На ФЕИТ финале на натпреварот по роботика, aвтоматика, електроника и ВИ - RoboMac 2024

 Финалето на натпреварот по роботика, aвтоматика, електроника и вештачка интелигенција - RoboMac 2024, ќе се одржи денеска во 17 часот во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

RoboMac е годишна меѓународна студентска работилница и натпревар по роботика, aвтоматика, електроника и вештачка интелигенција, кој се одржува по 12-ти пат на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.

Носители на настанот се македонската секција на ИЕЕЕ (IEEE – The Institute for Еlectrical and Еlectronics Еnginеers), преку нејзиниот студентски огранок при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и Факултетот за електротехника и информациски технологии, а е во коорганизација со Факултетското студентско собрание – ФЕИТ.

Учесниците на натпреварот имаат можност да работат во тимови и да ги усовршат и употребат своите теоретски знаења и практични вештини за да победат во својата категорија, притоа дружејќи се и соработувајќи со студенти од земјата и странство.

Целта на настанот е популаризација на роботиката и вештачката интелигенција помеѓу студентите и младите во Македонија.

ЦУК апелира попладне на внимателност поради локална нестабилност, пороен дожд, ...

ЦУК апелира попладне на внимателност поради локална нестабилност, пороен дожд, силни електрични празнења и засилен ветер.

Метеоролозите најавија дека денеска, особено попладне, ќе има појава на метеоролошка нестабилност, со локален пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните за голема внимателност при појавата на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Сите итни случаи, како што велат од ЦУК, да се пријават на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Зајакнување на слободата на медиумите на новинарите се меѓу приоритетите на црногорската Влада

Зајакнување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите се меѓу приоритетите на црногорската Влада

ајакнување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите се меѓу приоритетите на Владата на Црна Гора, изјави црногорскиот министер за надворешни работи Филип Ивановиќ, кој се сретна со претставникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за слобода на медиумите, Тереза Рибеиро, пренесува РТЦГ.

Ивановиќ изрази задоволство од успешната соработка меѓу Црна Гора и ОБСЕ, оценувајќи ја како комплементарна на процесот на европски интеграции.

„Со осврт на важноста на медиумските реформи и што поскоро усвојување на три закони за медиуми, министерот потсети дека зајакнувањето на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите се меѓу приоритетите на 44-та Влада на Црна Гора“, соопшти Министерството за надворешни работи во Подгорица.

Ивановиќ ја истакна важноста на медиумската писменост и довербата во медиумите, посочувајќи ја нераскинливата врска меѓу слободата на медиумите и медиумскиот интегритет.

„За време на состанокот се разговараше и за важноста на слободните и независни медиуми и правото на слободно изразување како основни слободи и чувари на демократските вредности, во контекст на јакнење на владеењето на правото и севкупниот демократски развој“, се наведува во соопштението.

Надал: Постепено се враќам во посакуваната форма

Поранешниот најдобар светски тенисер Рафаел Надал полека влегува во форма и се надева дека ќе го достигне врвот до почетокот на Ролан Гарос, кој стартува на крајот на овој месец.

Освојувачот на 22 грен – слем титули рече дека се чувствува подобро откако во последно време го мачеа повредите кои го спречија да биде на вообичаеното ниво.

„Во добар момент сум, дури и ако резултатите не се онакви какви што беа“, изјави Надал во пресрет на учеството на турнирот од серијата Мастерс во Рим.

„Го кревам своето ниво и сакам да продолжам на овој начин“, додаде Надал.

Триесетиседумгодишниот Шпанец, кој најави дека ова ќе биде неговата последна година во тенисот, одигра само девет натпревари оваа година, откако ја пропушти речиси цела 2023 година поради повреда на колкот.

притисни ентер