Лестер се врати во Премиер лигата

Фудбалерите на Лестер Сити се враќаат во англиската Премиер лига по поразот на својот конкурент Лидс Јунајтед во Лондон од Квинс Парк Ренџерс (0-4).

На две кола до крајот на сезоната во Чемпионшип лигата, Лестер обезбеди пласман на едно од првите две места, бидејќи е лидер на табелата со 94 бодови, четири повеќе од второпласираниот Лидс, кој има одиграно натпревар повеќе.

Третопласиран е Ипсвич со 89 бодови и натпревар помалку.

Минатата сезона Лестер испадна од елитната дивизија, а во 2016 година беше сензационален шампион на Англија.

Укранските сили собориле 17 дрона упатени кон регионот на Одеса

Ноќта на 9 мај, непријателот нападна од Чауд - Крим со 20 дронови, објави на апликацијата Телеграм командантот на воздухопловните сили на Украина, генерал-полковник Микола Олешчук.

Седумнаесет беспилотни летала беа соборени во регионот Одеса од единици на украинските воздухопловни сили, информира командантот.

Иран осуди познат ирански режисер на камшикување и осум години затвор

Судот во Иран го осуди познатиот филмски режисер Мохамед Расулоф на осум години затвор и камшикување за злосторства против националната безбедност, изјави неговиот адвокат Бабак Пакнија.

Тој рече дека судот утврдил дека филмовите и документарците на Расулоф се „примери за заговор со намера да се изврши злосторство против безбедноста на земјата“.

„Судот, исто така, изрече неодредена парична казна и нареди заплена на имотот на Расулоф“, додаде Пакнија.

Расулоф ја доби Златната мечка за 2020 година за најдобар филм на Берлинале за „Не постои зло“, а неговиот филм „Човек со интегритет“ доби признание во Кан во 2017 година. Најновото дело на писателот и режисер, „Семето на светата смоква“, треба да биде премиерно прикажано следната недела на Канскиот филмски фестивал во Франција, пишува Си-Ен-Ен.

Непосредно пред прикажувањето на новиот филм, иранските власти испрашувале некои актери и им забраниле да ја напуштат земјата, а на Расулоф му рекле да го повлече филмот од фестивалот, тврди Пакнија.

Во 2022 година, иранскиот суд го осуди Расулоф на една година затвор и му забрани да снима филмови на две години, бидејќи, како што се наведува, вршел пропаганда против системот.

Иранската асоцијација на независни режисери ја критикуваше најновата казна и истакна дека „независните кинематографери ја осудуваат неважечката пресуда против Мохамад Расулоф и стојат покрај него и сите уметници кои се потсмеваат на цензурата на владата“.

Евролига: Олимпијакос последен учесник во фајнлфорот

 Кошаркарите на грчки Олимпијакос се пласираа на фајнлфорот во Евролигата, откако синоќа во решавачкиот, петти, натпревар на гости ја совладаа Барселона со 63-59 (9-12, 16-15, 15-13, 23-19).

Шекил Мекисик со 12 и Костас Папаниколау со 11 поени го предводео Олимпијакос до големата победа, додека најефикасни во редовите на Барселона беа Николас Лапровитола со 17 и Алекс Абринес со 13 поени.

Во полуфиналето на фајнлфорот Олимпијакос ќе игра против Реал Мадрид, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Фенербахче и Панатинаикос.

Завршниот турнир ќе се одржи од 24 до 26 мај во Берлин.

притисни ентер