Додека бил во куќата во Сан Тропе заедно со уште 12 пријатели и неговата сопруга и ќерката , разбојници ги омамиле со гас и потоа ги ограбиле. Неговата сопруга Минди за британските медиуми раскажува дека грабежот се случил во август и до денеска живее во страв.
Додека грабежот бил во тек сопругата на Хамонд се симнала на приземјето на куќата , зашто од сонот ја разбудило удирање на вратата. Слушнала машки глас , но помислила дека е некој од гостите и се вратила во кревет.
Утрото кога се разбудиле сфатиле дека им ги нема парите , торбите им се пребарани, а на 15 годишната ќерка и бил украден часовникот. Било сомнително тоа што сите фиооки во спалните соби биле отворени и пребарувани , па според тоа претпоставиле дека спиеле толку цврсто зашто разбојниците ги омамиле со гас.
Полицијата , кога дошла им кажала дека истата ноќ била ограбена и соседната вила. Двајца од разбојниците биле снимени на безбедносните камери и уапсени во рок од 48 часа. Полицијата потврдила дека изминатите неколку години редовно се ограбуваат куќите во соседството на хамонд со помош на гас за заспивање.
Претходно жртва на грабеж во истиот регион бил и возачот на Формула 1 , Џејсон Батон.