ОН предупредуваат дека помошта во храна за 1,4 милиони бегалци во Чад може да биде прекината

Помошта во храна за 1,4 милиони бегалци во Чад кои избегаа од конфликтот во регионот Сахел може да биде прекината поради недоволно средства, соопшти денеска Светската програма за храна при ОН (WFP).

Најголем дел од бегалците дошле од Судан, бегајќи од тамошниот конфликт, кој трае од април оваа година, се наведува во соопштението.

Голем број раселени луѓе преминаа во соседен Чад, вршејќи притисок врз сиромашната земја, која стана домаќин на една од најголемите и најбрзо растечките бегалски популации во Африка, наведува WFP.

„Оваа заборавена криза метастазираше додека очите на светот беа вперени во други глобални кризи. Не можеме да дозволиме светот да стои настрана и да дозволиме нашите спасувачки операции во Чад да запрат“, рече директорот на WFP Чад, Пјер Онорат.

Агенцијата посочува дека неухранетоста е сериозен проблем со девет од 10 новопристигнати кои пријавиле „лоша или маргинална потрошувачка на храна“ во претходниот период.

Хонорат рече дека на WEP итно му се потребни 185 милиони долари (околу 170 милиони евра) во следните шест месеци за да продолжи да дава поддршка за настраданото население.

Тој додаде дека во отсуство на тоа финансирање, агенцијата ќе биде принудена да прави „брутални избори“ за да даде приоритет на одредени потреби и групи.

- Во декември, Светската програма за храна ќе биде принудена да ја прекине помошта за внатрешно раселените бегалци од Нигерија, Централноафриканската Република и Камерун поради недоволни средства, потенцира Хонорат.

Од јануари, помошта ќе биде скратена и за 1,4 милиони луѓе во Чад, вклучително и новодојдените од Судан кои нема да добијат храна кога ќе ја преминат границата.

Пет лица убиени во дом за стари лица во Дарувар, Хрватска

Пет лица загинаа во дом за стари и изнемоштени лица во Дарувар, 130 километри југоисточно од Загреб, јавија хрватските медиуми.

Според нив, маж влегол во домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето. Пет лица загинаа на лице место, а на некои се уште им се укажува лекарска помош.

Напаѓачот потоа побегнал, но полицијата набрзо го уапсила во близина на кафуле во градот. Низ градот одекнуваат сирени на служби за итна медицинска помош.

Тошковски: МВР и РСБСП се пример за одлична соработка која резултира со поголема безбедност

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со претседателката на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Гордана Кожуваровска. 

Како што соопшти МВР, на средбата била констатирана одличната соработка меѓу двете институции, базирана на примарната цел - подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Министерот Тошковски истакнал дека МВР и РСБСП се позитивен пример на две институции чиј партнерски однос креира позитивни резултати како зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот.

-Ги разгледувавме можностите во кои РСБСП според закон е обврзан значителен дел од неговиот буџет да го даде во поддршка на зголемување на капацитетите на МВР за унапредување на безбедноста на сообраќајот и сите негови учесници. Ги прецизиравме и планираните кампањи кои во континуитет РСПБСП ги изведува во соработка со министерството, посебно со одделите за превенција, опфаќајќи ги сите аспекти на безбедното учество во сообраќајот како неопходното користење појас, возењето со прилагодена брзина, обврската да не се користи мобилен телефон при возење и други, рекол Тошковски.

Министерот истакнал дека во моментов е актуелна заедничката кампања „Вози одморен“ која посебно во лето ги едуцира возачите кои тргнуваат на одмор или минуваат низ нашата држава дека возењето на долги дестинации мора да биде придружено со неопходен одмор од 10-15 минути на секои три часа, со цел безбедно пристигнување на посакуваната дестинација.

-За оваа кампања РСБСП има соработка и со српската Агенција за безбедност во сообраќајот и се планирани конкретни активности во кои се вклучува и министерството, истакнал министерот Тошковски.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и функционерите на СДСМ се шетаа со хеликоптерот, авионот,

Заев и функционерите на СДСМ се шетаа со хеликоптерот, авионот, а резултат од патувањата беше блокада на Македонија на сите полиња.

Додека СДСМ беше на власт, а Зоран Заев премиер тој низ Македонија се возеше со хеликоптер. Истото го правеше и Радмила Шекеринска како министерка за одбрана, но не остануваа покусо и другите функционери на СДСМ да го користат хеликоптерот.

Функционерите на СДСМ не само што за низ Македонија го користеа хеликоптерот, се луксузираа и што вели народот за наваму натаму и со владиниот авион.

Функционерите на СДСМ не сопираа тука. Тие трошеа за низа непродуктивни патувања, патувања кои резултираа со блокирање на Македонија на секое поле.

Сега ситуацијата е сосема поинаква. Средбите се со цел и се во полза за Македонија и граѓаните. Или за овој период има околу 20 средби, а истите резултираат со отворање на патот за граѓаните и Македонија во подобра насока. Или само за овој период има три инвестиции кои ќе го зголемат стандардот.

Колку за илустрација само на Самитот на Европската политичка заедница, премиерот Христијан Мицкоски се сретна со новиот министер за надворешни работи на Велика Британија, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, Јаков Милатовиќ, претседателот на Црна Гора, Румен Радев, претседател на Бугарија.

Реакција на соопштение на СДСМ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер