Осаменоста , болест на милиони луѓе од богатите земји

Холандија беше шокирана , откако по дури десет години било пронајдено телото на 74- годишна жена од Ротердам , која починала сама во својот дом , а ја пријавиле соседите , кои забележале дека пред вратата има многу писма.

Затоа , холандскиот министер за здравство се зафати со изработка на програма против осаменоста. Холандија не е единствената земја што презеде чекори по ова прашање. Со оглед на проблемите со кои почна да се соочува цела Европа , Велика Британија е првата земја што назначи министер за осаменост.

Основната тешкотија со која се соочуваат експертите при дефинирањето на овој проблем и утврдувањето дали расте и колку брзо се шири низ целиот континент е недостатокот на податоци за споредба.

Прво, осаменоста е субјективно чувство кое варира во социјалните групи и држави. Второ, иако има студии, тие се релативно нови, така што има неколку одредници со кои можат да се споредат резултатите и може да се види потенцијалниот раст на овој проблем.

Осаменоста влијае на седум проценти од возрасните ширум Европа, според краткиот извештај на Европската комисија. Текстот, исто така, наведува дека луѓето во источните и јужните делови на Европа веројатно ќе се чувствуваат поосамени од луѓето во западните и северните делови.

Говорејќи конкретно за социјална изолација, најлоша е ситуацијата во Италија, Холандија и Франција. Во анкетата за 2015 година, во која биле прашани граѓаните дали имаат некој да побараат помош или се доверат за приватни работи, овие три земји се издвоија според негативните одговори.

Дури 1,4 милиони луѓе над 50 години во Англија признаваат дека честопати се чувствуваат осамени. Експертите велат дека процентот на стари лица кои се чувствуваат осамено не е променет, но вкупниот број се зголемува бидејќи луѓето сега живеат подолго.

Социологот Аксел Дис вели дека како што стареат луѓето, нивната социјална активност се намалува, а со тоа и нивната поврзаност со другите луѓе: „Гледаме дека бројот на постари луѓе е навистина голем. Тие немаат природен начин да останат во контакт со другите. Исто така е точно дека децата живеат подалеку од нивните родители и ова е уште една причина за осаменост кај постарите лица“.

Сепак, додека иницијативите против осаменост се фокусираат на возрасните групи, според поранешната парламентарка Џудит Меркис, осаменоста влијае и на многу други групи. Таа рече дека истражувањата во Германија покажале дека младите мажи се најизолирана група и дека нивото на осаменост се зголемува кај младите жени.

„Голем дел од ваквата иницијатива е насочена кон постарите лица. Постои идеја во вашиот ум дека ако сте стари, вие сте осамени“, изјави Меркис. „Овие иницијативи за старите лица се многу добри, но зошто се има предрасуда дека осаменоста зависи од возраста?“

Истражувачите велат дека лошата здравствена состојба, осамениот живот и степенот на сиромаштија се фактори кои го зголемуваат ризикот од осаменост.

Постои поголема разлика помеѓу оние кои работат и имаат финансиски ресурси и оние кои не се вработени. Семејството е исто така многу важно. Луѓето се повеќе се исклучени ако треба да се пензионираат.

Робин Хјуингс, директор на Кампањата за ставање крај на осаменоста, вели дека еден од најголемите ризици доаѓа при клучните животни промени: „Ако се преселите заради ново работно место или образование, тоа може да биде голема промена, особено за младите луѓе .Околината, кругот на пријатели ... И не е секогаш лесно да се вклопите. Вториот ризик доаѓа откако децата ќе влезат во нашите животи. Во голема мерка, тие ги намалуваат можностите за социјална интеракција. Децата радикално ги менуваат животите “.

Покрај промената на животот, анализиран е и факторот на нови технологии.

„Има апсолутно голем ризик кога станува збор за веб-страниците како„ Фејсбук “и „Инстаграм “. Тука луѓето се претставуваат во најдобро светло, а споредувајќи се себеси со другите луѓе се чини како сите други да се посреќни, позадоволни, поисполнети ... можат да создадат чувство на осаменост.“, вели Хјуингс.

"Од друга страна, социјалните мрежи исто така можат да бидат корисна алатка за одржување на социјалните односи. Претходно, ако член на вашето семејство се пресели во Австралија, би се соочиле со фактот дека не би го виделе со години. Денес може да го гледате секој ден, преку Скајп или друг вид алатка. Божиќните и другите празници најчестоо се минуваат со семејството и пријателите, така што оние што ги немаат , овие денови се чувствуваат поосамено . Сепак, експертите посочуваат дека осаменоста не се чувствува само за време на празничниот период.

„Летото може да биде време од годината кога особено се чувствуваме осамени, затоа што тоа е време за патувања “.

Хутите истрелаа три проектили кон два брода во Црвеното Море

Американската војска соопшти дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички проектили врз два брода во Црвеното Море, при што лесно е оштетен британски танкер за нафта.

Американската централна команда (ЦЕНКОМ) во објава на платформата Икс соопшти дека танкерот за нафта МВ Андромеда Стар е оштетен, а проектил паднал во близина на друг брод, МВ Маиша, но не го оштетил.

Од ноември минатата година, Хутите напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со проектили и беспилотни летала во знак на, како што велат, поддршка за палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа.

Капката која ја прели чашата на Санчез

Објавата на Санчез дојде само неколку часа откако шпанските медиуми објавија дека судија покренал истрага против Бегоња Гомез, сопругата на премиерот, за наводна трговија со влијание и деловна корупција по тужбата поднесена од групата Манос Лимпиас.

Вијести - Подгорица

Во бомбастичното соопштение кое ја изненади Шпанија и предизвика сомнеж низ Европа, премиерот Педро Санчез во средата вечер најави дека ќе направи пауза од официјалните должности за да одлучи дали сака да продолжи да ја води земјата. Како причина тој ја наведе исцрпеноста од десничарските напади врз неговото семејство.

Објавата на Санчез дојде само неколку часа откако шпанските медиуми објавија дека судија покренал истрага против Бегоња Гомез, сопругата на премиерот, за наводна трговија со влијание и деловна корупција по тужбата поднесена од групата Манос Лимпиас (Чисти раце), чиј лидер се поврзува со екстремната десница.

Групата ја обвини Гомез дека го искористила своето влијание како сопруга на премиерот за да обезбеди спонзори за магистерски курс на универзитетот што го водеше. Судот не објави повеќе детали бидејќи случајот е запечатен во оваа рана фаза.

Санчез, кој минатата година обезбеди уште еден мандат за неговата Социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) како лидер на малцинската коалициска влада, рече дека одлуката ќе ја објави в понеделник, на 29 април.

„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди... да ја водам владата или да се откажам од таа чест“, објави тој вчера на мрежата Х.

Санчез вели дека неговата сопруга не направила ништо незаконско и дека ја напаѓаат „за да ме ослабат лично и политички“. Тој рече дека неговата сопруга ќе ја одбрани својата чест и ќе соработува во истрагата.

Групата Манос Лимпиас користи единствен правен инструмент што постои во Шпанија познат како „народно обвинение“ за поднесување кривични пријави против трети лица. Судиите можат да одлучат дали да постапат по тие тужби, а Ројтерс наведува дека не секое обвинение резултира со судска истрага.

Шпанските правни експерти посочуваат дека обвиненијата наведени во извештајот сами по себе не ги исполнуваат законските услови за обвинение. Шпанското обвинителство вчера побара случајот да биде отфрлен.

Групата Манос Лимпиас е основана во 1995 година од Мигел Бернард, адвокат кој се кандидираше за функција во ултранационалистичката партија Национален фронт, а подоцна беше прогласен за Витез на честа на фондацијата Франциско Франко, пишува порталот „Политико“.

Во 2021 година, шпанскиот национален суд ја прогласи групата Манос Лимпиас за виновен за користење закани за правна постапка и кампањи за оцрнување како средство за изнуда против банки и компании. Таа пресуда беше поништена од Врховниот суд оваа година, но судиите забележаа дека активностите на групата се етички „сомнителни“.

Во објавата на мрежата Х, Санчез рече дека е уморен од нападите врз неговото семејство, кое е цел на критичарите откако е избран за лидер на ПСОЕ во 2014 година.

Како што политичката сцена во земјата станува сè пополаризирана, нападите врз неговата сопруга станаа поинтензивни. Веќе неколку години, десничарските коментатори јавно шират злобни гласини за Гомез, вклучително и дека таа е всушност маж чие вистинско име е Бегоњо и дека нејзиното семејство поседува синџир на секс клубови и е вклучено во меѓународни операции за шверц на дрога.

Иако Санчез и неговата сопруга успешно се бореа со клеветите упатени кон нив преку суд, токсичноста на изливот на омраза очигледно го истроши политичарот, а започнувањето на најновата истрага очигледно е последната капка.

„Откако дојде до ова, чувствувам дека мора легитимно да се запрашам дали ова навистина вреди“, напиша тој. „И покрај десничарската карикатурална претстава за мојата личност, јас не сум врзан за оваа позиција... Моја обврска е кон моето чувство за должност и јавна служба.

Потенцијалните резултати се движат од останувањето на Санчез на функцијата додека не поднесе оставка - што ќе доведе до тоа или кандидирање нов кандидатза гласање во Долниот дом или предвремени избори во текот на летото - или би можел да побара и добие гласање за доверба за да го зајакне своето лидерство.

Според шпанскиот устав, нови избори може да се распишат само една година по последното распуштање на парламентот. Тоа значи дека најрано Санчез може формално да распише предвремени избори на 29 мај, што би резултирало со гласање најрано на 21 јули.

Доколку Санчез поднесе оставка, кралот Фелипе ќе мора да се сретне со сите партии претставени во Долниот дом за да започне нов процес на именување, одредувајќи го кандидатот кој треба да обезбеди парламентарно мнозинство за да стане премиер.

Во Шпанија, политичарите од сите профили рутински меѓусебно се обвинуваат, како и членовите на семејството и соработниците, за корупција, а имаше и неколку скандали од висок профил кои резултираа со пресуди.

Педро Санчез дојде на власт во 2018 година, кога претходната конзервативна влада изгуби гласање за доверба по корупциски скандал.

Во моментов, постојат неколку парламентарни комисии кои ги испитуваат договорите за јавни набавки за време на ковид-пандемијата.

Претходно оваа година, поранешниот министер за транспорт, Хозе Луис Абалос, ги отфрли повиците од неговата партија ПСОЕ да поднесе оставка како пратеник, откако неговиот помошник беше обвинет за примање мито за олеснување на договорите за заштитни маски.

Шпекулации за високи позиции во ЕУ и НАТО

Објавата на Санчез предизвика гласини во Брисел, каде што има многу шпекулации пред претстојните избори за тоа кои национални лидери би можеле да ги заземат највисоките позиции во Европската Унија.

Санчез досега не се сметаше за кандидат бидејќи се веруваше дека е покорисен во водењето на Шпанија, петтата по големина економија во Европа. Сепак, „Политико“ истакнува дека доколку поднесе оставка, многумина би биле среќни да го видат во Брисел.

Според бриселскиот портал, неговото име не се споменува само во врска со функцијата претседател на Европскиот совет, туку и во трката за следен генерален секретар на НАТО.

Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ на „Крај Вардарот Џез“

Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ на последната фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“

Последната фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“, во Едукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи вечерва со почеток во 21 часот со концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“.

„Macedonian Free Society“ е составен од Филип Букршлиев, Дени Омерагиќ и Нинослав Спировски, Владан Дробицки, Васко Бојаџиски, Гоце Наумов, Глигор Кондовски и Благојче Томевски. Месецов за ПМГ Џез, како 46 издание, излезе и нивниот прв албум.

„Поетроника“ е поетско-музички перформанс во симбиоза со авторска електронска музика, изведена во живо во од актерот Оливер Митковски и Андреја Ристески – Салпе, автор и продуцент, еден од водечките современи македонски електронски артисти.

Крај Вардарот Џез Фестивал 2024 е поддржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и едукативниот културен центар „Лабораториум“.

притисни ентер