентер